СОДОМА И КОМОРА III
не знам кого прв да почнам да го цитирам
не знам кого прв да почнам да го цитирам
исус, ајнштајн, ниче, марфи,
мохамед или буда
господе, прости ми, што како алиса
го ширам
ова мое писание низ земјата на
невидени чуда
се преиспитувам себеси дали нешто
ми фали
дали ми сечи акало, дали ми е тамам
ало
или сум навистина една од ретките его
будали
дебилче кое со нечија глупст се
исфрустрирало
пред некој ден костиќ ми кажа една
вистина
од силните комори му рикнала
штитната жлезда
а јас вечерва сакам со самиот
себеси да сум на чистина
дал рој скакулци се вдал или е некоја друга наезда
дал рој скакулци се вдал или е некоја друга наезда
не знам од кај да почнам збунет сум
ко германец
навистина не ми е јасно шта се ту и
сада дешава
во сопствената професија се
чувствувам ко странец
а имам неки гадан осечај да се моја
судбина решава
ајнштајн со просторот и глупоста е
излитена тема
ниче со волјата за моќ е јасен,
директен и експлицитен
буда вели кога ќе спознаеш ќе видиш
дека НИШТО нема
исус вели ПРОСТИ ИМ и од мене ќе
бидеш заштитен
марфи вели кога врне, тогаш богами
истура
мохамед вели алах е апсолутен и
бесконечен
е сега се прашувам себеси – дали од
култура
треба да се цензурирам и останам
недоречен
тешко, тоа не е мој стил, мене не
ми е одговор молкот
јас сум научен работите до крај да
ги правам јасни
и по цена да ме папи бубата или да
ме изеде волкот
јас сепак најмногу ги сакам
вистините прекрасни
мене не ми се потребни жезла и
тронови
не чувствувам потреба да го
емитирам бога
мене не ме храни друштвото на
клонови
јас сум го изживеал тој дел од bhava-roga
не патам за управни одбори, разни комисии и тела
комплексот на бог на друго место си
го лечам
сакам само во оваа наша боженствена
дежела
професијата психолог барем тро да
ја очовечам
некои ми бараат да имам менаџерска
способност
ми бараат попис на моето гласачко
тело во рок од ХУ дена
не знам дали ќе ми побараат и
политичка подобност
а можеби ќе морам да платам и
некоја повисока цена
о совршени боженства на фантомската
комисија
дали ви треба моја крвна група, ДНК
или мокрача
имате ли намера да ми правите
субатомска фисија
потребно ли е да сум од кратово или
пак од псача
навистина не можам да ја разберам
вашата функција
кој ве избрал и кој ви дал толкава
егзекутивна моќ
простете ми што повремено не
користам интерпункција
душава ми помрачена во оваа
балканска оловна ноќ
мислев дека комунизмо с`иба мамата,
рикна, цркна
а имам доживување дека пролетва
почнува да цвета
во професијава моја тој ментален
склоп ко да пркна
како феникс се издигна од пепелта и
високо лета
рептилно реинкарнираните
интелектуални структури
ми продаваат стаљино-комунистичка
демагогија
спермалните отпадоци и духовно
отровните згури
се обидуваат да ми држат лекции од
лениновата педагогија
досега револуцијата требаше да ги
изеде и нив и нивните деца
светот веќе доживува нова
спиритуална револуција
таквите ко вас досега требаше да ги
папа меца
очигледно сеуште важи законот на
дарвиновата еволуција
а јас пустото сеуште си верувам во
креационизмот
верувам дека има бог и дека тој
така работите ги мести
не верував дека сеуште е толку
плодороден стаљинизмот
и дека неговите менструации се
толку болни и чести
мислев дека таквиот софтвер денес е инкопатибилен
верував дека нивото на свесност е
барем тро повисоко
но сега сфаќам колку сега и овде
лукавиот е силен
и спремен да ми наплати заб за заб
и око за око
се предавам, ебете се без мене, јас
со вас свршив
не се дружам со фригидни кучки и
импотентни песој
жалам само што едно свое правило си
прекршив
пак му дозволив на ѕверот да ги
кали својте бесој
простете ми што сум пис на уста и
тро циничен
но, за жал, тоа е мој стил кога ќе
осетам глупост во акција
по ова прашање јас си го изнесов
својот став личен
претпоставувам дека ќе продолжи
нашата интеракција
Р.Ѕ.
се чувствувам ко дон кихот, со
ветерници водам бој
на некоја безлична и безимена комисија
и` пишувам
но знам едно – не сме од исто
симсиле и од ист сој
бидејки јас други мисли мислам и
друг воздух вдишувам
No comments:
Post a Comment