600
Барам повод за да напишам нешто позитивно
Барам повод за да напишам нешто позитивно
Господе, сакам да верувам дека
халуцинирам
Но како да го протолкувам
присуството нивно
Со што логичниов ум да го залажам и
смирам
Него таквите работи му се премногу
јасни
Нему не му треба многу за да може да сфати
Нему не му треба многу за да може да сфати
Тој оддалеку ги препознава
сигналите опасни
И одамна не ги купува приказните
бајати
Господе колку многу ги сакам
миротворците
Просто им се восхитувам онака
демократски
Многу ги ценам за човекови права
борците
Мир и љубов за вас, о диви племиња
братски
`91-ва, 01`-ва, `12-та година на змејот
и водолијата
Сакам да верувам, ама нешто однатре
ме кочи
Знам дека в глава треба да ја
дотолчам змијата
А оној во мене што знае, сал мирува
и сведочи
Господе, води не` во она што наскоро не` чека
Господе, води не` во она што наскоро не` чека
Господе, води не` по Патот на
љубовта и вистината
Господе, помогни ни да ја надминеме
и оваа препрека
Господе, не дозволи минатото да ни
се повтори во иднината
АМИН
АМИН
No comments:
Post a Comment