Sunday, March 26, 2017

Курчење

Господе прости ми, се курчам дека знам и можам
Во последно време навистина премногу го дрвам
Учам како почесто со волјата Твоја да се сложам
Како полесно по патот низ својот пекол да врвам

Колку повеќе се вртам кон себеси и добивам сила
Толку повеќе лукавиот со жезлото на тронот се дуе
Его лудакот, ѓаволот во мене добива ангелски крила
Душава со гордост, надменост и ароганција ми ја труе

Кој его трип е тоа Господе, само јас самиот си знам
Тоа е ментална ебачина од универзални размери
И сега кога сум свесен за ова, ме фаќа голем срам
Само срцево мое играва подмолна може да ја разбери
                                   
Пајак сум што се заплеткал во сопствената мрежа
Рибар сум што на сопствената јадица и станал црв
Колку успешно его лудакот ме исфрла од рамнотежа
И на крајот сето тоа јас си го плаќам со својата крв 

No comments: