Новогодишна
песна
Си
легнав сабајлево нешто после шест
Цела
ноќ во билдерската соба бељот цакавме
А на
полноќ со чисто срце и јасна свест
Едни на
други Среќна Нова Година си посакавме
Утрово
се разбудив негде околу девет
Да
бидам искрен - морав д’ом да мочам
Потоа
пак се вратив во топлио кревет
Без никаква
намера песнава да ја срочам
А таа
без напор истече од мене ко река
И сиот
ме преплави со самата себеси
Ме
маѓепса и замаи со острината и’ мека
Ме
повлече на дното од моите небеси
Се
потпрев и во скуто лаптопо го зедов
Почнав
низ сајбер реалноста да пловам
И си
велам самио себеси ко шо носи редо
Ај и
јас со убај зборој да ве благословам
Да се
опробам дали сеуште за то ме бива
Дали
сеуште умов и срцево ми се отворени
Да ја
споделам со вас мојта природа жива
И
покрај сите греој во меѓувреме сторени
И тоа
сакам да го напрам на свој начин
Преку
поезијава од срцево мое што течи
Умо
сака секој збор лично да ви го врачи
И од секој
од вас тро внимание да извлечи
Би
сакал да не ми се лутите на мојов стил
Така сум
научил да ги изразувам од себеси
Оној
дел што мисли дека има license to kill
И оној
што е плод на боженствените небеси
Свесен
сум дека многумина нема да сфатат
За што
точно во моментов зборува поетот
Знам,
ќе посакаат лично џенем да ме пратат
Дијалектика
на спротивности содржи светот
Сега и
овде одеднаш ми стана премногу јасно
Дека и’
се препуштам на својта когнитивна
река
О
Господе Боже, колку е сево ова за мене опасно
Кога
заради брзината на умо, срцево мора да чека
А и
вие, вам на кои сакам да ви се обратам лично
Зошто
да се бафтате со моиве ментални мастурбации
Сево
ова станува навистина малку појќе од критично
Навистина
– простете ми за овие мои персеверации
Од срце
ви посакувам Господ Бог да ве благослови
Со
милоста Негова, со единствениот вистински дар
Секој
од вас да може низ живото слободно да плови
И на
себеси да си биде верен слуга и благ господар
Нека
милоста Негова во вашите умови внесе мир
Повторно
да можете со срцата свои да разговарате
Да ја
почувствувате внатрешната бесконечна шир
И еден
ден самите од себеси прошка да си побарате
Бидејки
одамна самите себеси сте се заборавиле
И во
материјалната реалност сте се заљубиле
Срцата
со страв и сомнеж сте си ги закоравиле
Најсветото
меѓу најсветите нешта сте го изгубиле
Еве пак
од мене испливува мудрецот и учителот
Оној
што сака да ве поучува како вас, така и светот
О
Господе Боже, лукавиот ли е или просветителот
Оној
што сега и овде раководи со перото на поетот?
И пак
ви се обраќам вам мои иманентни читатели
Како да
барам некаков суд, или некакво одобрување
Од вас
мили мои имагинарни сајбер спејс пријатели
Со којшто
би ме осудиле или би добил ослободување
Ви
посакувам 2014-то лето Господово да ви биде плодородно
Мудрост
од умовите и љубов од срцата да ви истекува
Да го
ослободите она што во вас е најдобро и најблагородно
Она што
со поглед зборува и она што без збор лекува
MAY GOD BLESS YOU ALL … <3 p="">
3>
No comments:
Post a Comment