Е па ДА,
е па НЕ
Им
цртам на ангелите, уши имаат, но не и слух
А и
слепи се кутрите, при очи и при вид
Јас им
приоѓам однатре, како светиот дух
А тие
уплашени се бапкаат во својот ѕид
Не ги сфаќаат
цртежите мои, срценцата повредени
Бидејки
јас цртам со внатрешни невидливи бои
Ах, вие
души што од кармата своја сте победени
И не
дозволувате здивот на вечноста да ве освои
Јас
можам да ви помогнам ко небо да се отворите
Со
мојата љубов, безусловна и неограничена
Но
ништо не можам, ако против мене се борите
Со
вашата глава, вжештена и успаничена
Вчера
беше Е ПА ДА, а денеска е Е ПА НЕ
Колку е
менлив и минлив човечкиот став
Во
срцето е ЕДНО, додека во умот е СЕ’
Умот е
уплашено зајаче, а срцето е лав
Знај
цената ќе ја платиш со сопствената крв
За
животот што безљубовно минал покасно ќе се каеш
Дека си
дозволил да те изаде сомнежливиот црв
Длабоко
во срцето и те како знаеш
На
крајот сепак, изборот е лично твој
Ти
бираш кој пат да го фатиш
Ако ја
закопаш главата в песок ко ној
Страдањето
нема да го скратиш
No comments:
Post a Comment