Кербери
Кербери, стојат во влезови, на паркинзи,
пред врати
Кербери, седат зад шалтери,
бироа и пред скринови
Кербери и во Македонија и во
Обединетите Штати
Кербери, миничиња, а се
однесуваат како џинови
А јас его лудакот ги дразнам и
збеснувам со збор
Се` додека не им видам пена в
уста и низ очи оган
Јас сум револуција,
непослушност, јас сум отпор
Јас сум Божјиот непрокопсан син
со јазик поган
Кербери системи, кербери
држави, кербери влади
Кербери партии, кербери се
војничињата партиски
Спремни се крв да ти пуштат
керберите млади
Да ти изват бубрег, здробат
заби и скршат писки
О кербери, што пеколните врати ревно
ги чувате
Вие што од дното на празнината
по ѕвездите лаете
Спроти ветерот што плукате и на
маштејнцата дувате
О вие што граматиката на животот
не ја знаете
Не знам дали со вашата глупост
да сочувствувам
И да ви помогнам да излезете од
сопствената беда
Или во вашето присуство
најчесто да отсуствувам
Со свесност дека ќе ми нанесете
ушедна повреда
За жал, каде и да одам
постојано на вас налетувам
Изгледа нема бегање од вас
стражарите на адот
Утрово оваа песна од срце вам
ви ја посветувам
Таа е клучот што ги отклучува
капиите на градот
No comments:
Post a Comment