Saturday, March 25, 2017



Сите ми велат: shut the fuck up!!!
ЗАМОЛЧИ ЈОВЕ!!!

Учитело ми рече: А шо ако прифатиш се’???
Женската ми вели: Шо ти рече Учитело бе???
Мајка ми одамна ми вика: Заќути сине!!!
А ѕверот во мене урла: НЕ, НЕ, НЕ и НЕ!!!

Сите ме тераат да се фрлам на долг молк
З’ш мојт мракот да ме проголта, да ме јај
З’ш човек на човека отсекогаш му е волк
З’ш системот  мојт в зандана да ме клај

А ѕверот во мене урла на глас:
Мамата в пичка да ви ја ебам
О кретени, од вас се нема спас
Или вие или јас ќе ве погребам

Ниче вели: Државата е чудовиште најстудено
Против ветерници се борел и Дон Кихот
Господе Боже, зар и мене ко нему ми е судено
На крајот од прикаската да испаднам скот

Додека на тронот седат истите кретени
Додека истата стока нив повторно ги гласа
Додека ги ветуваат истите сништа ветени
Во мене ѕверот вришти, урла, каса

Не знам шо ми е, не знам шо ме има фатено
Знам само дека ова преку куро ми е дојдено
Не дека нешто ми фали или ми е ускратено
Едноставно се’ некако вуспич ми е ојдено

Ко ги видов битолските чикмаци ми се стемни
Не знам дали тоа беше тригер за нешто подлабоко
Не знам з’ш ми е скурчено од срањава овоземни
Не знам з’ш ми е дојдено да вадам око за око



Господе, дај ми трпение, од срце те молам
Господе, дај ми мир во срцето и во умот
Господе, не смеам тој луксуз да си го дозволам
Баш кога сум до целта да скршнам од друмот

Годподе, чувај ме од разните искушенија
Знам многу добро на шо се’ сум спремен
Господе, води ме кон побезболни решенија
И не дозволи од лукавиот да бидам обземен

Не знам зошто не можам повеќе да трпам
Не знам зошто филмо толку бргу ми пука
Не е дека некаков крај со крај крпам
Не знам зошто лавовсково срце побрзо чука

На ѕверов во мене му е скурчено од се’
Од политики, од религии, од центри на моќ
На сите тие срања одамна им реков НЕ!!!
Некако предолга ми е оваа македонска ноќ

Сакам Господе СИЛНО ДА СВЕТНИ ДЕН
Сакам овде и сега да станам потполно буден
Сакам на ова парче земја да внесам тро зен
Сакам да внесам тро топлина во мраков студен

И знам дека ваквите изливи на бес и гнев
Не се баш некој начин соодветен
Знам дека на душава моја и’ правам грев
И во сопствените очи испаѓам кретен

Но што можам Господе да направам јас
Кажи ми, поучи ме, дај ми некој знак
Да молчам или да дигнам до небеси глас
Со светлост да го распарам оловниов мрак

Помагај Господе, скурчено ми е од се’
Дај ми тро мир, трпение, дај ми милост
Да го прифатам сево ова какво што е
Да се помирам со сета човечка гнилост

Помогни ми самиот на себеси да си се вратам
И да престанам да се занимавам со надворешниот свет
Помогни ми самиот себеси да се преобратам
И да станам благословен, наместо проколнет

З’ш многу ми е тешко да се носам со ова сето
Премногу е Господе за мојот дух и моите сетила
Со многу злоба околу мене се исполнил свето
А колку многу љубов Прамајко си ми ветила!?!

Помагај Господе, барем исчисти ги улиците
Исчисти го воздухот и умовите и срцата скаменати
Внеси боженствен лет во крилата на птиците
Студените насмевки со душевни нека бидат заменети

Шо е многу, многу е Господе, премногу има зло
На толку малку земја концентрацијата е огромна
Почнав од под нозе да го губам цврстото тло
Почнав да се чувствувам ко скршена стомна

Не крепам Господе, почнав да пукам по сите шавови
Почнав повторно од ланец да го пуштам ѕверот
Почнаа однатре да рикаат сите мои лавови
Почнав и јас да пуштам премногу зло во етерот

Господе, дај ми сила да истраам на друмот
Помогни ми да се носам со сите искушенија
Не дозволи да ги изгубам ни срцево, ни умот
Дај ми мене грешнаго од Твоите утешенија

7:47 ... 27.1.2017-то лето Господово

No comments: