Комплекс на
ниска вредност (remake)
Од `91-ва во
Македонија владеат недозреани дечиња
И стари импотентни комунистички рецидиви
Тешки психопати и искомплексирани чоечиња
И стари импотентни комунистички рецидиви
Тешки психопати и искомплексирани чоечиња
Спермални
отпадоци на некои племиња диви
Четврт
век на плебсот подобра иднина му продаваат
Овие рептилни препродавачи
на ментална дрога
Фингирани
војни и меѓунационални немири создаваат
Ја плашат
рајата со бубашарот и со баба рога
А масите се
добро истренирани покорно да веруваат
Титовиот режим
створи послушна работничка класа
Затоа денес
властодршциве на глава им се посеруваат
И со леснотија
може да ги итка секоја политичка гнаса
Ах, колку
ветувања досега од устите на ѕверовите чув
Колку фабрики,
патишта, училишта, болници, станови
Господе,
повремено пробував да глумам и слеп и глув
А повремено
водев вербални дуели со нивните фанови
И после две и
пол децении јас на крајот конечно сфатив
Бесцелно е на
слепите да им нудам вид, а на глувите слух
Но и покрај
тоа, јас до ден денешен не го прифатив
Континуираното
ништење на македонскиот национален дух
Теоријата за
пиздоидноста на македонскиот карактер социјален
Што ја констатирав во осумдесеттите, сеуште држи вода
Што ја констатирав во осумдесеттите, сеуште држи вода
Очигледно
многумина се фиксирани во својот стадиум анален
Наведнувањето/пучењето
им е единствената борба за слобода
Навистина од
сево ова ми е смачено и скурчено
Свесен сум
дека џабе за ситуацијава констатирам
Ова племе
треба да биде исламизирано и потурчено
Хахахаха, од
лутина почнав и џихад да ширам
И се` додека
не си го излечат комплексот на вредност ниска
Душиве мачни,
на светов и веков, ќе се повампируваат
И се` додека
љубовта Твоја во срцата не им стане блиска
Тие со
жртвување и цицање на туѓа крв ќе се смируваат
Но зарем не го
прават тоа shit-tell и компанија
Господе прости
им, и` продаваат ефтина ментална дрога
На
македонската јавност, на ситната боранија
Се прашувам Господе: ЗОШТО??? ... ДО КОГА???
Се прашувам Господе: ЗОШТО??? ... ДО КОГА???
Гледам скапи
пропагандни спотови со ефтини содржини
МАКЕДОНИЈА ...
ВЕЧНА ... КУЛТУРНА ... КОЛЕВКА
Слушам дека ќе
има нови кинески возови на стари шини
Читам батињата
почнаа работите да ги решаваат со цевка
А нашите
кубурата во бечвите сеуште за зол час ја чуваат
Ако де, Трпе
научил да трпи, а Трајче научил сал да трае
И додека
изродите Мајка Македонија ја черечат и ја силуваат
Вие вриштете гласно: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ... МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ!!!
Вие вриштете гласно: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ... МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ!!!
Први Август –
ИЛИНДЕН, 2015-то Лето Господово
No comments:
Post a Comment