Saturday, March 25, 2017



Песна за убавицата и ѕверот и кучката и романтичарот

И’ ги нацртав сите работи уште во стартот
И’ кажав дека и’ требаат две години за да ме види
И’ ги раздвоив суштинските работи од шкартот
И’ дадов време да учи преку грешки и обиди

И’ кажав дека ако остани со срце отворено
И ако е спремна љубовта моја да ја прими
И’кажав дека се’ што дотогаш и’ е сторено
И’кажав како со рака однесено ќе и’ помини

Но, таа и денденес остана сомнежлива и уплашена
Таа и денденес, после две години не ми верува
Таа и денденес е конфузна, ш’ш’рдисана и вџашена
Таа и денеденес со погрешен аршин ме премерува

Јас сум за неа дебел, сиромашен и стар
Јас неа не и’ оставам впечаток на безбедност
Од мене во иднина би имала појќе зијан од ќар
Јас во нејзините очи имам многу ниска вредност

Нејзе и’ треба некој амбициозен, богат, секси и млад
Нејзе и’ е потребен некој што ќе и’ купува и ќе ја шета
Некој што со кој ќе се гордее ко ќе излези на плоштад
Некој што неа ќе ја третира како крава света

А јас нејзе ја третирам како, јеби га, таа нека кажи
Јас нејзе не сум ја повредил ни со збор нити со чин
Господе, нека цркне тој што сега и овде лажи
Господе прости ми мене, твојот заблуден син

Заблуден сум бидејки повторно грешам
Женската енергија ја третирам со премногу внимание
Повторно некои работи со его умот ги мешам
Повторно лукавиот врз мене има влијание




Доволно е, завршив, нека игра самата со себеси
Ја повлеков енергијата и сега да чекам ми останува
Пак си се свртив кон внатрешните небеси
Мојот ум е мирен, мојата енергија не се разбранува

Колку е добро кога даваш и ништо не очекуваш
Колку е добро кога прифаќаш и ништо не судиш
О колку лесно контактираш и лесно се повлекуваш
И колку кротко и покорно објаснуваш и се трудиш

Фала ти Господе што ме учиш преку искуства
Фала ти Господе што ме водиш по патот Твој
Фала ти што во љубов ги претвори моите чувства
Фала ти што ја прочисти сета зла крв и сиот гној

О убавино боженствена, ти дадов се’ што Бог ми дари
Споделив со тебе се’ што длабоко во срцево носам
Но ти сакаш повеќе, многу, најмногу секс, моќ и пари
А јас за малку подотворено женско срце просам

Оди си убавино и најди го оној што ќе ти го исполни сонот
Јас одамна не исполнувам туѓи планови и сништа
Јас другите привремено ги ставам и ги симнувам од тронот
И додека им е убаво се радуваат, а потоа бесно вриштат

Не, срце мое, одамна не очекувам и не се врзувам за други
Од срцево мое ја давам Божјата љубов безусловна
И за возврат не барам никакви ордени за заслуги
Напротив, очекувам да ме преплават со своите говна

И обично како по некоја матрица тоа и се случува
Испливуваат на површина сите ментално емоционални срања
Повторно секоја од вас пакт со лукавиот склучува
И во сопствената тиња ужива како во турска бања

Сочувствувам со вас, но да ви помогнам не можам
Не сум спасител, јас сум обичен човек од крв и месо
И сета своја љубов и мудрост во тебе да ја вложам
Јас на крајот добивам судење и калење на бесот

Се’ ти е кажано и се’ ти е од срце дадено, толку
Ако успеа да ме видиш арно, ако не, јеби га, то е
Ќе си заминам од твојот живот простум и молкум
И ќе го прифатам сето она во моментов што Е


1-ви Септември, 2016-то лето Господово




No comments: