Толку
Ќе им
ги подотвориш срценцата на душите напатени
И оп,
за момент се враќаат од рајот во својот пекол
Ах
колку животите со математика им се запечатени
И потоа
слушаш како ти жената во нив си ја сосекол
Лукавиот
со сомнеж и страв повторно ги враќа назад
Во
зоната на комфорот, сигурноста и безбедноста
Ах
колку лесно врз самите себеси несвесно си газат
И на
животот му ја враќаат досадата и безвредноста
Независно
колку им помагаш да станат свесни
Тие по
инерција во познатото пак си се враќаат
Никој
не може да им ги прошири видиците тесни
Нити да
им го објасни она што не го сфаќаат
Душите
мора со свесни искуства да се стекнат
За жал,
најчесто преку лично страдање и мака
Умовите
да им се отворат и срцата да им смекнат
И да се
здобијат со божја милост и волја јака
No comments:
Post a Comment