Предатори
Господе дај им
го она што го посакуваат
Господе
исполни им ги сите желби зли
Господе
дозволи им на тронот да ликуваат
Господе
продолжи им ги земјените дни
Овозможи им да
ги вкусат последиците
На своите
грозоморни и саможиви дела
И кога ножот ќе
го исукаш од кориците
Врисок нека се
чуе низ вселената цела
Предатори
владеат со ова парче земја света
Себични,
злобни, подли, завидливи, стрвни
Од праискона
од претците наши проколнета
Во небото се
вклесани сите одмазди крвни
Овие денешни
рептилни реинкарнации
Не се
случајни, сме ги заслужиле со нашата карма
Поддржани се
од Европа, НАТО и обединетите нации
Тие се
последици на нашата адарма
Ја
распродаваат грутката само за евро едно
Плебсот го
вјармуваат со страв и пари ситни
Раскрчмуваат се` што е за внимание вредно
Раскрчмуваат се` што е за внимание вредно
Копилињата од
гестаповите единици елитни
Масовните
медиуми како покритие им служат
Големите
пљачки како успеси да ги прикажуваат
Господе прости
им, не знаат дека со лукавиот се дружат
Лакомите дечиња
кои со џиџиња за умот се залажатуваат
И еден ден кога ќе дојде време сметката да ја платат
И еден ден кога ќе дојде време сметката да ја платат
За сето зло
што им го нанеле на своето мало племе
Тогаш сигурен
сум дека Твојата порака ќе ја сфатат
ИЗРОДИТЕ НА
МАКЕДОНСКОТО ЦРНО СЕМЕ
No comments:
Post a Comment