Песна за пастирот
и мијачите на камчиња
Го пуљам
народо по фејсбуко и во живо
Како си ги
вади очите на политичка база
Едни на други
си пцујат се` живо и диво
Се такмичат
кој посочна ќе употреби фраза
Го пуљам
народо колку ни е креативен
Кога се работи
за нешто деструктивно
Господе Боже,
пуљам како ѕверот здивен
Го брани и
велича ликот и делото нивно
Пуљам Господе
како дрога шират слепило
Мијачите на
камчиња, оние проментите
Како дивото
племе тотално од умо одлепило
На форите на
оние што ги менуваат етикетите
А тие, нивните
лидери таканаречени
Си го дерат
плебсот и под гола кожа
Тие СО ДЕЛА ќе
бидат овековечени
Нивните ДЕЛА
ВО ЦЕНТАР СЕ МНОЖАТ
А рајата
послушна со рачињата плеска
Сиромаштијата
уплашена дели аплаузи
Јас отстрана
ја пуљам живава бурлеска
Восхитен од
творците на новиве каузи
Мијачите на
камчиња се македонски бренд
Тие се
реализатори на вистински вредности
Тие цврсто го
ДИКТИРААТ најновиот тренд
Додека плебсот
меѓусебно се храни со пцости
Им симнувам
капа на мијачите на камчиња
Тие ЗНААТ КАКО
со толпата се царува
Држава водат
дечиња во пантоли со прерамчиња
Ѕверот сал со
сила и страв знае да господарува
Уште не им испаднале запчињата им млечни
А веќе цврсто
гризат длабоко в месо, до коска
Чудно е,
мислат дека ќе бидат владетели вечни
И дека до смрт
имаат право на државната боска
ДРЖАВАТА ПРЕД
СЕ`!!! урлаат громогласно
А ДРЖАВАТА,
ТОА СУМ ЈАС!!! ОСТВАРУВАМЕ!!!
О Господе
Боже, не знаат колку тоа е опасно
Шо е битно,
додека на тронот ние царуваме
Да живеат Сен
Тропе, Дубаи, Кипар и Белизе
Да живеат
мијачите на камчиња на чело со премиерот
Се чудам како
воопшто совеста не ве гризе
Вас, о
идолопоклоници на Мамона, о робови на ѕверот
Имате еден
ПРОБЛЕМ и тој ќе ви се чукни од глата
НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА ПОСТОИ ГОСПОД БОГ
НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА ПОСТОИ ГОСПОД БОГ
Не верувате
дека кармата ќе ви наплати со камата
И дека ќе
завршите со срцев удар или мозочен шлог
Не верувате
дека постои закон на правда апсолутна
Верувате дека
може вечно да се владее со диктатура
Но ќе дојде денот
кога вашите поданици ќе ве кутнат
Кога плебсот
ќе престане на аплаудира и да вика ура
Еден ден
железната завеса ќе мора да се крени
И за сето сторено
ќе мора да поднесете сметка
ДЕЛАТА пред
вистината ќе стојат ко голи жени
Тогаш вие ќе
се тресете ко на ветро сува ветка
А сега, сега
вие о властелини во ништо не верувате
Мислите дека
Госпо го имате фатено за мадина
Затоа во
својата глупост и беда до бескрај претерувате
О трупци што
место срцевина имате црвојадина
Сочувствувам
со вас, во срцево имам и гнев и тага
Жал ми е, имавте шанса и залудно ја изгубивте
Жал ми е, имавте шанса и залудно ја изгубивте
Врз душата
македонска оставивте крвава трага
Во моментот
кога во лукавиот се заљубивте
Оваа песна ви
ја посветувам вам, о мијачи на камења
И опомена е за
вас,о властољупци што по нив доаѓате
Сите ќе
завршите со спуштен поглед и дигнати рамења
Тогаш кога на
искушенијата на лукавиот ќе испопаѓате
No comments:
Post a Comment