Семинарска работа
толку многу работи сакам да ти кажам
а сакам да ги премолчам истовремено
бидејки знам дека кога зборувам - лажам
и тогаш лукавиот потполно ме има обземено
толку многу работи со тебе сакам да сторам
да те впишам во сопствениот генетски код
па сепак да се преиспитам себеси морам
дали сево ова не е на фантазијата моја плод
толку многу сакам да ти влезам во суштината
без збор да прозборам, без да мрднам со прст
сегашност сум и минато што се повторува во иднината
уште еден Исус што себеси се распнува на крст

No comments:
Post a Comment