Saturday, March 25, 2017



Ме опомена Администраторот на мојата фејсбук страница

Ме опомена Администраторот дека си играм со оган
И дека ќе се изгорам од пепелта, наместо од жарот
Заради твојот преоштар ум и јазикот ти поган
Ќе го разбудиш на нивната темнина господарот

Ќе го разбесниш злото во срцата на варосаните гробови
Бидејки тие на можат да ја издржат твојата критика
А знаеш дека овоземните владетели се негови робови
Господе, не ја сакам нивната погребална политика

Опљчкаа банки, штедилници, фабрики и комбинати
Погребаа се` што беше живо, плодотворно и креативно
Го осиромашија плебсот и го ставија на барбитурати
Да им го ебам симсилето до с`ржта расипано нивно

И сега тие очекуваат Јове Хаџиевски да им се плаши
Господе прости ми, можат слободно да ми го пушат
И администраторите и новите политички богаташи
И сите нивни поддржувачи на кои главите им тушат

Јас ионака сум обележен и од едните и од другите
Како антидржавен елемент, како enemy of the state
Не сум бил еден од шпиуоните или од слугите
Мене сонцето во градите слободно ми грејт

Јас не носам на душата своја такви гревови
Освен ако не ми спакуваат нешто набрзина
Јас не се продавам за долари, евра или левови
Немам злобен ум и срце со чувства на вина

Јас во однос на нив сум чист како солза
Никого не сум убил, опљачкал или наместил
Никого не трилкам или пред некого ползам
Господ е милостив и совреме ме свестил

No comments: