Битолчанец во Скопје
Во време кога катаклизмични потопи ни предвидуваат
Во време кога злите гласови распаѓање ни претскажуваат
Во време кога масоните светот на сите нивои го силуваат
Во време кога од сите наши страни кобни ветришта дуваат
Господе Боже, ние Македонците од се` срце славиме
Господе Боже, ние Македонците препород доживуваме
За прв пат чувствувам дека достоинствено ќе се исправиме
Името ќе си го одбраниме и идентитетот ќе си го сочуваме
Името ќе си го одбраниме и идентитетот ќе си го сочуваме
На 8-ми Септември учествувавме во Боженствената убавина
Јас, Стевчо и неговата детска, весело разиграна, тројка
Бевме преплавени од неопислива емоционална лавина
Присуствуваме на Македонската духовна перестројка
За прв пат ја видов Македонија во таква светлина јасна
За прв пат ја осетив Македонската Боженствена сила
За прв пат бев сиот обземен од таа енергија прекрасна
За прв пат во срцево те почувствува радосна Мајко Мила
Со векови сме крвареле, поробувани и непризнаени
Од чизмите на разни војски безмилосно сме биле газени
Но, вечерта, на 8-ми Септември, бевме достоинствено испраени
И сите зли сили сфатија дека еднаш засекогаш се поразени
И сите зли сили сфатија дека еднаш засекогаш се поразени
Чувствував дека сме ја платиле негативната карма вековна
Од милениумското проклетство на војсководачот ни велик
Чувствував како ја стекнуваме позитивната енергија тековна
И како во жешките срца калиме студен ум, цврст ко челик
И знаев дека Ти Господе во сево ова имаш клаено рака
О, Господе Боже, фала ти, фала ти О, Пра-Мајко Мила
Фала ти што не` учиш да се радуваме и кога сме во мака
Фала ти што не` учиш да се радуваме и кога сме во мака
И ни докажуваш дека секогаш е со нас Твојата сила
Вечерва Господе, не пишувам, туку од срце песна пеам
Вечерва во последното купе во возот од Скопје за Битола
Ова радосно семе од зборови, врз хартијава бела, го сеам
Ова радосно семе од зборови, врз хартијава бела, го сеам
Баш вечерва, во последното купе од последната кола
За прв пат, во сопствените очи, се чувствувам искрено прв
Љубовта боженствена го избриша нашиот милениумски страв
Од 8-ми Септември, Мајко Македонијо, тргна кон својот врв
Вечерва во восхит трепери срцето на Македонскиот ни лав
Оваа песна, Господе, со длабока почит и наклон им е посветена
На сите оние силни души од калибарот на Методија Андонов Ченто
Со чија крв оваа земја е натопена и со чии чисти срца е осветена
Македонската сага испишана и е изгравирано нашето мементо
Со чија крв оваа земја е натопена и со чии чисти срца е осветена
Македонската сага испишана и е изгравирано нашето мементо
Господе, нека милоста Твоја Македонија за век и вјеков ја чува
Нека мудроста Твоја на Патот на исправноста нас сите не` води
Нека волјата Твоја, преку срцата наши, искрено твори и делува
И нека силата Твоја од ропството внатрешно сите не` ослободи
И нека силата Твоја од ропството внатрешно сите не` ослободи
Недела, 11.9.2011-то Лето Господово
No comments:
Post a Comment