Страв од љубовта
Господе, се појави љубовта и
егото крена прашина
Го подотворив тро срцето и
лукавиот крена глава
Ти рексот исконски најмоќната
крвожедна машина
Повторно посака да си ја врати
својта стара слава
Мракот од светлината се обидува
да ме оддалечи
Его умот сака да ме оттргне од
срцето емоционално
А јас се обидувам љубовта
раните да ми ги залечи
И за малку тој обид ќе завршеше
по мене фатално
Ќе си направев грев на душата
повредувајки друг
Друг човек, друга жена, друго
спиритуално битие
И повторно ќе завршев во
сопствениот пеколен круг
Свесен дека за мене ова не е баш
пријатно откритие
Се истопори ѕверот помеѓу мене
и една жена
Во вид на додворувач и
психотерапевт истовремено
Господе прости ми, за малку ќе
беше распарчена
Бргу сфатив дека правото да
сакам ми е одземено
Кога видов како лукавиот ко ти
рекс на патот ми стои
Сфатив колку е опасно тоа што
се обидов да го сторам
Љубовта срцето ми го праплави и
душава ми ја освои
И почнав внатре самиот против
себеси да се борам
Видов како ти рексот отвора
конзерви од туна, сардини
Како сладострасно сите околу
мене ги черечи и јаде
Видов како и мене сака срцето
да ми го скрши и раскини
Да ме остави емоционално празен
и за љубов страден
Го осетив, седнав и сработив, а
во Битола ќе го стросам
Потребна ми е рефлексија од
страна на мојта колешка
Многу долго со лукавиот во себе
се борам и му пркосам
Господе, борбата со темнината е
неизвесна и тешка
No comments:
Post a Comment