Saturday, March 25, 2017



Нов, па уше и светски, па нешто као поредок

Господе Боже, филмот Твој е доста интересен
Си им дал на собитијава тро ум и малку моќ
Откако се подопулив и станав тро свесен
Сфатив дека денот се раѓа после секоја ноќ

Не дека имам баш нешто многу проглеано
Ама, ај ќе речам од зад завесата по тројчка ѕиркам
Семето на раздорот од Тебе лично е посеано
Видов, седам пред скринов, типкам и си свиркам

Пуљам како чедата Твои од петни жили
Да се стекнат со огромна моќ се напрегаат
О Господе Боже, денешниве крвожедни рептили
За тоа, без совест, по туѓите животи посегаат

Мислат, ако се на тронот, дека се над другите
О Господе Боже, знам дека сал така им се чини
Не гледаат и не сфаќаат на лукавиот слугите
Дека постои само ЕДЕН господар на небесата сини

А Ти, Ти си невиден дупач и сал ифтири џиткаш
И сеир си пуљиш, бидејки се` ти е ЕДНО
Како ќе ти прдни дечињата си ги иткаш
Она шо сега се топори прво, после го клаваш последно

А тие мислат дека се творци на нови поредоци
И тоа пази, не било какви, туку светски
Утрово Ти и јас сме едни од ретките сведоци
Што знаат дека сето тоа е само теоретски

Но ако, нека си играат разни игри дечињата
Нека се тркалаат по тревата и прпелкаат во прашината
Нека се кашкаат во калта и во тињата
Се` додека по нив не дојде тишината

Тогаш ќе ја разберат умислата Твоја
Тогаш филмот ќе им стане јасен
И кога голи и боси пред Тебе ќе стојат
Секој од нив ќе биде спасен

No comments: