Sunday, March 26, 2017



СОДОМА И две претКОМОРИ  IV


ни самиот не знам зошто толку енергија трошам
со глупостите на некои помрачени умови
можеби ко костиќ здравјето ќе си го влошам
можеби на старос ќе добијам срцеви шумови

можеби егзистенцијата во содома и гомора
за мене ќе заврши со исход фатален или летален
можеби ќе ми рикни некоја комора ил` преткомора
и наместо срце ќе носам некој крвен сад метален

можеби тогаш како нив и јас ќе станам студен
и ќе почнам животот со смрт да го трујам
па сепак во мене оној дел емоционално буден
вели дека ќе преживеам и ќе продолжам да зујам

моментално срцето психолошко чука со две преткомори
едната е ѓоа психолошка, а другата е психотераписка
од една сега имаме две содоми и две гомори
и секој мој колега од ваквиот напредок екстатично вриска

свршуваат со нови закони, прописи и правила
меѓусебно се бираат боговите професионални
сеуште глупоста нивна во црно не не` завила
но допрва ќе следат последиците генитални

а младите насвесни психолошки битија
креваат нога, а и понекоја рака
утре ќе ги сфатат моите вчерашни откритија
а јеби га, можда госпо така сака

можеби намерно ова мене ми се случува
да гледам баш тогаш кога многумина се слепи
и некоја фантомска комисија за мене да одлучува
дали сеуште срцето ми чука и умо ме крепи

всушност, сево ова мене ми е многу интересно
јас уживам  во хлорофилот, во неговата зелена боја
радосен сум што сепак сум шилеџе тро свесно
и ги препознавам дрвените коњи од времето на троја




многумина на дрвените богови до земја им се веднат
и умовите и срцата свои како жртва им ги принесуваат
колку лесно на лукавите подлости умеат да наседнат
несвесни дека златните телиња мајките им ги силуваат

ги почитувам мермерните статуи и нивните срца камени
во мојава душа врежуваат длабоки естетски впечатоци
се надевам дека ламјите и змејовите со јазици пламени
нема уште долго да лежат врз своите ментални сматоци

но, ништо не ме чуди, ова е мрачно доба, ова е KALI YUGA
денес со светлосна брзина се размножуваат рептилите
низ светот се шири епидемија на ментално-емоционална куга
денес доброто и злото постојано си ги одмеруваат силите

старите велат – секое зло за добро – парадокс par excellence
секоја преткомора за комора – со мој јазик попросто речено
се надевам дека еден ден ќе излезат од сопствениот транс
и ќе го исцелат своето внатрешно дете повредено и недоизлечено

и нема преткоморите да им ги декомпензираат срценцата
само затоа што љубовта не ги допрела длабоко до дното
ах колку ги сакам и почитувам тревките и цвеќенцата
кои со своите коренчиња го допираат и чувствуваат тлото

сочувствувам со возгордеаните, воздигнатите, вознесените
отстрана ги гледам како заглибени во нивната глупост и беда
си ги уништуваат  преткоморите, артериите, капиларите, вените
само заради некоја мината неосвестена нарцистична повреда

о вие сезнајни, семоќни, сепостоечки, преткоморни богови
искрено се спрострувам пред вас и ви се предавам сиот
свесен сум дека се бодам со вас, а кутриот немам рогови
простете ми мене, саркастичниот, подмолниот, злиот

простете ми што цинизмот го користам за комуникација
тоа не сум јас, тоа од мене пак рика лавот и беснее ѕверот
а поетот тоа го доживува како на истата тема варијација
додека свесниот знае дека ова ќе биде одвеано од ветерот

No comments: