АКО
Ако си поинаков, на тебе ќе покажуваат со прст
Ако си маг или вештица, ќе те наденат на глог
Ако си Бог и им простиш, ќе те распнат на крст
Ако ги натепаш, тогаш ќе те растрганат на блог

Ако се обидеш да им објасниш, нема да те сфатат
Ако премолчиш, ќе мислат дека од нив ти е страв
Ако им повредиш ега, тоа скапо ќе ти го наплатат
Ако не размислуваш како нив,очигледно не си здрав
Ако имаш срце и ако храбро завземеш свој личен став
Ако случајно тоа со нивните ментални концепти се коси
Ако јасно покажеш и докажеш дека не си волк, туку лав
Ако не си со нив и како нив, тогаш матната ќе те носи
А јас без позадина, сега и овде, настапувам сам
Јас со сопствената глава удирам во својот ѕид
И од мое лично искуство со сигурност едно знам
На оној што не гледа, не можеш да му дариш вид

No comments:
Post a Comment