Гледам
Гледам
како родителите ги јадат своите деца
Гледам
како децата ги мразат своите родители
Како
коцкарите губат партии со четири кеца
Како
живите богови се сопствени усмртители
Гледам
како вистината во лага се претвора
Папагалски
повторувана од усните на ѕверот
Како
сонот станува најужасна ноќна мора
А
животот примален крик во етерот
Гледам
како душите се пазарат со ѓаволот
Како
меѓусебно се продаваат и купуваат
Како се
спремни жезлото, круната и престолот
До
последниот здив, капка крв, да ги зачуваат
Гледам
Господе како слугите на лукавиот
Гинат
за погрешни вредности, лажни идеали
Не го
препознаваат и го распнуваат ОНОЈ ПРАВИОТ
Кловновите,
одачите по жица, дворските будали
Мувите
на пазариштето и голтачите на пламење
Најмногу
го мразат кршачот на старите плочи
По него
пцујат, плукаат и фрлаат со камење
А Тој,
Тој сочувствува, проштева и СВЕДОЧИ
No comments:
Post a Comment