Прво трпеливо
изброј од еден до сто
Ако
планираш качување на својот врв
За да
не се рокниш од сопственото дно
Бидејки
тоа се плаќа со данок во крв
Не, јас
никогаш не бројам ни до еден
Јас
верувам и скокам во живата река
И не ми
е гајле дали ќе сум повреден
И баш
ме боли на крајо шо ме чека
Знам
дека животот по дифолт е ризик
Кој
рескира некогаш губи некогаш добива
Е сеа
опасно е ако се прајш голем шизик
Тогаш
живото на секој чекор ќе те побива
Битно е
да се стремиш кон своите цели
Со
чисто искрено срце и со отворен ум
Бог сака
студени умови и срца врели
З’ш
камено срце и врела глава прат зулум
No comments:
Post a Comment