Sunday, March 26, 2017



ЏЕМО звани ЊЕЖНИК

Ми се шетаат мори мале
По тоа пелагониско поле
Газдите од Водно и Кале
Волерс и Груевски Коле

Насмеани од уши до уши
Ни го пропагираат Џемо
А нас ко глата да ни туши
Ги гледаме тапо и немо

Велат дека Џемо ни е леко
Тој ќе не спасел од гладо
Абе, двата да сибите веко
В мозок го дупите ова стадо

Оти силата ви е во раката
Можда па така и треба
Народо да си ја мачи маката
А некој озгора да го еба

А Џемо звани њежник
Хот топик е, светска фаца
Од мојов поетски бележник
Ќе заврши в тегла и в каца

Џемо е многу популарен
Мега ѕвезда на естрадното небо
Го има и печен и похован и варен
Го има и во сирењето и во лебо

Њежник Џемо е наше решение
Тој е излез од економската криза
За грешните души е утешение
Новите генерации по него шизат

Дајте ни го Џемо, О слободни ѕидари
Го сакаме Џемо за претседател
Претсказание од мудрите видари:
Оживувал оној што за њежникот ќе му се фател

Џемо и израз на интелигенција
Последен крик на мислата научна
Тој е срж на човечката есенција
Личност спремна за сеи одлучна
Зато јас утре за Џемо ќе гласам
Џемо е семе за секое културно поле
Јас лично сакам Џемо да го втасам
А за другите баш ме боли Џоле

Р.Ѕ.

За витко тело и убав стас
Џемо Њежник ви е леко
Тој ви е единствен спас
Лично го познавам чоеко

No comments: