Monday, March 27, 2017



ПИЧКА ЈЕ ПОЛОВ ОРГАН,
А ПИЗДА ЈЕ КРАКТЕРНА ОСОБИНА
(Раде Шербеџија во филмот
Variola Vera)

Еднаш реков дека нема да се занимавам со негативното
Еднаш реков дека нема во партии да се зачленувам
И дека јас ќе се занимавам со своето, а тие со нивното
Арно ама очигледно и јас почнав ставовите да ги менувам

Еднаш Учителот ми рече: СЕ Е ПОЛИТИКА!!!
Еднаш Учителот ми рече: СИТУАЦИЈАТА Е БОГ!!!
Господе ѕверот во мене со примален крик рика
Те молам Господе овојпат не биди кон мене строг

Одамна се имам јасно и гласно национално определено
Во тоа време ме обележаа како enemy of the state
Кога презреани ста(о)рци го водеа мојто племе зелено
И спречија лавот да рика, а сонцето од Виргина да грејт

Ги преживеав и ловците на октоподи и бугарофилите
И оние со чисти раце, како и оние променетите
Многу бесна крв тогаш ми протекуваше низ жилите
Да дај Госпо кармата во овој живот да ја осетите

Ја преживеав и големата транзиција – најтешката пљачка
Кога потта и крвта на народот во приватни раце се прелеваше
Тогаш во канџите нивни плебсот беше најобична играчка
Џабе штрајкуваше, вриштеше и гласот свој го креваше

Го преживеав и менувањето на името национално
Со заслуга на стариот лисец и неговата комунистичка свита
Тогаш коленичарите завзедоа и положение анално
А денес се прикажуваат како државотворци и бизнис елита

Всушност, насловот на песната ви е наменет токму вам
Вие кои се’ што беше вредно за грст златници продадовте
Мене ми е јасно дека своите битки пак ќе ги водам сам
Иако етикетата државен непријател одамна ми ја кладовте


Скурчено ми е веќе од прислушкувањето на мобилниот
И од заканите на Двојче на мојот фејсбук профил
Грандоманоначалниче, џабе глумиш паметниот и посилниот
Во туѓи раце се наоѓаат картите од животниот шпил

И администраторите на твојата фејсбук страница не се вечни
Нити е вечен нивниот начелник, нити му е вечна фамилијата
Ало началниче, остаревте, а уште не ви паднале забите млечни
Еден ден и мене, а богами и вас, ќе ве однесе стихијата

Навистина не знам која е целта на ова мое писание
Дали мојто его сака да се курчи, а после јас по пичка да јам
Или сакам врз јавното мнение да имам некакво влијание
Дали е ова порака што сакам на идните генерации да им ја дам?

Факт е дека органите на редот и мирот ќе ме прочитаат
Всушност, одамна сум елабориран и ставен во некој ќош
Или можеби кај двојче или кај началникот им ќе поитаат
Па ко ќе дојди време однекаде в грб ќе ми забодат нож

Во секој случај рабоќето на удолу имаат тргнато
Од ден во ден се полошо и полошо му е на мојов род
Се’ живо и здраво преку граница има нагргнато
На совршената политика на пастирот тоа е плод

И з’ш бе јас се занимавам со сето ова македонско срање
З’ш ме засегвит нивната политика антимакедонска
З’ш не мом да го трпам нивното ментално мастурбирање
З'ш не замолчам и не си ја одработам својта карма еонска

(Написана, непремолчена и пуштена во етерот во времето на владението на дивите ѕверови)



ГЛЕДАМ


Гледам како рептилите крваво се борат за власт
Гледам како евреино на крупно плебсот го дупи
Гледам како туѓи животи уништуваат со сласт
Гледам како ангели глумат тешки акрепи и урупи

Прогласен сум за државен непријател од ’91-ва
Ме снимаат на мобилнио и на фејсбук ме пратат
Емоционално мртвите не можат од срам да се вцрват
Интелектуално инсуфициентните не можат да сфатат

Ни јас самиот не знам зошто го правам ова сето
Зошто она што го гледам во поезија го претворам
Се’ шо носи веко е веќе видено со окото на свето
Одамна е напишано ова шо јас сега и овде го зборам

Живото има навика постојано да се повторува себеси
Се додека ние луѓето не научиме в’ошто е штосо
И кога во срцето свое ќе ги откриеме божјите небеси
Ќе сфатиме дека не сме го гледале она шо ни е пред носо

Гледам и не можам на слепилото да му се изначудам
Лукавиот суптилно ги завел заспаните во големата лага
Јас после многу еони полека и мрзеливо од сонот се будам
Оставајки зад себеси уште една длабока и крвава трага

20.6. 2016-то лето Господово


Sunday, March 26, 2017



Шо да ти кажам

Шо и да и кажам, ќе биде залудно, душо моја
Шо и да ти речам, ќе биде грев, срценце мило
Посакав со љубов универзумот да го освојам
Зад себеси да го оставам она што некогаш било

Шо да ти кажам, шо да ти објаснам, не знам
Зборот не може да го опише неописивото
Потребно е време од сево ова да се отрезнам
И да продолжам пак да си го фурам живото

Јас сум жива смрт за смртоносното слепило
Му давам длабочина на погледот зад зеницата
Го поттикнувам она што би го поткрепило
Небесниот лет во мртвите крила на птицата

Мојот збор како хирушки скалпел лекува
Мојот збор може да е убиствен ко оловно зрно
Со прецизна јаснотија маглата ја пресекува
Со бела светлина го преплавува јадрото црно

Како би ти ја објаснил љубовта, ако не ја чувствуваш
А стравот и сомнежот ти се вообичаен животен стил
Ако место во сега и овде, ти во минатото присуствуваш
Секој мој понатамошен збор за тебе сувишен би бил

О прекрасна душо, ме прашуваш дали си ме повредила
Јас сум неповредлив, знам како лукавиот заведува
Жалам што лагата негова над вистината твоја победила
И повторно тој душата твоја како залог ја поседува

Дека го разбираш ова што го пишивам, не верувам
Бидејки твојот его ум цврсти факти и логика бара
Што и да кажам, ќе мислиш дека јас претерувам
Додека тој со канџите остри срцето твое го пара

Не, нема да ти објаснам, за тебе сеуште е рано да сфатиш
Прости ми што те преценив, ти за ова не си спремна
Сепак сакам да ти помогнам страдањето да си го скратиш
И да си ја одмалиш негативната карма овоземна




Сакам, о прекрасна душо, кога енергиите ќе ти слегнат
Пак да се отвориш и да продолжиш да работиш на себеси
И да го ослободиш Оној што в пранги цврсти е впрегнат
За да полета во бесконечноста на боженствените небеси


ЏЕМО звани ЊЕЖНИК

Ми се шетаат мори мале
По тоа пелагониско поле
Газдите од Водно и Кале
Волерс и Груевски Коле

Насмеани од уши до уши
Ни го пропагираат Џемо
А нас ко глата да ни туши
Ги гледаме тапо и немо

Велат дека Џемо ни е леко
Тој ќе не спасел од гладо
Абе, двата да сибите веко
В мозок го дупите ова стадо

Оти силата ви е во раката
Можда па така и треба
Народо да си ја мачи маката
А некој озгора да го еба

А Џемо звани њежник
Хот топик е, светска фаца
Од мојов поетски бележник
Ќе заврши в тегла и в каца

Џемо е многу популарен
Мега ѕвезда на естрадното небо
Го има и печен и похован и варен
Го има и во сирењето и во лебо

Њежник Џемо е наше решение
Тој е излез од економската криза
За грешните души е утешение
Новите генерации по него шизат

Дајте ни го Џемо, О слободни ѕидари
Го сакаме Џемо за претседател
Претсказание од мудрите видари:
Оживувал оној што за њежникот ќе му се фател

Џемо и израз на интелигенција
Последен крик на мислата научна
Тој е срж на човечката есенција
Личност спремна за сеи одлучна
Зато јас утре за Џемо ќе гласам
Џемо е семе за секое културно поле
Јас лично сакам Џемо да го втасам
А за другите баш ме боли Џоле

Р.Ѕ.

За витко тело и убав стас
Џемо Њежник ви е леко
Тој ви е единствен спас
Лично го познавам чоеко


Толку

Ќе им ги подотвориш срценцата на душите напатени
И оп, за момент се враќаат од рајот во својот пекол
Ах колку животите со математика им се запечатени
И потоа слушаш како ти жената во нив си ја сосекол

Лукавиот со сомнеж и страв повторно ги враќа назад
Во зоната на комфорот, сигурноста и безбедноста
Ах колку лесно врз самите себеси несвесно си газат
И на животот му ја враќаат досадата и безвредноста

Независно колку им помагаш да станат свесни
Тие по инерција во познатото пак си се враќаат
Никој не може да им ги прошири видиците тесни
Нити да им го објасни она што не го сфаќаат

Душите мора со свесни искуства да се стекнат
За жал, најчесто преку лично страдање и мака
Умовите да им се отворат и срцата да им смекнат
И да се здобијат со божја милост и волја јака