Saturday, October 13, 2007

Non scolae sed vitae discimus

Во фотеља седам,стара од пред Христа
Повторно ме вјана мојта беља иста
Нагонот скрибомански во мене се јави
Природата од мене извира, што да се прави
И повторно морам да ја спомнам мојта хемисфера лева
Повторно ме боли и безвољност ми влева
Зошто испитот остана неположен
А испитот беше последен
Што ли е тоа што во учењето ме кочи
Што ли е тоа што пред урок ми затвора очи
Зошто не можам последниве содржини од студииве да ги скинам
Што е тоа што ме спречува последната препрека да ја минам
Некои од причините ги знам на прсти
Прво - немам работни навики цврсти
А многу изгубив и од вољата своја
Кога видов дека кретени студиите ми ги кројат
И место да ми помагаат, ко рид проблеми на патот ми стојат
Мотив изгубив кога видов кој, како и каде предавања ми држи
Изгубив воља кога сфатив дека секој пред мене се смее, а зад грб ми ’ржи
Се’ изгубив и мотив и воља, студиите изгубија смисла
Кога сфатив - мозокот ми потеше, се сторив жива кисла
Како можам нешто да сакам и да учам
Кога на професорите морам да им се веднам и пучам
А тие, тие нас поинвентивните студенти не дупат
Ние сме дрва, трупци, намештај, ние сме клупа
Сакам да објаснам што се тоа поинвентивни студенти
Тоа НЕ се оние со десетки, а се однесуваат ко компоненти
Тоа СЕ оние што бараат смисла во начинот на студирање
А НЕ оние што бубаат и ја надминуваат секоја норма на полтронирање
Претпоставувам дека и меѓу нив има добри и вредни
Сигурно е дека не се сите бубатори кутри и бедни
Тешко ми е да верувам дека човек би можел на студиите да им се восхитува
Ако претходно сфатил дека не вреди професорот што го учи и воспитува
Како можам да го сакам она што на факултет ми се прави
Професорите глумат матици, а околу нив се мотаат студентите - мрави
Како можам да сакам студии кои се без прави содржини и методи
И учење коешто утре со праксата нема шанси да се сплоди
Како да ги сакам оние професори коишто место да ми помагаат ми пречат
И наместо напред, тие назад студиите ми ги влечат
Како да ги сакам кога за консултации не мом да ги најдам
А кога ќе ги најдам се држат ко надуена гајда
Како да ги сакам кога ме сметаат за терет, им тежам
И како да учам, кога сево ова пред очи, ми стои ко мрежа
Иако сме 1985-та, ресавци постојат на сите групи и факултети
Тешко на студентите чии професори сервираат диктирачко-препишувачки специјалитети
Колку сево ова сакав да им го плукнам в очи
И да им кажам кој и како науката ја кочи
Се прашувам - како не им е срам, зошто вистината не ја кажат
Зошто толку перфидно нас студентите, а и јавноста, не лажат
Зошто не ги искорнат од школството оние празноглавите - без мозок
Зошто не видат колку е сатот и дека ради нив ни касни возот
Па пичка му материна, сто години еден професор три клучни предмети предаваше
А да г’ебам, ни скрипта, а нити пак учебник издаваше
Но не може тој скрипта или учебник да издаде
Ќе се види дека од А до Ш препишува и краде
А сепак, можеше материјалот на студентите да им го пружи
Бидејки само студентот знае како со материјалот да се служи
Од него скрипта ќе излезе што секој ќе може да ја купи
Но после професорот не ќе може да псотавува прашања неизмерно глупи
Тогаш студентот ќе знае што треба за на испит да се учи
А професорот не ќе може на испит ментално да го пучи
Зарем е лошо кога студентот на факултет ќе запише година прва
Да ги добие сите учебници и скрипти, за полесно да го мине патот крвав
Добро бе - пичка им материна и сестра да им ебам
Шо ќе ми се професори ако ги нема кога ги требам
Зарем ние студентите постоиме затоа што професори има
Или треба наопаку да стои оваа кутра стиховна рима
Учителот постои ради ученикот, обратно сигурно не е
Тој на ученикот треба воспитание и знаење да му влее
Ова ми го рековте вие професорите, зарем не е така?
А сега ме шутирате, место да ми подадете рака
Место да не учите и воспитувате како од нас луѓе да се родат
Вие станувате и политичари - по најновата мода
И појќе времето го врвите на состаноци и политика водите
Место со студентите, вие косните во МАНУ, ЦК и по заводите
Битно е тоа дека ги извршувате обврските кон државата
Се’ додека еден ден студентите не си ги побараат правата
Додека не сфатат дека од нив правите интелектуалци сакати и слепи
Да, вака ќе биде, се’ додека државата проклета ве крепи
Професори - манувајте ги содржините и методите на предавање
И престанете од испитите да правите мозочно ебавање
И немојте политичари, туку научници треба да бидите
И не во ЦК, в завод, в деканат, ами меѓу студентите што се случува треба да видите
Вие сте платени дипломци од нас да правите
Луѓе коишто ќе имаат мудрост, а не шуплини во главите
Професори - манувајте се, напредувајте, усовршувајте ги методите
За утре што помалку глупаци да ни ги менуваат курсевите и матат водите
Променете ја приемната тактика
И што помалку бубање, што повеќе практика
Заради сево ова скепсата горчини во душава ми створа
И се прашувам зошто баш мене ова срање да ми се случува мора
И зошто не можам на работите ко другите да гледам
Зарем само мене ме измачува оваа интелектуална беда
Зошто сево ова во мене предизвикува одвратност и гнасење
Зошто не почнам да учам и да си го пуштам умо на пасење
Да дипломирам и психолог некаков да станам
И утре ако некој ме течи, со диплома по гла да го манам
Знам дека сето тоа ќе биди, но за мене се’ изгуби вредност
Бидејки реалноста идеалите ми ги краде од пред нос

3.3.85

No comments: