Ја имав таа чест Г-динот Бочваров да ме стави во неговта блог теретана, па воден од љубопитноста ги подотворив постовите на другите билдери за да видам колкави тежини креваат и до кај се со својот спиритуален билдинг.
И така налетав на Апостолот и неговиот “човек во дупката“ и ај си велам ќе го видам спотот, можи има нешто интересно.
Го изгледав спотот докрај иако уште на почетокот веќе ми беше јасно “шо сакаше да кажи поето“, и си реков ај ќе бидам учтив и ќе дадам краток коментар и покрај тоа што спотот тоа не го заслужува.
И напишав: “ Раката што помага е посвета од устата што моли“ изрека од Bhagavan Sri Sathya Sai Baba.
Арно ама, Апостолот одма “елегантно“ ме ногира со напомена дека - неговиот блог е чистокрвно христијански и дека нема место за некакви си гуруи.
А мојата реакција беше “ХАХАХА“.
ОК, си реков, време е да бидам малку ИСКРЕН наместо УЧТИВ и да го кажам мојот впечаток за спотот и за неговта порака, како и за Апостолот и неговото христијанско однесување кон мене заблудениот.
Спотот во основа е христијанска шовинистичка пропаганда.
Зошто?
Затоа што на еден експлицитен начин ги омаловажува духовните претставници на сите други религии.
Спотот јасно кажува - ДОЈДОА ДУХОВНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СИТЕ РЕЛИГИИ, МУ ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА (ПРОПОВЕД) НА КУТРИОТ ЧОВЕК, НО НИКОЈ НЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ИЗВЛЕЧЕ ОД ДУПКАТА, НИКОЈ НЕ МУ ПОДАДЕ РАКА, СЕ’ ДОДЕКА НЕ ДОЈДЕ ДУХОВНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ХРИСТИЈАНСКАТА РЕЛИГИЈА И НЕ ГО ИЗВЛЕЧЕ ОД ДУПКАТА КУТРИОТ ИЗНАМАЧЕН, ИСТОРМОЗЕН ЧОВЕК.
Ако влезиме во една подлабока анализа на поентата на спотот јасно се гледа дека се работи за чиста его игра - МОЈОТ БОГ Е ВИСТИНИТ, МОЈАТА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНИТА И ЗАТОА САМО ТАА МОЖЕ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ЧОВЕКОТ КОЈ Е ЗАГЛАВЕН ВО СВОЈАТА ДУПКА ( ДУХОВНОТО НЕ-ЗНАЕЊЕ).
Наспроти тоа сите други богови се лажни, нивните религии се лажни и затоа НЕ МУ ПОМАГААТ НА ОНОЈ КОЈ Е ВО ДУХОВЕН МРАК (В ДУПКА).
Ова е во врска со спотот, а сега за елегантното ногирање од страна на Апсотолот.
Факт е дека Апостолот има право да си ја одржува спиритуалната хигиена на својот блог, но, начинот на кој тоа го прави укажува дека Апостолот е всушност обичен питроп, бидејки неговите блог манири јасно укажуваат на тоа.
Цензурата укажува само на едно - НИСКО НИВО НА ТОЛЕРАНЦИЈА НА ФРУСТРАЦИЈА.
Поточно - НЕ МОЖАМ ДА ПОДНЕСАМ НЕКОЈ ДРУГ ДА РАЗМИСЛУВА РАЗЛИЧНО ОД МЕНЕ НА ИСТА ТЕМА.
Цензурата во минатото ги покажа своите рогови, тргајки од Савле (и Павле) во времето кога христијаните беа прогонувани и убивани, продолжувајки со шпанската инквизиција и крстоносните војни, фашизмот и комунизмот, па се’ до Nuvo Ordo Seculorum.
Иако овие последниве се примери за опшествена цензура (не-толеранција на различно мислење), сепак не се разликуваат многу од религиозната цензура (не-толеранција на различно верување и убедување).
И тогаш кога државата и религијата владееле паралелно, па и сега кога се инсистира на секуланиот државен пореднок, иако во background стои и црковната власт, луѓето ЦЕНЗУРАТА ЧЕСТО ЈА ПЛАЌАЛЕ СО СВОЈАТА ГЛАВА.
Бидејки мојот ум е професионално деформиран, не можам да го преќутам својот впечаток во врска со односот на Апостолот кон мене, кој се кажува за верник и односот на двајцата неверници Бате Љубе и Професорката.
Апостолот според нивото на толеранција покажа свесност на еден класичен не-верник, бидејки без пардон, со јасен догматски став го избриша мојот ДОБРОНАМЕРЕН КОМЕНТАР, и покажа ниво на свесност на питроп.
Додека пак не-вернициве и покрај моите крајно различни и спротивставени ставови од нивните, покажаа ниво на толеранција, што укажува на повисоко ниво на свесност.
Мало просветлување ЗА ЧОВЕКОТ ВО ДУПКАТА.
Источната религија важно место му дава на помагањето на другите, без очекување било каква надокнада за возврат, тоа се вика seva, бесплатно служење и помагање на ближниот свој. Исто така тоа се вика и нишкама карма, кога човек делува без очекување на било каков плод, добивка, профит.
Така да, вистинскиот продуховен човек, НЕЗАВИСНО НА КОЈА РЕЛИГИЈА МУ ПРИПАЃА, ќе му подаде рака на ЧОВЕКОТ ВО ДУПКАТА.
Од друга страна, треба да се внимава на ПАРАДОКСАЛНОСТА НА СИТУАЦИЈАТА НА ПОМАГАЊЕТО, бидејки често ПОМАГАЊЕТО Е ОДМАГАЊЕ, често е подобро некому да му “помогнеш“ да ја отстрада некоја ситуација (да го оставиш во неговта дупка), отколку да му подадеш рака, бидејки со тоа помагање можеш да му направиш мечешка услуга.
Затоа ВИСТИНСКИ ПОМАГААТ САМО ОНИЕ ШТО ЗНААТ - ПРОСВЕТЛЕНИТЕ УЧИТЕЛИ ОД КАЛИБАРОТ НА ИСУС, БУДА, МОХАМЕД, КРИШНА, ЗАРАТУСТРА И ТН.
Се надевам дека на Апостолот му помогнав да направи, ако не чекор, тогаш барем една педа напред кон својот апостолски статус.
Ете што ти е цензурата - наместо Апостолот да ми подаде рака мене заблудениот, мене човекот во дупката, и да ме извлече од неа, излезе јас да му подадам рака и да го извлечам од неговта црна дупка.