со актовка в рака и глупост в глава
тргнуваме рано умниците ние
со сон за богатство и вечна слава
духот во нас секојдневно гние
се влечкаме верно по старата шема
правиме денес исто што и вчера
и додека смртта дел по дел не’ зема
се криеме глупо зад некаква вера
на тошо се прајме а живото врви
и ништо вредно нема да остајме
ќе бидеме храна на некои црви
а душата на ѓаоло ќе му ја продајме
шо барам јас тука се прашувам често
со овие луѓе во оваа врева
на ова грдо и валкано место
во овој ужас од коски и црева
секојдневно бегаме а пак сме тука
од себеси појќе од другите по троа
секој внатре пишти плаче кука
шо прајш бе арен арно бе ѓоа
се тешиме така од полошо скраја
а живото врви покрај нас лудо
понекогаш се прашвам зошто ме напраја
мислам дека џабе го вложија трудо
пубо ќе беше да не се мачеја да ме напрат
попаметно ќе беше да играја бељот
ех да можеја навреме да запрат
немаше да се роди уше еден бесен скот
со вера во бога и тупаница в рака
се колнеме во љубовта и вечниот мир
а одзади секој чини шо сака
во главата спрема ѓаволски пир
и еден покрај друг врвиме леко
и туѓи се осеќаме зар не е така
стравот и злото демне во секој
а нигде никаде подадена рака
место живото да го даваме едни на други
а љубовта и радоста да се главно мото
ние останваме на глупоста слуги
и чекаме нешто да ни падни на лото
прашањево на ум ми доаѓа често
шо барам јас тука во оваа беда
на ова грозно и калливо место
кај луѓето в смртни строеви се редат
ме убивте еднаш шо сакате уште
зар ранава во градиве доволна не е
зар требаше крикот надвор да го пуштев
зар болката моја срце да ви грее
пукавте еднаш зарем не е доста
човекот во мене веќе е готов
внатре палам свеќа во мислите постам
затскријте го телото зад плотов
се прпелкам во тињата ко некое прасе
мртво тело без очи и коса
век распашан и очаен и гнасен
ја ништи во утрото бистрата роса
бегајте дома о кутри и безнадежно мои
сврши распродажбата на мојата душа
премачкајте се утре со нови бои
сменете го тонот да мом да ве слушам
и простете шо немам за сите бисти
и доволно грижа и совест и љубов
а и да имав пак ќе бевте исти
вам и вака ми се чини ви е убо
3.4.1991
No comments:
Post a Comment