Saturday, October 13, 2007

К-15 (ка петнајс)

На оваа плата добив ка петнајсе
Само полојна, но не и цело
Е па сеа во моја позиција клај се
И покажи се тетин на дело

Едвај двеста марки со кредити
Парата лета по потреби битни
И волко на број и овците сити
Нужни се економски мерки хитни

Држава за мерак, од ум да се шекниш
Безумно племе, маме д’ебам
Не знам каков уметнички дојам ќе стекниш
Одвренме, навреме и Џокер гребам

И пушам длабоко, тргам в бели дробој
И чувствувам како елегантно ми го качат
И копам во себеси секојдневно гробој
За оние што до вчера мислев дека нешто ми значат

Реалноста ја прифаќам ужасно свесен
И пробам нешто малку да сменам
И свесен за тоа дека сум бесен
Се спремам едра високо да кренам

Да фатам правец далеку вуспич
Да не гледам пустош од лакоми гадој
Подалеку од овој ортодоксен кич
Од овие отровници, беди и јадој

Мислев ќе се смирам, а всушност сум гневен
Гледајки ги колку го вреднуваат мојот труд
Колу за нечиј џепарец дневен
На некој од мене повеќе луд

Но се надевам дека сепак нешто ќе сменам
Нема да останам на овој степен низок
Се спремем некоја да му ја вденам
На оној што не го чувствувам за близок

Последна строфа ќе отчукам сега
И 11-ти Октоомври ќе го дочекам со дигнато чело
Сега засега нема кај да се бега
Уште малку ќе го славам Титовото дело

10.10.96

1 comment: