Sunday, June 30, 2013
Мори чупо
Мори чупо, шо ми напрај, ме збуни
Поето ми го сјеба, не мој песни да ти пиши
Во умо сеуште твојта смеа ми ѕуни
Си велам - шо ти е дечко, ајде диши, диши
Але знајш дека и не мом да ти се удварам
На начин ко шо сакам, разбира се, соодветен
Со својве зборој ушиве однатре си ги парам
Пишејки го ова се осеќам ко тотален кретен
Ништо не разбирам, не ми сечи сантрачо
Се ми е однопаку, испревртено, лом
Од самио себеси прам дворски шут-паљачо
Покрај тебе се осеќам ко тежок сом
Зборојве по грлово како дива река течат
А срцево и умов ко бајчина се мирни
Насмевките твои ко лути рани ме печат
Господе, си велам, колку сме проѕирни
Се’ е кажано, нема појќе шо да се речи
Вратите шо чкрипеа се подотворени
Љубовта нечујно срцата наши ги лечи
Од сите повреди несвесно сторени
И сеа нешто као јас и ти сме заљубљeни пар
Ко братче и сестриче, ко другарчиња две
На кои Господ Бог им дал бесценет дар
Мори чупо, с’осеќам збунет, жими се’
Облаче
Не се плаши облаче, нема да те скршам
Ќе те составам како коцки Лего
А потоа ко ветер јужен ќе те распршам
За да ме сфатиш и мене и Него
Не се плаши облаче мало и лекокрило
Јас не сум ни ураган, нити пак торнадо
Ќе те ослободам од она што некогаш било
Јас сум пастир, те молам, биди мое стадо
Не се плаши облаче, тоа е обичен его трик
Ја знам играта меѓу мракот и светлината
Ти кажав, сеуште не ти е јасен неговиот лик
Завиткан во маглите на кармата мината
Не плаши се облаче, препушти му се на ветерот
И дозволи му на срцето твое на Патот да те води
Судбините одамна сме ги врежале во етерот
А љубовта наша и милоста Божја ќе не’ ослободи
Отворање
Си го отворам срцето со царски рез
Се препораѓам самиот себеси од него
Тие мислат дека го разбираат моето препораѓање
А ни јас самиот немам појма што се случува
Сечам со внатрешен поглед кармички копрени
Моите сетила се мои непријатели
Умот ми е и скенер и ласер
И убиец и исцелител
Отворам некоја внатрешна внатрешност на без-дната
Стравот ми е граница на без-страшноста
Љубовта ми е патоказ и шерпас
Се препораѓам од сонот на лукавиот
Чист егзорцизам
Овие зборови се лага
И чувставата се лага
Се’ додека не се препородам
И јас сум лажен
Се’ додека не станам отворен како небо
Кога бесконечноста ќе ми биде единствената граница
А блаженството и мирот критериуми за вистината
Се’ дотогаш
Јас
Ќе
Морам
Да
Се
Отворам
Шо да ти кажам
Шо и да и кажам, ќе биде залудно, душо моја
Шо и да ти речам, ќе биде грев, срценце мило
Посакав со љубов универзумот да го освојам
Зад себеси да го оставам она што некогаш било
Шо да ти кажам, шо да ти објаснам, не знам
Зборот не може да го опише неописивото
Потребно е време од сево ова да се отрезнам
И да продолжам пак да си го фурам живото
Јас сум жива смрт за смртоносното слепило
Му давам длабочина на погледот зад зеницата
Го поттикнувам она што би го поткрепило
Небесниот лет во мртвите крила на птицата
Мојот збор како хирушки скалпел лекува
Мојот збор може да е убиствен ко оловно зрно
Со прецизна јаснотија маглата ја пресекува
Со бела светлина го преплавува јадрото црно
Како би ти ја објаснил љубовта, ако не ја чувствуваш
А стравот и сомнежот ти се вообичаен животен стил
Ако место во сега и овде, ти во минатото присуствуваш
Секој мој понатамошен збор за тебе сувишен би бил
О прекрасна душо, ме прашуваш дали си ме повредила
Јас сум неповредлив, знам како лукавиот заведува
Жалам што лагата негова над вистината твоја победила
И повторно тој душата твоја како залог ја поседува
Дека го разбираш ова што го пишивам, не верувам
Бидејки твојот его ум цврсти факти и логика бара
Што и да кажам, ќе мислиш дека јас претерувам
Додека тој со канџите остри срцето твое го пара
Не, нема да ти објаснам, за тебе сеуште е рано да сфатиш
Прости ми што те преценив, ти за ова не си спремна
Сепак сакам да ти помогнам страдањето да си го скратиш
И да си ја одмалиш негативната карма овоземна
Сакам, о прекрасна душо, кога енергиите ќе ти слегнат
Пак да се отвориш и да продолжиш да работиш на себеси
И да го ослободиш Оној што в пранги цврсти е впрегнат
За да полета во бесконечноста на боженствените небеси
Ме влечат зборовите за јазик
Потребата за зборувам и да пишувам е како краста
Ја чешам и појќе ме јади
Сака уште чешање
Опишувам емоции со мисли, мисли со луѓе, луѓе со процеси
Сите сме поврзани со мисли, чувства, зборови и дела
И сите копнееме по нешто да кажеме, да објасниме, да се изразиме да напишеме
За себеси, за другите, за светот во нас и околу нас
Не оти знаеме нешто, туку пуста потреба да кажеме нешто за ништото
За празнината, за без-дната
Е па да, е па не
Им цртам на ангелите, уши имаат, но не и слух
А и слепи се кутрите, при очи и при вид
Јас им приоѓам однатре, како светиот дух
А тие уплашени се бапкаат во својот ѕид
Не ги сфаќаат цртежите мои, срценцата повредени
Бидејки јас цртам со внатрешни невидливи бои
Ах, вие души што од кармата своја сте победени
И не дозволувате здивот на вечноста да ве освои
Јас можам да ви помогнам ко небо да се отворите
Со мојата љубов, безусловна и неограничена
Но ништо не можам, ако против мене се борите
Со вашата глава, вжештена и успаничена
Вчера беше Е ПА ДА, а денеска е Е ПА НЕ
Колку е менлив и минлив човечкиот став
Во срцето е ЕДНО, додека во умот е СЕ’
Умот е уплашено зајаче, а срцето е лав
Знај цената ќе ја платиш со сопствената крв
За животот што безљубовно минал покасно ќе се каеш
Дека си дозволил да те изаде сомнежливиот црв
Длабоко во срцето и те како знаеш
На крајот сепак, изборот е лично твој
Ти бираш кој пат да го фатиш
Ако ја закопаш главата в песок ко ној
Страдањето нема да го скратиш
Логика
Бев дел од нејзиното минато и ме пронајде “случајно“
И станав дел од нејзината сегашност само на кратко
Отпрвин бев откровение, а после бев последно лајно
Со суптилен отров го заслади емоционалното слатко
Не, не те обинувам тебе, знам дека лукавиот стави рака
Ти нацртав уште на почетокот, ако воопшто се сеќаваш
Тој тебе, на твојата повредена душa, намерно ти прави така
Ти помага да не го исполниш она што од срце го веќаваш
Отпрвин ти дозволува да се залеташ со невиден ентузијазам
Во нешто што се вика љубов, а баш за тоа не си спремна
И потоа тој вели: “Е сега со логиката своја ќе те згазам!!!“
И љубовта твоја ќе ја заробам во срцевата зандана темна
Ќе ја опашам со кинески ѕидови, со метални оклопи и штитови
А врз тебе ќе фрлам магија составена од сомнеж и страв
Љубовта ќе ти стане еден од одамна заборавените митови
А јас со мојата трезвена логика ќе те изведам на патот прав
А оној од минатото, што со хвалоспеви го возвишуваш ревно
Ќе го ставиме на црната листа и ќе биде непријател број еден
Зарем не гледаш дека тој е куче, од се’ незадоволно и гневно
Тој е его лудак, идиот,кретен, заведувач, ѕвер, зол и безвреден
И така логиката само за неколку недели направи салто мортале
Од смеа и радост, од прекрасно дружење, се изнедри облак темен
И на целата позитивна енергија што еден на друг сме си ја дале
Со логиката на лукавиот, предзнакот за миг и‘ беше одземен
Позитивното се претвори во негативно, а доброто стана зло
И се’ што се случи меѓу нас одеднаш доби еден друг тек
Врвот неизбежно мораше да се соочи со сопственото дно
Во отров се трансформира она што пред некој ден беше лек
Тоа се случи, а ти тоа не го забележа душо моја мила
Да токму тоа се случи, љубовта со логиката ја смена
Сонот за светла иднина одеднаш стана штица гнила
Во аждаја се претвори љубезната, кротка и нежна жена
А јас, јас сето тоа уште на почетокот го нацртав свесно
И чекав да видам кога лукавиот ќе си ги покаже роговите
Господе, да се биде искрен, чесен и доследен, не е лесно
Бидејки Твојата лева рака постојано не’ искушува сите
За мене ова беше само уште едно од Твоите искушенија
Уште еден неуспешен обид нечие срце со љубов да отворам
Знам дека животот никогаш не ми нудел лесни решенија
И ме учел со љубов и мудрост да го правам тоа што морам
А тебе, о прекрасна душо, ти бел облаку на моето небо сино
Ти посакувам милоста божја на патот на свесноста да те прати
Фала ти што на кратко го дружеше дечкото од старото кино
Верувам дека еден ден твојот ум логиката на срцето ќе ја сфати
Subscribe to:
Posts (Atom)