Вистина
Ме боли вистината
И како громогласна тишина го разорува сето она што ми е познато
Молчеливо
Немо
Ги убива сите мои изречени зборови
Умирам
Јас
Лажливецот
Сам во сопствената вистина
Се’ што ми беше продадено
Се’ што купив
Раздадов
Останав сам со својата вистина
Смртоносна
Убиствена
Безмилосна
Вистина
Студена и озбилна како смрт
Бесрамна доилка на сите мои стравови
Минати
Сегашни
Идни
Мајка ми
Мојата мајка
Вистина
Ме роди
И сега ме убива
Од сите страни
Со погледи
Со огледала
Со призраци
Насмеана и горда
Весела
Расцветана пролет
Ме усмртува со својата боженствена убавина
Заќути, замолкни, затни се
Вели
И чуј ме
Слушни ја мојата тишина
Почувствувај го мојот мир
Немирко
И умри во мене
Во моите прегратки
Спаси се
Ме боли вистината
И како громогласна тишина го разорува сето она што ми е познато
Молчеливо
Немо
Ги убива сите мои изречени зборови
Умирам
Јас
Лажливецот
Сам во сопствената вистина
Се’ што ми беше продадено
Се’ што купив
Раздадов
Останав сам со својата вистина
Смртоносна
Убиствена
Безмилосна
Вистина
Студена и озбилна како смрт
Бесрамна доилка на сите мои стравови
Минати
Сегашни
Идни
Мајка ми
Мојата мајка
Вистина
Ме роди
И сега ме убива
Од сите страни
Со погледи
Со огледала
Со призраци
Насмеана и горда
Весела
Расцветана пролет
Ме усмртува со својата боженствена убавина
Заќути, замолкни, затни се
Вели
И чуј ме
Слушни ја мојата тишина
Почувствувај го мојот мир
Немирко
И умри во мене
Во моите прегратки
Спаси се