Saturday, July 19, 2014

ГОСПОДЕ ПРОСТИ МИ


1 Август, 2008 - 15:30
Човекот и Господ Измени.
Терапевтот постојано мора да биде свесен за фактот дека неговите постапки можат да имаат долготрајни последици, имено, низ повеќе животи.
Затоа треба постојано да се прашува:
Што би направил сега Бог?
Каква е Божјата волја во оваа ситуација?
Што треба да направам за да му се бендиса на Бога?

Бог, меѓутоа, денеска е многу туѓ збор.
Психологијата дури смета дека треба да се “еманципира“ од Бога, како би можела да биде слободна (и објективна, м.з.).
Маркс беше доволно голем незнајко за проблемот да го сведе на потресно погрешна равенка.
Тој едноставно рече : “Бог е човек.“.

Права штета е што ова тој баш така го формулира, бидејки вистината е сосема обратна: Човекот е Бог.

Со ова ја опишавме целата смисла и цел на терапијата:
терапијата има задача човекот да го доведе до тоа да тој во себеси ја пронајде вистинитоста на овие зборови.

Физичките и психичките проблеми не се ништо друго, туку патокази, неопходни заобиколни патишта за единката да го најде своето право одредиште. А тоа пак е darma, а таа е непосредно поврзана со Божјиот ред.

Човекот мора да спознае дека тој е Бог.

Токму ова повеќето од денешните луѓе го имаат заборавено - притоа психологијата, а делимично и филозофијата направија голема штета.
Луѓето повеќе не се насочени на Бога, туку во најголем дел кон своите најниски склоности.

Да погледнеме накратко до каде стигнаа луѓето во Kali Yuga (најмрачното доба на човечката еволуција, м.з.).
На пример, филмовите на страв, ужас и насилство зборуваат со многу јасен јазик.

Што значи човештвото на Англиски јазик?
Mankind.
А што значи тоа?
Man-kind: Човеку - биди добар.(љубезен, м.з.)
Вистинската определба на човекот е да биде добар. Ако не е добар, тогаш го изгубил своето одредиште, ја промашил смислата на својата инкарнација.
Зошто е тоа така?
Затоа што човекот е manava, значи онај кој не се однесува неуко.
Од таа причина човекот на санскрит се вика и nara - тоа е оној кој е бесмртен затоа што постојано е насочен на Бога, на Narayana, значи дека човекот има ( е од или е со, м.з.) боженствена природа.

Ова е понатамошниот аспект на Боженствениот ред:
Човекот мора да спознае дека тој е Бог, дека е добар, дека е полн со љубов, дека тој самиот е љубов.
Уште една од задачите на терапевтот е своите пациенти да ги учи за ова како би можеле да станат добри, полни со љубов, боженствени.
А како може да биде добар и полн со љубов, а да не зборуваме и боженствен, оној којшто ги напушта својот партнер и своите деца ( за да ги изживува своите его потреби со образложение да се “само-реализира“ м.з.)?

Со ваквата постапка тој го губи сето она што следи: prema (љубовта), satya (вистината), dharma (исправноста), shanti (мирот) и ahimasa ( ненасилството).

Овие пет кардинални доблести ( универзални вредности, м.з.) ја претсатвуваат суштината на Боженствениот ред: оној што ќе ги изгуби, ја губи смислата на сопствениот живот. Затоа што овие доблести зависат од љубовта.

Кога љубовта тече како мисла, станува вистина.

Кога љубовта се изразува вио вид на активност, станува исправност.

Кога вашите чувства се натопени во љубов, вие се претворате во мир.

А правото значење на зборот мир е љубов.

Кога својата способност за расудување ја исполните со љубов, ќе се стекнете со неансилство.

Практикувањето на љубовта е dharma.(исправност, м.з.)

Љубовта во мислата е sathya.(вистина, м.з.)

Љубовта како чувство е shanti.(мир, м.з.)

А да се сфати љубовта е ahimsa.(ненасилство, м.з.)

Овие пет главни доблести го одредуваат целиот твој живот, значи и твоето однесување кон партнерот.
Ако го напуштиш партнерот, ја губиш љубовта.
Ја губиш и вистината, бидејки при разделбата заради егоистични мотиви, често се лажи.
Затоа пак не си во исправноста. А оној што не е исправен не може да го најде мирот.
Кој не е во мир, порано или покасно ќе стане агресивен кон другите и кон самиот себеси.
Кој е агресивен не живее во ненасилство.
Кој не живее во ненасилство, не може да биде среќен.

А среќата е она по коешто трагаат сите живи суштества, без разлика.

Затоа важно прашање е:

Што морам да вложам за мојот живот, мојата работа, мојот брак да функционираат, а мојата љубов да течи?

Се’ друго е од споредно значење.

А тоа одамна го рече и Исус Христос: “ Вие се разделувате само заради ва вашите тврди срца“.

Исус Христос сјаеше со љубовта на апсолутно просветлен.
Оваа изрека е мерило.
Се’ друго не е ништо освен обично празно аргументирање на погрешно насоченото его.
мој избор | 10 коментари | за печатење | прати по e-mail | 144 пати прочитано #
1 Август, 2008 - 14:23
Чест Измени.
Ој ти земјо македонска
Една си ми ти на свето
Од зла сила праисконска
Племе ти е проколнето

Гла немаме ич кренато
Од душмани и кодоши
Ништо не е изменато
Идат нови и полоши

Опеани се в многу песни
Кама, пиштол, свето знаме
Дали ќе сме пред нив чесни
Гоце, Карев, Питу, Даме

Дедото ми клетва стори
Од душмани да те бранам
Во градиве глас ми збори
Роб никогаш да не станам

Македонска земјо наша
Има уше мажи стројни
Од поган збор не се плашат
Ни од нови ропски војни

мој избор | за печатење | прати по e-mail | 22 пати прочитано #
1 Август, 2008 - 13:46
Идеали Измени.







Факт е дека некои гинеа за идеали

Но денес тие идеали

На некои будали

Им служат како скали

За да се качат на повисоко опшествено место

И народот да го гледаат ко од царски престол


1982





мој избор | за печатење | прати по e-mail | 37 пати прочитано #
30 Јули, 2008 - 16:28
Мисла на денот Измени.

There is a tendency to interpret renunciation as merely giving up worldly attachments. Renunciation truly means attaining perfect equanimity. People may criticize you or praise you, take them both with a sense of equanimity. One may try to harm you while another may try to do you a good turn; treat both situations with equanimity. In one business venture, you may incur a loss while in another you may make a profit; treat them both alike. Equanimity is the hallmark of yoga (spiritual attainment).

BABA
мој избор | 1 коментар | за печатење | прати по e-mail | 29 пати прочитано #
30 Јули, 2008 - 15:24
Вистината и љубовта (продолжение) Измени.
А сега доаѓаме до другиот од горенаведените примери: Бенигна (превод: Добронамерна, Добродушна) се изгуби. Поставуваше големи барања и имаше големи очекувања не само во однос на себе, туку и во однос на својот сопруг и во однос на животот воопшто.
Со други зборови: беше постојано незадоволна. А незадоволството редовно доаѓа пред падот. Затоа не постои поголемо богатство од задоволството. Секој треба да се стреми кон задоволството. Секој треба да знае дека задоволството е вистинска одредба на луѓето. Исто како што болеста се однесува кон здравјето или неуспехот кон успехот, така се однесува незадоволството кон задоволството. Излечи се себеси од незадоволството, од тој ужасен непријател, бидејки тоа може да те разјаде како рак.
Бенигна се пожестоко го критикуваше својот сопруг. Не и’ одговараше те ова, те она. Тој навистина беше малку слаб, но покрај се’, и затоа што таа не му се посветуваше. Наместо на својата жена јасно да и’ каже дека нема да го трпи нејзиното однесување, тој се повлече и му се посвети на својата работа. И натаму свесно се грижеше за материјалната состојба на семејството, но како сопруг стана недофатлив.

Тоа Бенигна се’ повеќе ја разлутуваше. Нејзиното почетно нерасположение и критика се претворија во вистински бес и омраза. Во нејзините очи мажот и’ се повеќе се претвораше во непријател. Се’ повеќе таа се соживуваше во својот бес - а тој тоа и’ го дозволуваше! - така да таа почна се’ почесто да размислува за одмазда.

Тогаш таа запозна маж кој и’ понуди чувство дека е најпрекрасната жена на светот. Таа му веруваше, а истовремено и’ падна на ум дека ова е добра прилика како на најтежок начин да го повреди својот сопруг.
Ги напушти мажот и децата и почна да живее со другиот маж.

Тој маж не беше начисто со самиот себеси. Тој во основа не знаеше каква жена му одговара, што од неа треба да бара, како со неа да постапува. Знаеше само дека грозничаво копнее по некоја жена, а инстинктивно чувствуваше дека несреќната, занимлива и атрактивна Бенигна со сигурност може да ја освои.

Меѓутоа, Бенигна не беше негова близначка душа. Таа имаше проживеано многу животи со својот сопруг. И што се случи? Мажот - нејзиниот “пријател“, како што тоа денеска се нарекува! - еден ден си замина од неа, заради некоја друга помлада и помалку компликувана жена, и ја остави сама со заедничкото дете.

После неколку години самотија и размислување, посака да му се врати на својот поранешен сопруг. Но тој живееше среќно со негователката на нивните деца и не беше спремен таа жена да ја напушти, повреди и разочара заради тешката Бенигна.

Така Бенигна остана сама.

Во наредниот живот повторно го сретна мажот кој беше причина што си замина од својот сопруг и кој на крајот ја напушти. Тој сеуште беше незрел, несреден маж кој пак силно ја повреди, бидејки жената заради која ја напушти Бенигна, кон него се однесуваше многу, многу лошо, го понижи на најлош можен начин и го напушти. Тој заради тоа разви силна омраза кон сите жени, која сега ја изживуваше врз Бенигна. Постапуваше со неа толку лошо, така што таа си го одзеде животот.

Во наредниот живот повторно се сретнаа. Тој повторно се обиде да ја уништи, но таа во меѓувреме толку многу научи, така да Јас можев да ја спасам и повторно да ја доведам во контакт со нејзината близначка душа, но морав да изведам многу чуда, за тие двајцата повторно да се сретнат, бидејки толку многу се заплеткаа и оддалечија еден од друг. Без Мое дирекно вмешување тие немаше да се сретнат, а камоли да останат заедно, иако беа близначки души кои заедно имаа поминато многу животи. Но, двајцата беа толку многу повредени и разочарани, така да во никој случај не сакаа да го бараат она што требаше да го бараат - својата близначка душа - со која единствено можеа да бидат трајно срќни.

Со тоа Бенигна го живееше позитивното значење на wife: Wisdom invited for ever (да се придобие мудроста за секогаш).

Затоа имај на ум дека: мала гршка на почетокот предизвикува голема грешка на крајот.

Што забележа во начинот на кој го опишав ова збиднување?
Намерно, нити на нејзиниот сопруг, нити на нејзиниот “пријател“, не им дадов име.
А знаеш ли зошто?
Заради тоа јасно да прикажам колку бргу се’ може да се испомеша, колку бргу се’ може да стане нејасно ако партнерот остане напуштен.
И какви последици може да има од сето тоа. Замислиси што би се случило да се работеше за повеќе партнери, колкава замрсеност сето тоа би предизвикало!

Затоа замислисе над оваа извесност и помисли си на терапевтот кој некој човек го охрабрува да се “реализира самиот себеси“ и заради тоа да го напушти партнерот! Како би можел да го направи тоа ако ја познава горната приказна? За тоа да го направи, би морало да е многу несвесен, застрашувачки несреден, односно многу, многу голем незнајко. Ако е незнајко, тогаш не би смеел да биде терапевт, бидејки во тој случај, на пример, би бил одговорен за самоубиството на Бенигна.

А што се случи со Бенигна? Таа беше, како што нејзиното име покажува, добра душа. Ја стекна милоста Божја и љубовта на луѓето. Си најде терапевт кој знаеше што и’ е потребно и што тој мора да и’ даде.

Стана среќна и љубезна сопруга. А Бено (Benno значи преобразувач на робовите), нејзината близначка душа, повеќе не се обидуваше да ги променува другите - на пример со својата работа - туку себеси. Тој ги усвои вистинските квалитети на водач, па можеше да ја води Бенигна и да ја штити од многу нешта. Тој конечно го разви квалитетот кој е битен за односот: и’ се посвети на својата жена, можеше да ја сослуша, , да соработува со неа и да и’ го обезбеди нејзиниот простор. Бидејки и таа беше негов совршен партнер, го најдоа она што е одлучувачко за секој брак: мир и задоволство, кои едното со другото ја сочинуваат среќата.
мој избор | додај нов коментар | за печатење | прати по e-mail | 30 пати прочитано #
30 Јули, 2008 - 13:12
Овчарско салутирање Измени.
Ах колку ве сакам вас крстоносците и инквизиторите
Вие кои со војнички поклици им салутирате на генералите
Вие кои во името на Бога сте спремни зло да сторите
Вие кои на разни религиски его лудаци се палите

Ах колку ве сакам вас крвожедните доследни верници
Кои догмите религиски ко папагали ги повторувате
И глумите Дон Кихоти , а всушност сте ветерници
Вие кои во жарот на сопствениот гнев согорувате

Сочувствувам со вас и од срце ве сожалувам
И баш ми е мака што не можам ништо да ви кажам
Знам дека само гневот во вас го распалувам
И омразата во срцата ваши ја снажам

Бидејки вие немате уши за гласот мој да го чуете
Бидејки вие немате очи за оче-видното да го видите
Со вашата ортодоксна глупост и беда ќе се отруете
И различноста пак да ја распнете ќе се обидите

Па сепак, тоа е вашиот Пат, друг и онака не знаете
Господ нека ви е напомош и во мракот нека ве води
И кога од срце помагате, тагувате, се молите и се каете
Тоа еден ден од поголеми страдања ќе ве ослободи
мој избор | 3 коментари | за печатење | прати по e-mail | 51 пати прочитано #
29 Јули, 2008 - 18:55
Ѕупка во срцето Измени.


Боли пријателе мој, боли љубовта, а боли и вистината
И додека стравот од болката е тоа што живи не’ усмртува
Пајакот несвесно самиот себеси си ја плете пајажината
И како мува во нејзината смртна прегратка ќе се превртува

Нити таа,а нити пак тој, не се познаваат самите себеси
Во страста ќе изгорат, и над пепелиштата свои ќе плачат
Бидејки никој не ги повел за рака во внатрешнеите небеси
Ќе продолжат да копнеат, да се надеваат и да се мачат

Не-знаењето во отров ја претвора секоја блажина
Во влажноста на животната река можеме да се удавиме
Како што пајакот се заплеткува во својата пајажина
Така и ние патиме кога не сме свесни што правиме

Само да знаеш колку елегантно нашиот его ум не’ заведува
Ќе знаеш што сакам со овие стихови да ти кажам
И така заведени до срце со ѕупките свои не повредува
На место да умрам, ако сега и овде те лажам
мој избор | 4 коментари | за печатење | прати по e-mail | 53 пати прочитано #
прва29 30 31 32 33 34 35 36 37 последна