Одамна се немам себеси
Душата од други ми е продадена
Јас сум поглед вперен в небеси
И рака кон Бога подадена
Господе дај ми знак
И ќе прастанам да те задевам
Внеси светлост во оловниов мрак
На ништо повеќе не се надевам
Во сонот мисла врежи ми
До крајот на животот ќе те пратам
Те молам повеќе не тежи ми
Ионака не мом да те сфатам
Не ти нудам нови докази
Во божјите работи не ти се мешам
Јас од Тебе барам патокази
За патот повторно да не го згрешам
No comments:
Post a Comment