Од толку глупости ќе колабирам
Време е в пустелија да се повлечам
И да пробам да се смирам
Ново руво да си облечам
Навистина е напорно ова сето
И премногу тешко за поднесување
Се чудам денес гледајки го свето
Колку бргу го менува своето однесување
Се прават навистина движења чудни
Некои се вртат и за 360 степени
Некои прават и дејанија блудни
Само со ќеш ако се поткрепени
Често не постои никакво покритие
Само тврда лушпа од нечија суета
Губи смисла човековото битие
При уништувањето на оваа планета
Многу размислувам за ова што го велам
Но суштината не мом да ја допрам
Често во други светови се селам
И таквите летови не мом да ги сопрам
На крајот човек сфаќа дека ништо не е важно
И открива дека живеел со надеж и вера
Опасно е ако едно од нив е лажно
Опасно е ако и во нив се претера
25.4.94
No comments:
Post a Comment