Парите се навистина отепувачка
Рече еден писател и остана жив
И додека во усниве немам плувачка
Жештинава сака да ги испука и нив
На бирото сум потпрен со лактите
Во свесен контакт со моето его
Клечам како Бог пред фактите
Очигледно го емитирам Него
Собирам вадам множам и делам
Уморен од овие математички сплетки
Спремен сум за пример да стрелам
Некој од бојаџиите со црвени четки
Мрморам негодувам јас сум тој
Се чувствувам ужасно вклештен
Песок ми фали а не сум ној
Петел су под сач вжештен
Господе неспокој душевен ме збрал
Меѓу себеси и другите осцилирам
Јас сиот себеси лично би се дал
Само да можам малку да се смирам
Ја тријам ламбата и духот го пуштам
Огромна енергија на спокој и немир
Јас сум на него спротивност сушта
Нежен ко солза и цврст ко демир
Се затворам во монотоно бедни шеми
Одговорност носам за состојбава глупа
Работам на своите незавршени теми
Свесен за отровот од пилешката супа
5.7.95
No comments:
Post a Comment