Од гласот негов боговите паѓаа на теме
И затоа сега неговиот глас се слуша таму горе
А Бог, Бог сее живо семе и Тој жнее на време
И секоја капка дожд ја претвора во бесконечно море
Боговите ни завидуваа и затоа ни го украдоа
Гласот што срцата стврднати ни ги растреперуваше
Па сепак, фала им, што и нам на кратко ни дадоа
Да уживаме во гласот што со небесата царуваше
Еден ден, некаде, на оваа мала планета
Повторно гласот боженствен ќе се роди
За да ја доврши својата мисија света
И нас замаените со занесот свој да не ослободи
И додека овие стихови од срцево мое течат
Јас палам свеќа и молам за душата негова спас
И ако можат барем малку рани да залечат
Тогаш те молам Господе имај милост кон неговиот глас
Тоше, вечна ти памет и вечна ти слава
Ќе останеш великан во македонската историја
Вечерва без здив во градиве тагава ме остава
Вечерва ми недостасува една вистинска алегорија
Rest In Peace
Friday, October 19, 2007
Sunday, October 14, 2007
Животот е среќавање со другите
Не сакам надворешниот свет да го менувам
Сфатив дека светот во мене повеќе вреди
Не сакам во партии да се зачленувам
Ги оставам нив со нивните порази и победи
Сфатив дека го сакам ова што го правам
Сфатив дека со работата се хранам
Сфатив дека најмногу добивам кога од срце давам
Сфатив дека тогаш животот со милост го бранам
И ќе останам докрај во мојава професија
Со сета своја енергија љубов и знаење
Со сето чувство на грешник и месија
Да јас ќе останам свесно и без каење
И сиот свој живот ќе му го посветам
На своето и туѓото самоспознание
Несвесното со свесност ќе го осветам
А негативното со позитивно влијание
Вистински уживам во ова што го правам
И радоста и тагата топло ги гледам
И животот при секоја средба го славам
Колку љубов давам толку и вредам
Сфатив дека светот во мене повеќе вреди
Не сакам во партии да се зачленувам
Ги оставам нив со нивните порази и победи
Сфатив дека го сакам ова што го правам
Сфатив дека со работата се хранам
Сфатив дека најмногу добивам кога од срце давам
Сфатив дека тогаш животот со милост го бранам
И ќе останам докрај во мојава професија
Со сета своја енергија љубов и знаење
Со сето чувство на грешник и месија
Да јас ќе останам свесно и без каење
И сиот свој живот ќе му го посветам
На своето и туѓото самоспознание
Несвесното со свесност ќе го осветам
А негативното со позитивно влијание
Вистински уживам во ова што го правам
И радоста и тагата топло ги гледам
И животот при секоја средба го славам
Колку љубов давам толку и вредам
Класичен цинизам (обид за лажна индиферентност)
Приговор давам и барам збор
И јас сум член на оваа планета
И имам право како жив створ
Да бидам против оваа штета
Но кој ќе го разбере зборот мој
Кој сум јас во играва тешка
Таму се знае кој е кој
На вечната моќничка вртелешка
Нихилист ли сум кој сум јас
Да чепкам во некакви светски проблеми
И кој е спремен да го чуе мојот глас
Во светов на глуви слепи и неми
Затоа секој свој потрошен збор
Го сметам за промашена инвестиција
Бидејки било кој светски спор
Се решава со војска и полиција
И нема шо тука јас да се зборам
И нема шо тука јас да се мешам
Единствено шо можам да сторам
Е да свиркам и да си го чешам
30.6.95
И јас сум член на оваа планета
И имам право како жив створ
Да бидам против оваа штета
Но кој ќе го разбере зборот мој
Кој сум јас во играва тешка
Таму се знае кој е кој
На вечната моќничка вртелешка
Нихилист ли сум кој сум јас
Да чепкам во некакви светски проблеми
И кој е спремен да го чуе мојот глас
Во светов на глуви слепи и неми
Затоа секој свој потрошен збор
Го сметам за промашена инвестиција
Бидејки било кој светски спор
Се решава со војска и полиција
И нема шо тука јас да се зборам
И нема шо тука јас да се мешам
Единствено шо можам да сторам
Е да свиркам и да си го чешам
30.6.95
ОК (Шо прајш бе, како си, арен?)
За ваквите деној Бог нека ми прости
Ги трошам онака по личен ќеф
Ако му сметам нека ме раскости
Нека ме казни ако тоа е грев
Ги разбивам шемите полни со досада
Ги кршам скоро сите норми и правила
Никнувам кај шо не ќе ме посадат
Можеби затоа сеуште досадата не ме удавила
Глупоста уште од далеку ја познавам
Опасно е секое зближување со неа
Споро но упорно себеси се спознавам
Како својот мирис така и својта реа
Се’ е сведено на роднини и пријатели фаќање
Врските се нормален начин на комуникација
Единствен профитабилен систем на обраќање
Столб на денешната урбана цивилизација
Нигде насмевка допир нежност разбирање
Само суета интерес потпикање сопки
Љубовта подлежи на секојдневно киретирање
Место радост и среќа добиваш - топки
Чувствувам дека овде ги исцрпив сите теми
Чувствувам дека се’ е само во круг вртење
Секој без да те праша гледа да ти земи
И да те намести во позиција на тртење
Потоа му останува само да ти го опаши
Па после сам ќе сфатиш кој е ебена стрнка
А ти продолжи да навиваш - НАПРЕД НАШИ
Додека нешите ти спремаат санка
Се’ правам за да се извлечам од овие злокоби
И знам дека ќе налетам на други
Ова не се времиња ова се злодоби
Роден сум да бидам еден од нивните слуги
Му служев на народот на Тито на партијата
Му служам на мудрецот како марионета
Му служам на системот и на нацијата
Му служам на црковната олигархија света
Му служам на некои неспознатливи сили
Му служам на новиот поредок светски
Во последно време скоро се’ ми се одмили
Инаку сум ОК, фала Богу, мислам теоретски
27.2.97
Ги трошам онака по личен ќеф
Ако му сметам нека ме раскости
Нека ме казни ако тоа е грев
Ги разбивам шемите полни со досада
Ги кршам скоро сите норми и правила
Никнувам кај шо не ќе ме посадат
Можеби затоа сеуште досадата не ме удавила
Глупоста уште од далеку ја познавам
Опасно е секое зближување со неа
Споро но упорно себеси се спознавам
Како својот мирис така и својта реа
Се’ е сведено на роднини и пријатели фаќање
Врските се нормален начин на комуникација
Единствен профитабилен систем на обраќање
Столб на денешната урбана цивилизација
Нигде насмевка допир нежност разбирање
Само суета интерес потпикање сопки
Љубовта подлежи на секојдневно киретирање
Место радост и среќа добиваш - топки
Чувствувам дека овде ги исцрпив сите теми
Чувствувам дека се’ е само во круг вртење
Секој без да те праша гледа да ти земи
И да те намести во позиција на тртење
Потоа му останува само да ти го опаши
Па после сам ќе сфатиш кој е ебена стрнка
А ти продолжи да навиваш - НАПРЕД НАШИ
Додека нешите ти спремаат санка
Се’ правам за да се извлечам од овие злокоби
И знам дека ќе налетам на други
Ова не се времиња ова се злодоби
Роден сум да бидам еден од нивните слуги
Му служев на народот на Тито на партијата
Му служам на мудрецот како марионета
Му служам на системот и на нацијата
Му служам на црковната олигархија света
Му служам на некои неспознатливи сили
Му служам на новиот поредок светски
Во последно време скоро се’ ми се одмили
Инаку сум ОК, фала Богу, мислам теоретски
27.2.97
Минато несвршено време
Умира на рати човеков луд
Гласал за мудреци без покритие
Врз духот негов чинат блуд
Ништачите на човечкото битие
Капиталот не знае за хуманост
Парата е единствената призма
Се спрема долг духовен пост
Зрее плодот на меѓучовечка пизма
Храбар е волкот во трло со овци
Ни овчар да викне ни пес да залае
Ко печурки се множат во матното ловци
Уплашен простиот в ќоше трае
Се шират новите бегови и паши
И денарот со марка го множат
Имаат ли добрина тие богаташи
И дали се свесни колку можат
Овие промени по живот се опсани
Препишани од запад и тука сосила спроведени
Ми се чини не ќе да се доволно возрасни
Оние од планина и оние од јасли доведени
Бивши партизани и деца на борци
Тие се новопечените капиталисти
А всушност само чопор стаорци
И неколкумина со раце чисти
Нема закон нема ни правила
Борбата сеуште се води зад кулиси
А душава моја во долгови заглавила
Дете не драпај ај пато пули си
4.7.95
Гласал за мудреци без покритие
Врз духот негов чинат блуд
Ништачите на човечкото битие
Капиталот не знае за хуманост
Парата е единствената призма
Се спрема долг духовен пост
Зрее плодот на меѓучовечка пизма
Храбар е волкот во трло со овци
Ни овчар да викне ни пес да залае
Ко печурки се множат во матното ловци
Уплашен простиот в ќоше трае
Се шират новите бегови и паши
И денарот со марка го множат
Имаат ли добрина тие богаташи
И дали се свесни колку можат
Овие промени по живот се опсани
Препишани од запад и тука сосила спроведени
Ми се чини не ќе да се доволно возрасни
Оние од планина и оние од јасли доведени
Бивши партизани и деца на борци
Тие се новопечените капиталисти
А всушност само чопор стаорци
И неколкумина со раце чисти
Нема закон нема ни правила
Борбата сеуште се води зад кулиси
А душава моја во долгови заглавила
Дете не драпај ај пато пули си
4.7.95
Додека ја отчукував песнава на компјутеро (19.2.98) имав чувство дека сум претерал и затоа ќе ја наречам - ПРЕТЕРУВАЊЕ
Повеќето умни зборови ги потрошив
За бракот за работата за нацијата
Нешто подобрив а нешто влошив
Ништо не сменав во тоталитаризмот и анархијата
Простиот плебс, глупата без’рбетна маса
Сеуште се надева и во говори верува
А змијата кога е во тесно каса
И лавот бега кога оружје во него се вперува
Нема да ви кажам шо сакам да кажам
Вие сте сепак доста умна нација
Вистина ви зборувам и тогаш кога лажам
Минхаузен тука би имал слаба репутација
Народов македонски е чудно племе
Ти го дупиш а тој усте бара
Не му е важно кој невиност ќе му земе
Со секој е спремен за дупење да прговара
ОК добро е во дијалог да влезиш
Но најбитно е дали ќе профитираш
Или на крајо будала ќе излезиш
И потоа со ММФ ќе се санираш
Девизна дупка од 50 милјони марки
Кај ни се парите - пиштат милјонерите
Тетин кај ви се сега вашите арки
Шо се пулите бе а шо се ѕверите
Овци сте биле и овци ќе останите
И јас сум и мене ова индирекно ми штети
И пак сте спремни да им верувате на стопаните
И пак сте спремни да им носите штафети
И Киро и Бранко и Стојан и Ѕинго и Тито
И разбира се деструктивната опозиција
Не се имуни на корупција и мито
Кога ќе се најдат во 5%? позиција
Политиката е курва колку и уметност
Затоа е битно кој и како ја води
И набргу ќе се почувствува нејзината штетност
Ако место уметник курва ти се згоди
И то не шогоде ами курва со стаж
Со долгогодишно педигре комунистичко
Стар лисец мудрец превеан лаж
Рцидив на некое минато време политичко
И не знам зошто сево ова го пишувам
Не знам ни кому сево ова му е наменето
Знам само дека од убавото сега се лишувам
Бидејки одамна овде не е ништо изменето
Се’ е исто и сите се исти
Тврди народо за сите партии политички
И националисти и фашисти и комунисти
Карактерни пизди и духовни пички
Само неколкумина се со мадина
Само неколкумина имаат топки
Имаме прекраесен народ и златна младина
Со дух воспитан за подметнување сопки
Остаа бе рајата нека тони
Во својата глупост и беда нека се удави
Остаа џенем нека се гони
И 1-ви и 25-ти Мај нека ги слави
Во пирамидални системи нека штеди
И нека верува во мумии балсамирани
Господе Боже зборам но шо ми вради
Штетите од злото нема да бидат санирани
И денес парче секојдневие чапнав
За од него некава поезија да напрам
На врато на логореата баш сега и’ стапнав
И решив баш овде да запрам
25.3.97
За бракот за работата за нацијата
Нешто подобрив а нешто влошив
Ништо не сменав во тоталитаризмот и анархијата
Простиот плебс, глупата без’рбетна маса
Сеуште се надева и во говори верува
А змијата кога е во тесно каса
И лавот бега кога оружје во него се вперува
Нема да ви кажам шо сакам да кажам
Вие сте сепак доста умна нација
Вистина ви зборувам и тогаш кога лажам
Минхаузен тука би имал слаба репутација
Народов македонски е чудно племе
Ти го дупиш а тој усте бара
Не му е важно кој невиност ќе му земе
Со секој е спремен за дупење да прговара
ОК добро е во дијалог да влезиш
Но најбитно е дали ќе профитираш
Или на крајо будала ќе излезиш
И потоа со ММФ ќе се санираш
Девизна дупка од 50 милјони марки
Кај ни се парите - пиштат милјонерите
Тетин кај ви се сега вашите арки
Шо се пулите бе а шо се ѕверите
Овци сте биле и овци ќе останите
И јас сум и мене ова индирекно ми штети
И пак сте спремни да им верувате на стопаните
И пак сте спремни да им носите штафети
И Киро и Бранко и Стојан и Ѕинго и Тито
И разбира се деструктивната опозиција
Не се имуни на корупција и мито
Кога ќе се најдат во 5%? позиција
Политиката е курва колку и уметност
Затоа е битно кој и како ја води
И набргу ќе се почувствува нејзината штетност
Ако место уметник курва ти се згоди
И то не шогоде ами курва со стаж
Со долгогодишно педигре комунистичко
Стар лисец мудрец превеан лаж
Рцидив на некое минато време политичко
И не знам зошто сево ова го пишувам
Не знам ни кому сево ова му е наменето
Знам само дека од убавото сега се лишувам
Бидејки одамна овде не е ништо изменето
Се’ е исто и сите се исти
Тврди народо за сите партии политички
И националисти и фашисти и комунисти
Карактерни пизди и духовни пички
Само неколкумина се со мадина
Само неколкумина имаат топки
Имаме прекраесен народ и златна младина
Со дух воспитан за подметнување сопки
Остаа бе рајата нека тони
Во својата глупост и беда нека се удави
Остаа џенем нека се гони
И 1-ви и 25-ти Мај нека ги слави
Во пирамидални системи нека штеди
И нека верува во мумии балсамирани
Господе Боже зборам но шо ми вради
Штетите од злото нема да бидат санирани
И денес парче секојдневие чапнав
За од него некава поезија да напрам
На врато на логореата баш сега и’ стапнав
И решив баш овде да запрам
25.3.97
Опасно по живот
Парите се навистина отепувачка
Рече еден писател и остана жив
И додека во усниве немам плувачка
Жештинава сака да ги испука и нив
На бирото сум потпрен со лактите
Во свесен контакт со моето его
Клечам како Бог пред фактите
Очигледно го емитирам Него
Собирам вадам множам и делам
Уморен од овие математички сплетки
Спремен сум за пример да стрелам
Некој од бојаџиите со црвени четки
Мрморам негодувам јас сум тој
Се чувствувам ужасно вклештен
Песок ми фали а не сум ној
Петел су под сач вжештен
Господе неспокој душевен ме збрал
Меѓу себеси и другите осцилирам
Јас сиот себеси лично би се дал
Само да можам малку да се смирам
Ја тријам ламбата и духот го пуштам
Огромна енергија на спокој и немир
Јас сум на него спротивност сушта
Нежен ко солза и цврст ко демир
Се затворам во монотоно бедни шеми
Одговорност носам за состојбава глупа
Работам на своите незавршени теми
Свесен за отровот од пилешката супа
5.7.95
Рече еден писател и остана жив
И додека во усниве немам плувачка
Жештинава сака да ги испука и нив
На бирото сум потпрен со лактите
Во свесен контакт со моето его
Клечам како Бог пред фактите
Очигледно го емитирам Него
Собирам вадам множам и делам
Уморен од овие математички сплетки
Спремен сум за пример да стрелам
Некој од бојаџиите со црвени четки
Мрморам негодувам јас сум тој
Се чувствувам ужасно вклештен
Песок ми фали а не сум ној
Петел су под сач вжештен
Господе неспокој душевен ме збрал
Меѓу себеси и другите осцилирам
Јас сиот себеси лично би се дал
Само да можам малку да се смирам
Ја тријам ламбата и духот го пуштам
Огромна енергија на спокој и немир
Јас сум на него спротивност сушта
Нежен ко солза и цврст ко демир
Се затворам во монотоно бедни шеми
Одговорност носам за состојбава глупа
Работам на своите незавршени теми
Свесен за отровот од пилешката супа
5.7.95
Крв во мочта
ти србин а ја македонац
ти на врби а ја у лонац
ја македонац а ти словенац
ево и теби надгробни венац
ми македонци а ви хрвати
погребна поворка и вас прати
ја македонац ти албанац а он босанац
јебеш слободу ево ти ланац
црногорче божја мрзо
ко те тако гадно сврзо
када ти је празан и стомак и лонац
за пробаву је добар кувани македонац
када ти псето побегне с ланаца
купи себи новог босанца или албанца
ако те за клање десница сврби
најподеснији за то су срби
наша демокрација до гроба че да те прати
ми смо роџени демократи ми смо брача хрвати
ко најбоље плете наш надгробни венац
па зна се ручна израда брат словенац
црногорац је србин или нешто слично
он је брачо дика нашег стабла породичног
и така продолжваме да се вртиме ко прдежи в гаќа
и едни во други ќе пукаме а ѓоа бевме браќа
очите ќе си ги извајме и пак нема ништо да сфатиме
дека сме сите исти говна мој луди побратиме
гркланите ќе си ги испосечиме и искорниме косите
а утре за леб и ние а богами и вие ќе просите
и на крајо кога меѓусебно ќе се истребиме и исколиме
ќе ни остани само на бога за милост да му се помолиме
сигурен сум дека цехо сите ќе мораме да го платиме
но и то ќе биди џабе пак ништо нема да сфатиме
а зошто?
зато шо грото на балканов не се луѓе туку безумна маса
и зато шо се поделени по вера нација и класа
и поделени ќе останат зато шо се во основа глупи
дрва за горење шо секој ги трупи
за трупење спремни уше секира фали
о сировино наивна о тешки будали
о гради без срце о черепи без мозок о стебла без гранки
замислете се тро за судбината на младите и кревки фиданки
замислете се троа што судбина ги чека
кревките колена во крвава река
шо ќе мислат за вас генерациите нови
на коишто им ги потонавте сите лаѓи и бродови
и се’ ми се чини дека одново и џабе зборови си арчам
џабе телово и духов енергетски ги парчам
а чувствувам дека енергија премногу ми фали
и зошто да ја арчам на без’рбетни будали
кога од сето тоа ќе нема фајде
доста е бе ај си ојме ајде
6.5.91
ти на врби а ја у лонац
ја македонац а ти словенац
ево и теби надгробни венац
ми македонци а ви хрвати
погребна поворка и вас прати
ја македонац ти албанац а он босанац
јебеш слободу ево ти ланац
црногорче божја мрзо
ко те тако гадно сврзо
када ти је празан и стомак и лонац
за пробаву је добар кувани македонац
када ти псето побегне с ланаца
купи себи новог босанца или албанца
ако те за клање десница сврби
најподеснији за то су срби
наша демокрација до гроба че да те прати
ми смо роџени демократи ми смо брача хрвати
ко најбоље плете наш надгробни венац
па зна се ручна израда брат словенац
црногорац је србин или нешто слично
он је брачо дика нашег стабла породичног
и така продолжваме да се вртиме ко прдежи в гаќа
и едни во други ќе пукаме а ѓоа бевме браќа
очите ќе си ги извајме и пак нема ништо да сфатиме
дека сме сите исти говна мој луди побратиме
гркланите ќе си ги испосечиме и искорниме косите
а утре за леб и ние а богами и вие ќе просите
и на крајо кога меѓусебно ќе се истребиме и исколиме
ќе ни остани само на бога за милост да му се помолиме
сигурен сум дека цехо сите ќе мораме да го платиме
но и то ќе биди џабе пак ништо нема да сфатиме
а зошто?
зато шо грото на балканов не се луѓе туку безумна маса
и зато шо се поделени по вера нација и класа
и поделени ќе останат зато шо се во основа глупи
дрва за горење шо секој ги трупи
за трупење спремни уше секира фали
о сировино наивна о тешки будали
о гради без срце о черепи без мозок о стебла без гранки
замислете се тро за судбината на младите и кревки фиданки
замислете се троа што судбина ги чека
кревките колена во крвава река
шо ќе мислат за вас генерациите нови
на коишто им ги потонавте сите лаѓи и бродови
и се’ ми се чини дека одново и џабе зборови си арчам
џабе телово и духов енергетски ги парчам
а чувствувам дека енергија премногу ми фали
и зошто да ја арчам на без’рбетни будали
кога од сето тоа ќе нема фајде
доста е бе ај си ојме ајде
6.5.91
В.П. 8459
Додека Стевче на гитара бившојугословенски сентиши свири
Додека Драганчо со некои свои пријатели муабети си тера
Додека комарците ми ја цицаат крвта ко вампири
Јас за прв пат посакав ова овде и сега да биде вчера
Мразам краеви, завршетоци и разделувања
Мразам кога убавите мигови блеснуваат и минуваат
Мразам кога во збор ги претворам сиве овие збиднувања
Но за жал, само така истите од заборав можат да се сочуваат
Завршува за мене баш утре, овој одмор, во ова лето
На ова место каде што се прекршуваат светлоста и водата
Каде што се испомешало световното со она малку свето
Каде што извира мирот и се влева во слободата
Можеби е овој одмор по редослед последен
На ова парче света македонска земја
Се прашувам - Господе за што ли сум вреден?
И што ќе понесем со себеси - освен мирис на босилек и темјан?
Што ќе понесам со себеси, освен парче сеќавање
Освен малку свест со ронки љубов по Пат стекната
И можеби понекое подзаборавено сеќавање
И душа со боженствена милост смекната
И во овој момент умов мој мисли рои
За од’ во неизвесноста, таму преку Големата Бара
И обид прави ова овде и сега со тоа таму и тогаш да го спои
И со потребата за промена да ја скрши навиката стара
И додека разни звуци врз ушиве мои атакуваат
Јас се обидувам парчево време да го претворам во збор
Бидејки сепак, само зборовите можат да го сочуваат
Сеќавањето за овој убав и краток одмор
А се’ почна со Фиат 124 и рикната машина
Со батисани лагери на радилицата
И со високо крената хистерична прашина
И ѕвер спремен да и’ ја скрши вилицата
Но милоста господова испадна повеличенствена
Умот и срцето научиле како ударите да ги ескивираат
Нежност и’ фали на нејзината енергија женствена
И молитви - кога од умот злобни мисли извираат
Минуваат и овие последни будни мигови ноќни
Со чашка ракија в рака и зелка за салта
Се обидувам врз хартијава да оставам траги моќни
Додека седиме, пиеме и мезиме јас и Стевче двата
Одвреме навреме гласната кич музика мирот ни го ремети
Но успешно на својте песни и муабети се навраќаме
И само на моменти кичот успева да не зашемети
Кога со цинични забелешки внимание му возвраќаме
А времето е Бог, и не стои, туку брзо врви
И тага в срце вгнездува и солза од око откинува
На светов и веков ние не сме ни последни, а ни први
На коишто не им се допаѓа тоа што времето одминува
Којзнае каде ќе завршат овие одморски писанија
Овие траги во свеста со разновидни емоции испреплетени
И само Бог знае впечатоциве какви ќе имаат влијанија
Врз сништата за сите пеколи и раеви од Него лично ветени
Господе,
Ќе мине и овој одмор и сал сеќавањата на хартијава ќе останат
Напишани од раката на овој его лудак, споени со неговата детска душа
И сал ти Господе знаеш шо умој утре недоветниов ќе го манат
И дали и кога и како ќе научи тој словото Твое да го слуша
28.7.99-то лето Господово, Среда, околу 23 часот, воен камп Св. Наум, до Св, Петка.
Додека Драганчо со некои свои пријатели муабети си тера
Додека комарците ми ја цицаат крвта ко вампири
Јас за прв пат посакав ова овде и сега да биде вчера
Мразам краеви, завршетоци и разделувања
Мразам кога убавите мигови блеснуваат и минуваат
Мразам кога во збор ги претворам сиве овие збиднувања
Но за жал, само така истите од заборав можат да се сочуваат
Завршува за мене баш утре, овој одмор, во ова лето
На ова место каде што се прекршуваат светлоста и водата
Каде што се испомешало световното со она малку свето
Каде што извира мирот и се влева во слободата
Можеби е овој одмор по редослед последен
На ова парче света македонска земја
Се прашувам - Господе за што ли сум вреден?
И што ќе понесем со себеси - освен мирис на босилек и темјан?
Што ќе понесам со себеси, освен парче сеќавање
Освен малку свест со ронки љубов по Пат стекната
И можеби понекое подзаборавено сеќавање
И душа со боженствена милост смекната
И во овој момент умов мој мисли рои
За од’ во неизвесноста, таму преку Големата Бара
И обид прави ова овде и сега со тоа таму и тогаш да го спои
И со потребата за промена да ја скрши навиката стара
И додека разни звуци врз ушиве мои атакуваат
Јас се обидувам парчево време да го претворам во збор
Бидејки сепак, само зборовите можат да го сочуваат
Сеќавањето за овој убав и краток одмор
А се’ почна со Фиат 124 и рикната машина
Со батисани лагери на радилицата
И со високо крената хистерична прашина
И ѕвер спремен да и’ ја скрши вилицата
Но милоста господова испадна повеличенствена
Умот и срцето научиле како ударите да ги ескивираат
Нежност и’ фали на нејзината енергија женствена
И молитви - кога од умот злобни мисли извираат
Минуваат и овие последни будни мигови ноќни
Со чашка ракија в рака и зелка за салта
Се обидувам врз хартијава да оставам траги моќни
Додека седиме, пиеме и мезиме јас и Стевче двата
Одвреме навреме гласната кич музика мирот ни го ремети
Но успешно на својте песни и муабети се навраќаме
И само на моменти кичот успева да не зашемети
Кога со цинични забелешки внимание му возвраќаме
А времето е Бог, и не стои, туку брзо врви
И тага в срце вгнездува и солза од око откинува
На светов и веков ние не сме ни последни, а ни први
На коишто не им се допаѓа тоа што времето одминува
Којзнае каде ќе завршат овие одморски писанија
Овие траги во свеста со разновидни емоции испреплетени
И само Бог знае впечатоциве какви ќе имаат влијанија
Врз сништата за сите пеколи и раеви од Него лично ветени
Господе,
Ќе мине и овој одмор и сал сеќавањата на хартијава ќе останат
Напишани од раката на овој его лудак, споени со неговата детска душа
И сал ти Господе знаеш шо умој утре недоветниов ќе го манат
И дали и кога и како ќе научи тој словото Твое да го слуша
28.7.99-то лето Господово, Среда, околу 23 часот, воен камп Св. Наум, до Св, Петка.
Ловци на октоподи
Ги прашав - Имаме ли море?, рекоа - Не!
Некогаш Пелагонија ја плискале морски води
Им реков - Тогаш од каде батка бе,
Кај нас толку многу ловци на октоподи?
Се подумаа и само подигнаа рамена
А јас незадоволен од одговорот тргнав да си одам
И си реков во себеси - Е мори главо камена
Ти си последната будала со ова шо се глода
Зошто душата уште си ја јадиш
Со ебачи на ветерот и ловци на октоподи
Зошто себеси се уриваш место да се градиш
Пушти си ја душата напред нека оди
Но нешто не ми дава, однатре ме гризи
Нешто друго пак ми вели дека сум будала
Место да заработуваш купишта девизи
Ти се обидуваш да се бориш со Црвената Ала
Се обидуваш принц да бидеш на коњ бел
Што од ѕверот ќе ја спаси убавата принцеза
Се’ додека, РАЗБИРА СЕ, не го попушиш цел
Се’ додека не ти ја растурат сета биогенеза
Остај ги мудреците и ветровитите ебачи
Остај ги оние шо се кажват на октоподи ловци
Шо се занимаваш со оние на умо перачи
И оние со дрога, со бело робје и со души трговци
Ти бе батка за то компетентен не си
Ти за то сеуште немаш мадина
И те молам не туку глупости треси
Не пуљиш дека и тебе те зафатила истата црвојадина
И ти сега ми глуматаш некаков си инсектицид
Или пак се обидуваш на раната да бидеш јод
Сакаш од сите бољки да го излечиш човечкиот вид
Сакаш да го дезинфицираш сиот човечки род
Има бе батка Некој што се грижи
Постои зад сево ова Некое моќно Битие
Зар не пуљиш дека судниот ден се ближи
Кога секој за својте глупости ќе мора да има покритие
Зато сврти си го умо на друга страна
И ич бе батка тебе да не ти е гајле
Не се однесвај ко умо да ти го испила некоја врана
Нов ден те чека баш утре сабајле
2.10.97
Некогаш Пелагонија ја плискале морски води
Им реков - Тогаш од каде батка бе,
Кај нас толку многу ловци на октоподи?
Се подумаа и само подигнаа рамена
А јас незадоволен од одговорот тргнав да си одам
И си реков во себеси - Е мори главо камена
Ти си последната будала со ова шо се глода
Зошто душата уште си ја јадиш
Со ебачи на ветерот и ловци на октоподи
Зошто себеси се уриваш место да се градиш
Пушти си ја душата напред нека оди
Но нешто не ми дава, однатре ме гризи
Нешто друго пак ми вели дека сум будала
Место да заработуваш купишта девизи
Ти се обидуваш да се бориш со Црвената Ала
Се обидуваш принц да бидеш на коњ бел
Што од ѕверот ќе ја спаси убавата принцеза
Се’ додека, РАЗБИРА СЕ, не го попушиш цел
Се’ додека не ти ја растурат сета биогенеза
Остај ги мудреците и ветровитите ебачи
Остај ги оние шо се кажват на октоподи ловци
Шо се занимаваш со оние на умо перачи
И оние со дрога, со бело робје и со души трговци
Ти бе батка за то компетентен не си
Ти за то сеуште немаш мадина
И те молам не туку глупости треси
Не пуљиш дека и тебе те зафатила истата црвојадина
И ти сега ми глуматаш некаков си инсектицид
Или пак се обидуваш на раната да бидеш јод
Сакаш од сите бољки да го излечиш човечкиот вид
Сакаш да го дезинфицираш сиот човечки род
Има бе батка Некој што се грижи
Постои зад сево ова Некое моќно Битие
Зар не пуљиш дека судниот ден се ближи
Кога секој за својте глупости ќе мора да има покритие
Зато сврти си го умо на друга страна
И ич бе батка тебе да не ти е гајле
Не се однесвај ко умо да ти го испила некоја врана
Нов ден те чека баш утре сабајле
2.10.97
Родителите што ги јадат своите деца и децата што им се одмаздуваат, не само на своите родители, туку и на своите деца
Не слуша оној што има уши
Туку само оној што слух има
И нема оној кому глата му туши
Да ја сфати оваа грубо-суптилна рима
Јас и после ова ќе останам тула
Во новоизградениот цивилизациски ѕид
И нема да вредам повеќе од нула
За оние со очи а без вид
Постојано се рануваме и не си простуваме
Бидејки такви какви што сме не се прифаќаме
И едни со други ѕверски се раскостуваме
А потоа грешките на сопствените глупости ги плаќаме
Индивидуалната преку општата историја се повторува
А животот е тој што постојано трпи
Господе само да го чуеш што зборува
Ќе дознаеш од каде зли искуства црпи
Господе животот е исполнет со ранување
А душата целата болка ја регистрира
Секое физичко или вербално заканување
Со текот на индивидуалниот живот интерферира
За сево ова ќе напишам есеј со наслов
Родителите коишто своите деца ги јадат
И децата што со нив водат одмазнички лов
Во кој и едните и другите ќе настарадат
31.8.97
Туку само оној што слух има
И нема оној кому глата му туши
Да ја сфати оваа грубо-суптилна рима
Јас и после ова ќе останам тула
Во новоизградениот цивилизациски ѕид
И нема да вредам повеќе од нула
За оние со очи а без вид
Постојано се рануваме и не си простуваме
Бидејки такви какви што сме не се прифаќаме
И едни со други ѕверски се раскостуваме
А потоа грешките на сопствените глупости ги плаќаме
Индивидуалната преку општата историја се повторува
А животот е тој што постојано трпи
Господе само да го чуеш што зборува
Ќе дознаеш од каде зли искуства црпи
Господе животот е исполнет со ранување
А душата целата болка ја регистрира
Секое физичко или вербално заканување
Со текот на индивидуалниот живот интерферира
За сево ова ќе напишам есеј со наслов
Родителите коишто своите деца ги јадат
И децата што со нив водат одмазнички лов
Во кој и едните и другите ќе настарадат
31.8.97
Saturday, October 13, 2007
Политика
Се редат политички гарнитури
СДСМ Социјалисти Либерали
Досега изумреле доста култури
Нерон последната клечка ја пали
За една пичка падна Троја
Александро до Индија се шири
Лавовско срце во крвава боја
Британски племиња мири
Зарем и ти Бруте сине
Јулие Цезар крикна
Горе на тронот често се гине
Крв во млазеви шикна
Ослепени чекорат цврсто
Царот Самоил ги чека
Некои гинат горе на крсто
Некои прегазени во Мека
Кај си Стаљине камарад
Тито од тебе да учи
Нема да дозволи лавот млад
Ништо случајно да се случи
Орвелова 84-та одамна мина
А всушност допрва следи
На Тјен Ан Мен крвареше Кина
Животот човечки малку вреди
Битно е на врвот да се стигне
Најчесто преку човечки черепи
Битно е до Бога да се дигне
Секој еден од водачите слепи
Власта многу високо се цени
Слатака е диригентската палица
Најчесто ја држат кретени
Во сала со изгасната сијалица
И во мракот мафтаат од тронот
А масата глупа кротко ги прати
Си го оствариле батината сонот
Леб игри и крв народе нати
19.7.95
СДСМ Социјалисти Либерали
Досега изумреле доста култури
Нерон последната клечка ја пали
За една пичка падна Троја
Александро до Индија се шири
Лавовско срце во крвава боја
Британски племиња мири
Зарем и ти Бруте сине
Јулие Цезар крикна
Горе на тронот често се гине
Крв во млазеви шикна
Ослепени чекорат цврсто
Царот Самоил ги чека
Некои гинат горе на крсто
Некои прегазени во Мека
Кај си Стаљине камарад
Тито од тебе да учи
Нема да дозволи лавот млад
Ништо случајно да се случи
Орвелова 84-та одамна мина
А всушност допрва следи
На Тјен Ан Мен крвареше Кина
Животот човечки малку вреди
Битно е на врвот да се стигне
Најчесто преку човечки черепи
Битно е до Бога да се дигне
Секој еден од водачите слепи
Власта многу високо се цени
Слатака е диригентската палица
Најчесто ја држат кретени
Во сала со изгасната сијалица
И во мракот мафтаат од тронот
А масата глупа кротко ги прати
Си го оствариле батината сонот
Леб игри и крв народе нати
19.7.95
Психо...
Неопремен со инструменти
Јас се вложувам себеси лично
Во директен контакт со мојте клиенти
Спремен да слушнам искуство трагично
Јас сум психолог недовршен
И работам да напреднам во својата струка
Свесноста дека не сум совршен
Ме тера да ја учам оваа наука
Психологијата сеуште нема факти цврсти
Постојат различни теории и методи
Можно е иста работа различно да се крсти
И различен приод со ист плод да се вроди
Многу работи сеуште не ми се јасни
Останува само личниот душевен влог
И стотици искуства, грди и прекрасни
Предизвик е да се биде психолог
28.8.95
Јас се вложувам себеси лично
Во директен контакт со мојте клиенти
Спремен да слушнам искуство трагично
Јас сум психолог недовршен
И работам да напреднам во својата струка
Свесноста дека не сум совршен
Ме тера да ја учам оваа наука
Психологијата сеуште нема факти цврсти
Постојат различни теории и методи
Можно е иста работа различно да се крсти
И различен приод со ист плод да се вроди
Многу работи сеуште не ми се јасни
Останува само личниот душевен влог
И стотици искуства, грди и прекрасни
Предизвик е да се биде психолог
28.8.95
К-15 (ка петнајс)
На оваа плата добив ка петнајсе
Само полојна, но не и цело
Е па сеа во моја позиција клај се
И покажи се тетин на дело
Едвај двеста марки со кредити
Парата лета по потреби битни
И волко на број и овците сити
Нужни се економски мерки хитни
Држава за мерак, од ум да се шекниш
Безумно племе, маме д’ебам
Не знам каков уметнички дојам ќе стекниш
Одвренме, навреме и Џокер гребам
И пушам длабоко, тргам в бели дробој
И чувствувам како елегантно ми го качат
И копам во себеси секојдневно гробој
За оние што до вчера мислев дека нешто ми значат
Реалноста ја прифаќам ужасно свесен
И пробам нешто малку да сменам
И свесен за тоа дека сум бесен
Се спремам едра високо да кренам
Да фатам правец далеку вуспич
Да не гледам пустош од лакоми гадој
Подалеку од овој ортодоксен кич
Од овие отровници, беди и јадој
Мислев ќе се смирам, а всушност сум гневен
Гледајки ги колку го вреднуваат мојот труд
Колу за нечиј џепарец дневен
На некој од мене повеќе луд
Но се надевам дека сепак нешто ќе сменам
Нема да останам на овој степен низок
Се спремем некоја да му ја вденам
На оној што не го чувствувам за близок
Последна строфа ќе отчукам сега
И 11-ти Октоомври ќе го дочекам со дигнато чело
Сега засега нема кај да се бега
Уште малку ќе го славам Титовото дело
10.10.96
Само полојна, но не и цело
Е па сеа во моја позиција клај се
И покажи се тетин на дело
Едвај двеста марки со кредити
Парата лета по потреби битни
И волко на број и овците сити
Нужни се економски мерки хитни
Држава за мерак, од ум да се шекниш
Безумно племе, маме д’ебам
Не знам каков уметнички дојам ќе стекниш
Одвренме, навреме и Џокер гребам
И пушам длабоко, тргам в бели дробој
И чувствувам како елегантно ми го качат
И копам во себеси секојдневно гробој
За оние што до вчера мислев дека нешто ми значат
Реалноста ја прифаќам ужасно свесен
И пробам нешто малку да сменам
И свесен за тоа дека сум бесен
Се спремам едра високо да кренам
Да фатам правец далеку вуспич
Да не гледам пустош од лакоми гадој
Подалеку од овој ортодоксен кич
Од овие отровници, беди и јадој
Мислев ќе се смирам, а всушност сум гневен
Гледајки ги колку го вреднуваат мојот труд
Колу за нечиј џепарец дневен
На некој од мене повеќе луд
Но се надевам дека сепак нешто ќе сменам
Нема да останам на овој степен низок
Се спремем некоја да му ја вденам
На оној што не го чувствувам за близок
Последна строфа ќе отчукам сега
И 11-ти Октоомври ќе го дочекам со дигнато чело
Сега засега нема кај да се бега
Уште малку ќе го славам Титовото дело
10.10.96
Вработување
ме распределивте
фала ви
ме вработивте
фала ви
в раце ме имате
фала ви
кога не ви требам не ме чепкате
фала ви
правото на глас ми го одзедовте
фала ви
плен на сопствената совест ме направивте
фала ви
кога себеси ќе си требам - ќе ме нема
фала ви
појлете и друг пат
6.6.87
фала ви
ме вработивте
фала ви
в раце ме имате
фала ви
кога не ви требам не ме чепкате
фала ви
правото на глас ми го одзедовте
фала ви
плен на сопствената совест ме направивте
фала ви
кога себеси ќе си требам - ќе ме нема
фала ви
појлете и друг пат
6.6.87
Колективни глупости
Пљампаат за некави си
договори колективни
Нивни, нивни
А не наши
Шо ме плаши
Ќе има и вишоци технолошки
Ќе има вошки
Зло време
Ѓаол да го земе
16.12.91
договори колективни
Нивни, нивни
А не наши
Шо ме плаши
Ќе има и вишоци технолошки
Ќе има вошки
Зло време
Ѓаол да го земе
16.12.91
Бардови
Бардови на македонската поезија
Подлизурковци на секој свита
Дали страдате од амнезија
Вие самоизбраната поетска елита
Подлизурковци на секој свита
Дали страдате од амнезија
Вие самоизбраната поетска елита
Оценување
Подранувам
Ги завиткувам утринските сончеви зраци
меѓу две корици со црни букви
и бели сводови
И ги носам со себе в гимназија
и им ги давам
да ми ги оценат
А тие - оценуваат
А што?
Моите неспани грчевити ноќи во солзи
Моите сончеви утра
А тие оценуваат
А животот минува
И зарем можат да ги оценат оние утрински зраци
што секогаш ги собирав во китка
и ги ставав меѓу овие две корици
Не
А тие ги оценуваат
А колку подоцна ќе ми требаат тие утра згужвани
меѓу тие две корици со црни букви и бели сводови
Кога тие ќе изминат
сфаќаме дека се не-про-ценливи
Но тогаш ќе биде касно
Сега е касно
Бидејки тие се веќе зад мене
Останаа сите тие ноќи,утра,денови
Останаа во минатото
Во сеќавањето
Оценети
Ги завиткувам утринските сончеви зраци
меѓу две корици со црни букви
и бели сводови
И ги носам со себе в гимназија
и им ги давам
да ми ги оценат
А тие - оценуваат
А што?
Моите неспани грчевити ноќи во солзи
Моите сончеви утра
А тие оценуваат
А животот минува
И зарем можат да ги оценат оние утрински зраци
што секогаш ги собирав во китка
и ги ставав меѓу овие две корици
Не
А тие ги оценуваат
А колку подоцна ќе ми требаат тие утра згужвани
меѓу тие две корици со црни букви и бели сводови
Кога тие ќе изминат
сфаќаме дека се не-про-ценливи
Но тогаш ќе биде касно
Сега е касно
Бидејки тие се веќе зад мене
Останаа сите тие ноќи,утра,денови
Останаа во минатото
Во сеќавањето
Оценети
Ме прашаја - Дете, шо пиеш?
За многу краток рок
локнав литро ШТОК
А после ме усрекија
со пол кило ВЕКИЈА
Тркнав тро на бакија
за три четврти РАКИЈА
Потоа за стотка
си купив шише ВОТКА
Кај моите блиски
испив многу ВИСКИ
Ко се напив ЛИКЕР
верглав како спикер
За да ми е фино
испив тројчка ВИНО
Баш ми беше криво
шо не пробав ПИВО
После с’изнервирав
и пијачка не бирав
Пиев се од редум
во мугрите до седум
Ме носеја на болница
а јас барав расолница
Па јас не сум пијан
не напрајв некој зијан
Нема ништо да ми стани
од неколку МАЛИГАНИ
23.12.93
локнав литро ШТОК
А после ме усрекија
со пол кило ВЕКИЈА
Тркнав тро на бакија
за три четврти РАКИЈА
Потоа за стотка
си купив шише ВОТКА
Кај моите блиски
испив многу ВИСКИ
Ко се напив ЛИКЕР
верглав како спикер
За да ми е фино
испив тројчка ВИНО
Баш ми беше криво
шо не пробав ПИВО
После с’изнервирав
и пијачка не бирав
Пиев се од редум
во мугрите до седум
Ме носеја на болница
а јас барав расолница
Па јас не сум пијан
не напрајв некој зијан
Нема ништо да ми стани
од неколку МАЛИГАНИ
23.12.93
Да
Денот и ноќта во лимбо ми се споени
Гледам како децата мрсулите ги лижат
Ги арчам последните секунди одброени
Овците очигледно мора да се стрижат
Српските шовинисти се обидуваат да ме стресат
Албанските балисти ми ’рчкаат во раните
Грчките демократи сакаат да ме бесат
Од Б’лгарија ме дамнат гарваните
А мене ич око не ми трепнува
Нека дојдат ако се толку силни
Свеста во мене штотуку закрепнува
Од некои проблеми многу посуптилни
Јас се плашам од македонските шпиони
Мене ми е страв од веќе продаените
Ме фаќа паника од кралевите-пиони
И од оние национално неосознаените
Потрошив премногу тешки зборови
Очекувањата воопшто не ми се остварија
Од овие црвјосани трупци јаворови
Ќе ја доживеам последната човечка хаварија
Гледам како децата мрсулите ги лижат
Ги арчам последните секунди одброени
Овците очигледно мора да се стрижат
Српските шовинисти се обидуваат да ме стресат
Албанските балисти ми ’рчкаат во раните
Грчките демократи сакаат да ме бесат
Од Б’лгарија ме дамнат гарваните
А мене ич око не ми трепнува
Нека дојдат ако се толку силни
Свеста во мене штотуку закрепнува
Од некои проблеми многу посуптилни
Јас се плашам од македонските шпиони
Мене ми е страв од веќе продаените
Ме фаќа паника од кралевите-пиони
И од оние национално неосознаените
Потрошив премногу тешки зборови
Очекувањата воопшто не ми се остварија
Од овие црвјосани трупци јаворови
Ќе ја доживеам последната човечка хаварија
Си веруваат луѓето
И сеуште има негови верници
И денденес тврдат - Убаво ни беше
При секој бој со овие ветерници
Самиот себеси си изгледам смешен
И сеуште има идолопоклоници титови
Јас во осумдесетите бев исто така
Одамна имам раскрстено со тотеми и митови
Со српот, чеканот и црвената петокрака
И денденес тврдат - Убаво ни беше
При секој бој со овие ветерници
Самиот себеси си изгледам смешен
И сеуште има идолопоклоници титови
Јас во осумдесетите бев исто така
Одамна имам раскрстено со тотеми и митови
Со српот, чеканот и црвената петокрака
За тебе којашто во љубов би се прекрстила
Нагонот е пес врзан што бесно ’ржи
Кога последен пат радост си му дала
Колку подолго под синџир го држиш
Толку почесто од тебе ќе прави будала
Сеедно е во какви стихови ќе го срочиш
Тој е нагон, тој е енергија сирова
И секогаш кога него го потискаш и кочиш
Имаш доживување на победа пирова
Љубовта е негова форма софистицирана
Таа е искра што факелот го пали
Енергијата во нејзиниот трезор депонирана
Е помоќна од сите нуклеарни централи
Не те познавам и не мом многу да речам
Знам само дека љубов би можел да те викам
И не знам дали сакам да се спречам
Или да продолжам со збор да те сликам
Имаш огин во очите, а во усните плам
Гордост во градите, во срцето жар
И не знам што јас би можел да ти дам
Какво битно парче од себеси на дар
Да ме паметиш и тогаш кога не ќе сум жив
Не знам што би можел, освен оваа песна
Кога би ти понудил дел од нагонот див
Претпоставувам дека на мене би била бесна
Неќам да ти се доближам повеќе од толку
Би му потклекнал сигурно на страста своја
Затоа е подобро да заминам молкум
Пред повторно да изгори некоја Троја
Р.Ѕ.
Твојот стил е болскот на молња
А мојот е безброј ровји што јачат
Љубов би те викал место Соња
Но имињата мене ништо не ми значат
7.2.97
Кога последен пат радост си му дала
Колку подолго под синџир го држиш
Толку почесто од тебе ќе прави будала
Сеедно е во какви стихови ќе го срочиш
Тој е нагон, тој е енергија сирова
И секогаш кога него го потискаш и кочиш
Имаш доживување на победа пирова
Љубовта е негова форма софистицирана
Таа е искра што факелот го пали
Енергијата во нејзиниот трезор депонирана
Е помоќна од сите нуклеарни централи
Не те познавам и не мом многу да речам
Знам само дека љубов би можел да те викам
И не знам дали сакам да се спречам
Или да продолжам со збор да те сликам
Имаш огин во очите, а во усните плам
Гордост во градите, во срцето жар
И не знам што јас би можел да ти дам
Какво битно парче од себеси на дар
Да ме паметиш и тогаш кога не ќе сум жив
Не знам што би можел, освен оваа песна
Кога би ти понудил дел од нагонот див
Претпоставувам дека на мене би била бесна
Неќам да ти се доближам повеќе од толку
Би му потклекнал сигурно на страста своја
Затоа е подобро да заминам молкум
Пред повторно да изгори некоја Троја
Р.Ѕ.
Твојот стил е болскот на молња
А мојот е безброј ровји што јачат
Љубов би те викал место Соња
Но имињата мене ништо не ми значат
7.2.97
Очигледно ништо не се менува
Ме плашат оние премногу чисти
Пред нив се чувствувам валкан
Ме плашат новите бирачки листи
И бурево барут наречено Балкан
Со брз чекор зимата се ближи
Се чувствувам ебено збунет
Се’ тече, се’ се движи
Рамазан, бајрам, сунет
Во сето тоа нема ништо лошо
Лоша е идејата експанзионистичка
Оние горе се прат на тошо
Целата врхушка политичка
Ме плаши она што го прават
Окото не ми игра на арно
Ми се чини ќе не заглават
Сонувам, а ко да е стварно
Овие стихови се куршуми боеви
И не сакам да ги испукам во празно
Главата в песок килави ноеви
Таму долу е вашето азно
Овие стихови не се ќорци
Од моето срце се испукани
Владеат синовите и бившите борци
Од историјата веќе исплукани
Повторно истите грешки ги прават
Од стока друго и не очекувам
По повод своите глупости слават
Со овие стихови нема да ги излекувам
Тие се како клетки канцерозни
Тие се плевел од најлош вид
Тие се суштества лепрозни
Тие се нашиот Берлински ѕид
30.9.93
Пред нив се чувствувам валкан
Ме плашат новите бирачки листи
И бурево барут наречено Балкан
Со брз чекор зимата се ближи
Се чувствувам ебено збунет
Се’ тече, се’ се движи
Рамазан, бајрам, сунет
Во сето тоа нема ништо лошо
Лоша е идејата експанзионистичка
Оние горе се прат на тошо
Целата врхушка политичка
Ме плаши она што го прават
Окото не ми игра на арно
Ми се чини ќе не заглават
Сонувам, а ко да е стварно
Овие стихови се куршуми боеви
И не сакам да ги испукам во празно
Главата в песок килави ноеви
Таму долу е вашето азно
Овие стихови не се ќорци
Од моето срце се испукани
Владеат синовите и бившите борци
Од историјата веќе исплукани
Повторно истите грешки ги прават
Од стока друго и не очекувам
По повод своите глупости слават
Со овие стихови нема да ги излекувам
Тие се како клетки канцерозни
Тие се плевел од најлош вид
Тие се суштества лепрозни
Тие се нашиот Берлински ѕид
30.9.93
Систем
Запчаниците на крвожедната мегамашина
Непрестано неуроните ми ги мелат
Една по една синапса ми кинат
Целината на парчиња ми ја делат
Оваа машина духот го дроби
А телото го остава да венее и да се суши
Со мене долго се вршени проби
Човекот во мене да се задуши
Триесетина години умот ми го хранат
Со купишта монтирани информации
И сеуште се обидуваат да го одбранат
Системот на душевни девијации
Последиците уште долго ќе траат
Од пeтдецениската духовна девалвација
Тие повторно што прават знаат
Ја ништат сопствената нација
Тие се творци на оваа државна машина
Тие повторно за власт се борат
Не дозволуваат врз системот да падне прашина
За да опстане истиот се’ ќе сторат
Јас ја набљудувам трката бесна
Без перде се убива се граба се кради
Изумира и последната единка чесна
Расипани се сите и стари и млади
Ако постои Бог, ако навистина го има
Се надевам дека ќе се обиди нешто да смени
Бидејки ништо не се Нагасаки и Хирошима
Во однос на овие деструктивни кретени
Непрестано неуроните ми ги мелат
Една по една синапса ми кинат
Целината на парчиња ми ја делат
Оваа машина духот го дроби
А телото го остава да венее и да се суши
Со мене долго се вршени проби
Човекот во мене да се задуши
Триесетина години умот ми го хранат
Со купишта монтирани информации
И сеуште се обидуваат да го одбранат
Системот на душевни девијации
Последиците уште долго ќе траат
Од пeтдецениската духовна девалвација
Тие повторно што прават знаат
Ја ништат сопствената нација
Тие се творци на оваа државна машина
Тие повторно за власт се борат
Не дозволуваат врз системот да падне прашина
За да опстане истиот се’ ќе сторат
Јас ја набљудувам трката бесна
Без перде се убива се граба се кради
Изумира и последната единка чесна
Расипани се сите и стари и млади
Ако постои Бог, ако навистина го има
Се надевам дека ќе се обиди нешто да смени
Бидејки ништо не се Нагасаки и Хирошима
Во однос на овие деструктивни кретени
Зборот е мртов,да живее зборот
Го оставив зборот сам да си речи
Сам да си кажи за својта агонија
Го пуштив како Црна змијулесто да течи
Низ Бившото Мочуриште Пелагонија
Го оставив зборот меѓу шамаците
Самиот да ја гази длабоката тиња
Му го препуштив зборот на АКМАЦИТЕ
Но очигледно немаат доволно мадиња
Го оставив зборот во бавча со рози
Пчелите од него да збираат полен
Ги уништи зборот македонските кози
Тоа беше збор на нечиј ум болен
Го оставив зборот сред улица
Во правта и смрдеата на ауспусите
Го одвеа зборот првата виулица
Му подлегна кутриот на вирусите
22.4.94
Сам да си кажи за својта агонија
Го пуштив како Црна змијулесто да течи
Низ Бившото Мочуриште Пелагонија
Го оставив зборот меѓу шамаците
Самиот да ја гази длабоката тиња
Му го препуштив зборот на АКМАЦИТЕ
Но очигледно немаат доволно мадиња
Го оставив зборот во бавча со рози
Пчелите од него да збираат полен
Ги уништи зборот македонските кози
Тоа беше збор на нечиј ум болен
Го оставив зборот сред улица
Во правта и смрдеата на ауспусите
Го одвеа зборот првата виулица
Му подлегна кутриот на вирусите
22.4.94
Неќам да сум добар
Ми држат лекции за добро поведение
А јас најчесто сакам да сум лош
Во нивните совети немам поверение
Сакаат да ме втераат в ќош
Од мене бараат да сум послушен
Да сум добар, поточно покорен
Подобро да висам или да сум пробушен
Одошто во мене да ’рти злокорен
Сакаат без’рбетност да ми всадат
Сакаат духот да ми го скршат
Околу мене безизлез градат
Еднаш засекогаш со мене да завршат
Но јас имам семе од троска
И од смртта не ми е страв
Јас не сум од крв, месо и коска
Јас сум во срцето лав
3.9.93
А јас најчесто сакам да сум лош
Во нивните совети немам поверение
Сакаат да ме втераат в ќош
Од мене бараат да сум послушен
Да сум добар, поточно покорен
Подобро да висам или да сум пробушен
Одошто во мене да ’рти злокорен
Сакаат без’рбетност да ми всадат
Сакаат духот да ми го скршат
Околу мене безизлез градат
Еднаш засекогаш со мене да завршат
Но јас имам семе од троска
И од смртта не ми е страв
Јас не сум од крв, месо и коска
Јас сум во срцето лав
3.9.93
Смртта е волшепство (коса проекција)
Од толку глупости ќе колабирам
Време е в пустелија да се повлечам
И да пробам да се смирам
Ново руво да си облечам
Навистина е напорно ова сето
И премногу тешко за поднесување
Се чудам денес гледајки го свето
Колку бргу го менува своето однесување
Се прават навистина движења чудни
Некои се вртат и за 360 степени
Некои прават и дејанија блудни
Само со ќеш ако се поткрепени
Често не постои никакво покритие
Само тврда лушпа од нечија суета
Губи смисла човековото битие
При уништувањето на оваа планета
Многу размислувам за ова што го велам
Но суштината не мом да ја допрам
Често во други светови се селам
И таквите летови не мом да ги сопрам
На крајот човек сфаќа дека ништо не е важно
И открива дека живеел со надеж и вера
Опасно е ако едно од нив е лажно
Опасно е ако и во нив се претера
25.4.94
Време е в пустелија да се повлечам
И да пробам да се смирам
Ново руво да си облечам
Навистина е напорно ова сето
И премногу тешко за поднесување
Се чудам денес гледајки го свето
Колку бргу го менува своето однесување
Се прават навистина движења чудни
Некои се вртат и за 360 степени
Некои прават и дејанија блудни
Само со ќеш ако се поткрепени
Често не постои никакво покритие
Само тврда лушпа од нечија суета
Губи смисла човековото битие
При уништувањето на оваа планета
Многу размислувам за ова што го велам
Но суштината не мом да ја допрам
Често во други светови се селам
И таквите летови не мом да ги сопрам
На крајот човек сфаќа дека ништо не е важно
И открива дека живеел со надеж и вера
Опасно е ако едно од нив е лажно
Опасно е ако и во нив се претера
25.4.94
неоквазикомунистичка стокологија
о стоко избезумена
и ефтино продаена
со палица гумена
тотално збрлаена
о стоко обезглавена
зборови веќе немам
за темава поставена
повторно да се завземам
10.8.93
и ефтино продаена
со палица гумена
тотално збрлаена
о стоко обезглавена
зборови веќе немам
за темава поставена
повторно да се завземам
10.8.93
На работа во 7
Пајак на работ од сликата
и ушедна ноќ непреспиена
И’ се повинувам на навиката
пијавица за срце припиена
Календарот ги брои датите
ко некој верен сметководител
На рати ми стигаат платите
јас сум наводно вработен родител
Пред мене цвеќе никнува
колешката што го засадила
Во мене животот рикнува
љубовта не го навадила
Пенџер отворен кон ѕидови
со поглед соѕидан од четири страни
Без сонца без неба без ридови
сал тела во сонот изрешетани
Линолеум под ноѕете сеќавам
ко да сум растен во некоја фолија
Оние што катаден ги среќавам
да ги поздравам не ми дозволија
Во ќошот столици искршени
Сунѓер ѕирка од испараните седела
Еден куп гешталти недовршени
од мои и туѓи недела
Во устата ставам мастика
вкус со неодредена блажина
Меѓу забите мека пластика
дете во лулка од пајажина
Во ходникот штикли непрекидно сноват
а јас седам и зборови бирам
Магливи мисли низ умот ми пловат
обид правам да ги консолидирам
12.10.93
и ушедна ноќ непреспиена
И’ се повинувам на навиката
пијавица за срце припиена
Календарот ги брои датите
ко некој верен сметководител
На рати ми стигаат платите
јас сум наводно вработен родител
Пред мене цвеќе никнува
колешката што го засадила
Во мене животот рикнува
љубовта не го навадила
Пенџер отворен кон ѕидови
со поглед соѕидан од четири страни
Без сонца без неба без ридови
сал тела во сонот изрешетани
Линолеум под ноѕете сеќавам
ко да сум растен во некоја фолија
Оние што катаден ги среќавам
да ги поздравам не ми дозволија
Во ќошот столици искршени
Сунѓер ѕирка од испараните седела
Еден куп гешталти недовршени
од мои и туѓи недела
Во устата ставам мастика
вкус со неодредена блажина
Меѓу забите мека пластика
дете во лулка од пајажина
Во ходникот штикли непрекидно сноват
а јас седам и зборови бирам
Магливи мисли низ умот ми пловат
обид правам да ги консолидирам
12.10.93
Остаа рајата шо сака нека прај
Мислата своја на Бога ја дарив
Љубовта в срце ми остана мртва
Нож в плеќи самиот си зарив
Јас сум својата прва жртва
Долго во себеси суштина барам
Вистина болна и правда за сите
Често со другите гласно се карам
И за еден факт малечок но битен
Низ Драгоро уше многу ќе истечи
Од смрдливата и валкана вода
Жарот на страста срца ќе испечи
В очи ќе фрли од живата сода
А јас ќе останам во албумот слика
Отпечаток на хартија недовршен сон
Од мене црвен водоскок ќе блика
Ушеден глупав и монотон шаблон
Три збора кажани во четири очи
Необрана нива со зрела пченка
Ѓаволот во мене сечила точи
Јас сум нечија чужда сенка
Болка од самоста в душа гори
Не го познавам патот до спојот
Денеска човек што и да стори
И за то ме боли и то преку мојот
16.3.92
Љубовта в срце ми остана мртва
Нож в плеќи самиот си зарив
Јас сум својата прва жртва
Долго во себеси суштина барам
Вистина болна и правда за сите
Често со другите гласно се карам
И за еден факт малечок но битен
Низ Драгоро уше многу ќе истечи
Од смрдливата и валкана вода
Жарот на страста срца ќе испечи
В очи ќе фрли од живата сода
А јас ќе останам во албумот слика
Отпечаток на хартија недовршен сон
Од мене црвен водоскок ќе блика
Ушеден глупав и монотон шаблон
Три збора кажани во четири очи
Необрана нива со зрела пченка
Ѓаволот во мене сечила точи
Јас сум нечија чужда сенка
Болка од самоста в душа гори
Не го познавам патот до спојот
Денеска човек што и да стори
И за то ме боли и то преку мојот
16.3.92
Последна опомена пред исклучување
Македонци македонци чукнете се по глата
Татковината ја делите ко арамии плен
На идните генерации им затворате врата
Го влечете последниот потег непромислен
Македонци Македонци пакост голема правите
Повторно тргнувате во нови и нови делби
Еден ден во матниот Вардар ќе ги удавите
Сите наши вековни стремежи и желби
Македонци Македонци кренете еднаш глава
И покажете со прст кон родопредавниците
На оние што тргуваат со нашите права
На оние што размислуваат со колениците
Македонци Македонци Јас Богот Перун ве колнам
Немојте да ја растргнувате македонската дума
Бидејки и Јас сум немоќен да ве засолнам
Од вашата душевно самоуништувачка чума
20.10.93
Татковината ја делите ко арамии плен
На идните генерации им затворате врата
Го влечете последниот потег непромислен
Македонци Македонци пакост голема правите
Повторно тргнувате во нови и нови делби
Еден ден во матниот Вардар ќе ги удавите
Сите наши вековни стремежи и желби
Македонци Македонци кренете еднаш глава
И покажете со прст кон родопредавниците
На оние што тргуваат со нашите права
На оние што размислуваат со колениците
Македонци Македонци Јас Богот Перун ве колнам
Немојте да ја растргнувате македонската дума
Бидејки и Јас сум немоќен да ве засолнам
Од вашата душевно самоуништувачка чума
20.10.93
Чудно некое копиле
Повикајте ме јас сум луд
Повикајте ме во јуриш во бој
Повикајте ме на работа на труд
Јас сум припадник на чуден сој
Повикајте ме во жив пламен
Повикајте ме на гозба на пир
Повикајте го духот мој осамен
На вечна борба и вечен мир
Чекам тука мирно просто
Чекам да помине и последниот воз
Јас сум тука покрај мосто
Расплакан очаен крвав и бос
И секој ваш поглед ме боли
Не ви верувам повеќе на збор
Нема да дозволам некој да коли
Мое семејство во мој двор
Еве се нудам себеси на дар
Пред олтарот на Црната Дама
Нема да има некој голем ќар
Јас сум ушеден пес од слама
9.12.92
Повикајте ме во јуриш во бој
Повикајте ме на работа на труд
Јас сум припадник на чуден сој
Повикајте ме во жив пламен
Повикајте ме на гозба на пир
Повикајте го духот мој осамен
На вечна борба и вечен мир
Чекам тука мирно просто
Чекам да помине и последниот воз
Јас сум тука покрај мосто
Расплакан очаен крвав и бос
И секој ваш поглед ме боли
Не ви верувам повеќе на збор
Нема да дозволам некој да коли
Мое семејство во мој двор
Еве се нудам себеси на дар
Пред олтарот на Црната Дама
Нема да има некој голем ќар
Јас сум ушеден пес од слама
9.12.92
Параноја
Болката ми ја контролираат
Државните подли апсанџии
Диктаторите сеуште диктираат
Со палката на моќните јабанџии
Можат да ме згазат ко тревка
Лесно да ме проголта темнината
Сеедно ионака мојта душа кревка
Од аждерот лаком е раскината
Чувствувам дека иднината ми е избришана
Чувствувам дека се убиени моите идеали
Чувствувам дека вољата ми е разнишана
Од моќта на вечните дворски будали
11.9.93
Државните подли апсанџии
Диктаторите сеуште диктираат
Со палката на моќните јабанџии
Можат да ме згазат ко тревка
Лесно да ме проголта темнината
Сеедно ионака мојта душа кревка
Од аждерот лаком е раскината
Чувствувам дека иднината ми е избришана
Чувствувам дека се убиени моите идеали
Чувствувам дека вољата ми е разнишана
Од моќта на вечните дворски будали
11.9.93
Ојде чоеко
Човекот во мене го деструирам
Со големи количества енергија негативна
А потоа не мом да се смирам
Потоа не мом да здивнам
Го изделија човекот злите без вера
Го убија национално несозреаните
Го носев во себе до вчера
В диско в кино по меаните
И играв со него во различен ритам
И пеев со него прекрасни песни
А денес бесцелно по улици скитам
Во друштво на пе-чес кучиња бесни
5.8.93
Со големи количества енергија негативна
А потоа не мом да се смирам
Потоа не мом да здивнам
Го изделија човекот злите без вера
Го убија национално несозреаните
Го носев во себе до вчера
В диско в кино по меаните
И играв со него во различен ритам
И пеев со него прекрасни песни
А денес бесцелно по улици скитам
Во друштво на пе-чес кучиња бесни
5.8.93
И директорите ги убиваат,зарем не?
Зборот ми се претвори во морница
Го почувствував како се качува
По мојата ’рбетна угорница
Како се поти како се измачува
Два дена го мирев со аналгини
Вулканот блуваше врела лава
Системот успеа да ја скини
Младата високо крената глава
Ме обзеде чувство на мачнотија
Со грч ми се покри челото
Немири во мене се вплотија
Длабоко во душата и телото
Претпоставував а не сакав да верувам
Зарем е вистина не не е можно
Халуцинирам пак претерувам
А морниците корнат поткожно
28.10.93
Го почувствував како се качува
По мојата ’рбетна угорница
Како се поти како се измачува
Два дена го мирев со аналгини
Вулканот блуваше врела лава
Системот успеа да ја скини
Младата високо крената глава
Ме обзеде чувство на мачнотија
Со грч ми се покри челото
Немири во мене се вплотија
Длабоко во душата и телото
Претпоставував а не сакав да верувам
Зарем е вистина не не е можно
Халуцинирам пак претерувам
А морниците корнат поткожно
28.10.93
В лице
Секој ден без срам се лажиме
За да изгледаме добри учтиви благи
Место вистината в лице да си ја кажиме
Сервилно ги голтаме ноторните лаги
Факт е дека вистината боли
Умните велат и дека лечи
Но немам сретанато човек што моли
Вистината в лице да му се речи
25.8.92
За да изгледаме добри учтиви благи
Место вистината в лице да си ја кажиме
Сервилно ги голтаме ноторните лаги
Факт е дека вистината боли
Умните велат и дека лечи
Но немам сретанато човек што моли
Вистината в лице да му се речи
25.8.92
Замена
Место мене сега живеат други
Мојата иднина од нив е купена
Вечно верните подвиткани слуги
Ми нудат демократија во лажица супена
Се прашувам кога ќе ги смениме
Дали успешно ќе раководиме
Дали нешто ќе успееме да измениме
Дали животот ќе го облагородиме
Мислам дека малку ќе успееме
Не чекор туку само педа
Тогаш кога ќе му се насмееме
На сопствената глупост и беда
Мојата иднина од нив е купена
Вечно верните подвиткани слуги
Ми нудат демократија во лажица супена
Се прашувам кога ќе ги смениме
Дали успешно ќе раководиме
Дали нешто ќе успееме да измениме
Дали животот ќе го облагородиме
Мислам дека малку ќе успееме
Не чекор туку само педа
Тогаш кога ќе му се насмееме
На сопствената глупост и беда
Тешко нас
Досадни си станваме едни на други
Често не мојме да се свариме
На сопствените слабости сме слуги
Меѓусебно пулиме да се насамариме
Одвратно себични саможиви себесдоволни
Глумци што играат улоги ситни
Бараме за себеси услови поволни
Заборавајки ги факторите животно битни
Место насмевка клештење пластично
Место љубов сексуална хемија
Човечкиот род изумира драстично
Од тешка душевна анемија
6.8.92
Често не мојме да се свариме
На сопствените слабости сме слуги
Меѓусебно пулиме да се насамариме
Одвратно себични саможиви себесдоволни
Глумци што играат улоги ситни
Бараме за себеси услови поволни
Заборавајки ги факторите животно битни
Место насмевка клештење пластично
Место љубов сексуална хемија
Човечкиот род изумира драстично
Од тешка душевна анемија
6.8.92
Тврд им е - СТАВОТ
Тврдат дека ова е оаза на мирот
Тврдат дека ова е земјата ветена
Од вакви глупости ми пука чирот
И левата хемисфера ми е оштетена
Тврдат дека сме на правиот пат
Тврдат неминовно ќе бидеме признаени
Знам кога газо под кирија ќе ни го дат
Бидејки сме веќе во тесно клаени
Тврдат дека во Европа пријатели имаме
Тврдат дека треба да им помогнеме
Треба само со глава да климаме
И уште малку сили да смогнеме
Тврдат дека уше тро ќе бидеме примени
Тврдат топката е во Нациите Обединети
Уште умо не ви иди о глави лимени
Утре за предавство ќе бидете обвинети
Тие сакаат на плеќи да не кутнат
Со заслуга на надворешната дипломатија
Тие сакаат на здраво да не дупнат
За тоа одамна си платија
Зарем масоните да ги нарекуваме пријатели
Политичка демагогија или глупост сочна
Лека ноќ мили гледачи и драги слушатели
Вие довршете јас кај шо почнав
28.12.92
Тврдат дека ова е земјата ветена
Од вакви глупости ми пука чирот
И левата хемисфера ми е оштетена
Тврдат дека сме на правиот пат
Тврдат неминовно ќе бидеме признаени
Знам кога газо под кирија ќе ни го дат
Бидејки сме веќе во тесно клаени
Тврдат дека во Европа пријатели имаме
Тврдат дека треба да им помогнеме
Треба само со глава да климаме
И уште малку сили да смогнеме
Тврдат дека уше тро ќе бидеме примени
Тврдат топката е во Нациите Обединети
Уште умо не ви иди о глави лимени
Утре за предавство ќе бидете обвинети
Тие сакаат на плеќи да не кутнат
Со заслуга на надворешната дипломатија
Тие сакаат на здраво да не дупнат
За тоа одамна си платија
Зарем масоните да ги нарекуваме пријатели
Политичка демагогија или глупост сочна
Лека ноќ мили гледачи и драги слушатели
Вие довршете јас кај шо почнав
28.12.92
Преплавување
Пак ме овердозираат
Со странски филмови војни
Повторно на ТВ позираат
Униформирани фаци гнојни
А вие верувате силно
Во некаква си демократија
Племе д’ебам дебилно
Зошто не ме сфатија
Плано одамна е скроен
Ова е само финале
Се снима филм воен
Режисерите еве се збрале
УНПРОФОР, ООН, НАТО
На молохот верни робови
Чуј шо ти вели бато
Платени копачи на гробови
Ние знај сме поделини
Уше на ноѕе не кренати
Тукушто покакани пелени
Од меѓуноѕе не сменати
И зошто стоко поделена
Меѓусебно да се колиш
Ќе те чуе ли оваа вселена
Кога за прошка ќе молиш
30.11.92
Со странски филмови војни
Повторно на ТВ позираат
Униформирани фаци гнојни
А вие верувате силно
Во некаква си демократија
Племе д’ебам дебилно
Зошто не ме сфатија
Плано одамна е скроен
Ова е само финале
Се снима филм воен
Режисерите еве се збрале
УНПРОФОР, ООН, НАТО
На молохот верни робови
Чуј шо ти вели бато
Платени копачи на гробови
Ние знај сме поделини
Уше на ноѕе не кренати
Тукушто покакани пелени
Од меѓуноѕе не сменати
И зошто стоко поделена
Меѓусебно да се колиш
Ќе те чуе ли оваа вселена
Кога за прошка ќе молиш
30.11.92
То па то
Сеќавањето повторно назад ме враќа
На старите квазикомунистички содржини
Желудецот гледам се токми да повраќа
Се надевам дека и ова ќе помини
Повторно помпезни испраќања-пречекувања
И празни говори, плунка во микрофонот
Нови чекори со стари потклекнувања
Одамна испаднати од фазнот
Deja vu е ова што сега ми го прават
Оние надвор и овие внатре, тука
Повторно со исти глупости ме дават
Пак врз човекот безочно се плука
Ова што ми се случува не е во мода
Бели кошули и фрази излитени
Ми плакнат очи со жива сода
Старите мечки со закон заштитени
Ставени се повторно во истата рамка
Слики нови на лажни патриоти
Врз чаршавот на историјата крвава дамка
Своерачен потпис на моќните идиоти
Батериите веќе одамна ми се празни
И здравјето престанува да ме служи
Се надевам дека Госпо ќе ги казни
Судбината на плеќи ќе ги спружи
24.12.92
На старите квазикомунистички содржини
Желудецот гледам се токми да повраќа
Се надевам дека и ова ќе помини
Повторно помпезни испраќања-пречекувања
И празни говори, плунка во микрофонот
Нови чекори со стари потклекнувања
Одамна испаднати од фазнот
Deja vu е ова што сега ми го прават
Оние надвор и овие внатре, тука
Повторно со исти глупости ме дават
Пак врз човекот безочно се плука
Ова што ми се случува не е во мода
Бели кошули и фрази излитени
Ми плакнат очи со жива сода
Старите мечки со закон заштитени
Ставени се повторно во истата рамка
Слики нови на лажни патриоти
Врз чаршавот на историјата крвава дамка
Своерачен потпис на моќните идиоти
Батериите веќе одамна ми се празни
И здравјето престанува да ме служи
Се надевам дека Госпо ќе ги казни
Судбината на плеќи ќе ги спружи
24.12.92
Во нас веќе нема ништо
Уморен ко зимско сонце
Болка дробам в душа пак
Уште малку имам сила
А мислев сум многу јак
Денес сум ко ноќна сенка
Што шета под неон бел
Скршен сум на сто дела
А мислев дека сум цел
Во нас веќе нема љубов
Однатре сме душо празни
На Бога се молам често
Нек ни прости нек не казни
Плачам како мало дете
И се тешам не сум крив
Кога на нас ќе се сетам
Боли срце немам здив
Болка дробам в душа пак
Уште малку имам сила
А мислев сум многу јак
Денес сум ко ноќна сенка
Што шета под неон бел
Скршен сум на сто дела
А мислев дека сум цел
Во нас веќе нема љубов
Однатре сме душо празни
На Бога се молам често
Нек ни прости нек не казни
Плачам како мало дете
И се тешам не сум крив
Кога на нас ќе се сетам
Боли срце немам здив
Зад бирото
Седам зад оваа маса
Другите биро ја викаат
Мислата негде ми вјаса
Додека ѕверовите внатре рикаат
Нема време за чекање
Ми корнат ткиво по ткиво
А јас со безгласно лелекање
Им пцујам се’ живо и диво
Ко стрвинари ме надлетуваат
Кој ден е денес, која дата
Двапати месечно ме силуваат
Со посрана половина плата
29.3.93
Другите биро ја викаат
Мислата негде ми вјаса
Додека ѕверовите внатре рикаат
Нема време за чекање
Ми корнат ткиво по ткиво
А јас со безгласно лелекање
Им пцујам се’ живо и диво
Ко стрвинари ме надлетуваат
Кој ден е денес, која дата
Двапати месечно ме силуваат
Со посрана половина плата
29.3.93
Самодоверба
Барам во себеси потпори
Преиспитувајки ги сопствените својства
Наидувам на силни отпори
Од своите душевни двојства
За да го преминеш Рубикон
Треба да сакаш многу
Треба и понекој слон
И јака воља, фала Богу
1.11.93
Преиспитувајки ги сопствените својства
Наидувам на силни отпори
Од своите душевни двојства
За да го преминеш Рубикон
Треба да сакаш многу
Треба и понекој слон
И јака воља, фала Богу
1.11.93
Големи
Големи се залаците
што ги нуди овој живот
Не можеме да ги изџвакаме
Устите ни се затворени
Вилиците ни се вкочанети
А животот минува покрај нас
со големи брзи неизџвакани
чекори
Премногу големи,
за нашите усти
што ги нуди овој живот
Не можеме да ги изџвакаме
Устите ни се затворени
Вилиците ни се вкочанети
А животот минува покрај нас
со големи брзи неизџвакани
чекори
Премногу големи,
за нашите усти
Депресија
Ме притиска тавоно врз тило
Ѕидо ме мава в теме
Длабоко под кожа се впило
Врнежливо депресивно време
Снего срамежливо се крие
По врвовите на Баба
Врз градов сал дожд лие
И од него фајда слаба
О времиња горки, тажни
Депресија што ми носат
Од прегратки ваши снажни
Станав старец, а бев роса
30.11.92
Ѕидо ме мава в теме
Длабоко под кожа се впило
Врнежливо депресивно време
Снего срамежливо се крие
По врвовите на Баба
Врз градов сал дожд лие
И од него фајда слаба
О времиња горки, тажни
Депресија што ми носат
Од прегратки ваши снажни
Станав старец, а бев роса
30.11.92
Нема лек против нив
Немоќен е мојот цинизам
Слабокрвен е мојот сарказам
Јас се’ почесто шизам
И се’ повеќе ги мразам
Тие се ко буба шваби
И како глувци се множат
Острината на нивните заби
Е болка врз мојата кожа
Нема сила да ги спречи
Тие имунолошки се силни
Има ли лек што лечи
Рани од суштестава дебилни
3.10.93
Слабокрвен е мојот сарказам
Јас се’ почесто шизам
И се’ повеќе ги мразам
Тие се ко буба шваби
И како глувци се множат
Острината на нивните заби
Е болка врз мојата кожа
Нема сила да ги спречи
Тие имунолошки се силни
Има ли лек што лечи
Рани од суштестава дебилни
3.10.93
Фер плеј
Постојано водам тешка битка
И рани трофејни носам
Со нивната памет плитка
На прва се косам
Добивам удари ниски
Долу во слабините
Крампони ми забиваат в писки
Ме плукаат од трибините
Морам да сум постојано на штрек
Страдам одма, ако не сум буден
Ќе ми го скратат животниот век
Во најдобар случај- ќе бидам полуден
19.10.93
И рани трофејни носам
Со нивната памет плитка
На прва се косам
Добивам удари ниски
Долу во слабините
Крампони ми забиваат в писки
Ме плукаат од трибините
Морам да сум постојано на штрек
Страдам одма, ако не сум буден
Ќе ми го скратат животниот век
Во најдобар случај- ќе бидам полуден
19.10.93
Non scolae sed vitae discimus
Во фотеља седам,стара од пред Христа
Повторно ме вјана мојта беља иста
Нагонот скрибомански во мене се јави
Природата од мене извира, што да се прави
И повторно морам да ја спомнам мојта хемисфера лева
Повторно ме боли и безвољност ми влева
Зошто испитот остана неположен
А испитот беше последен
Што ли е тоа што во учењето ме кочи
Што ли е тоа што пред урок ми затвора очи
Зошто не можам последниве содржини од студииве да ги скинам
Што е тоа што ме спречува последната препрека да ја минам
Некои од причините ги знам на прсти
Прво - немам работни навики цврсти
А многу изгубив и од вољата своја
Кога видов дека кретени студиите ми ги кројат
И место да ми помагаат, ко рид проблеми на патот ми стојат
Мотив изгубив кога видов кој, како и каде предавања ми држи
Изгубив воља кога сфатив дека секој пред мене се смее, а зад грб ми ’ржи
Се’ изгубив и мотив и воља, студиите изгубија смисла
Кога сфатив - мозокот ми потеше, се сторив жива кисла
Како можам нешто да сакам и да учам
Кога на професорите морам да им се веднам и пучам
А тие, тие нас поинвентивните студенти не дупат
Ние сме дрва, трупци, намештај, ние сме клупа
Сакам да објаснам што се тоа поинвентивни студенти
Тоа НЕ се оние со десетки, а се однесуваат ко компоненти
Тоа СЕ оние што бараат смисла во начинот на студирање
А НЕ оние што бубаат и ја надминуваат секоја норма на полтронирање
Претпоставувам дека и меѓу нив има добри и вредни
Сигурно е дека не се сите бубатори кутри и бедни
Тешко ми е да верувам дека човек би можел на студиите да им се восхитува
Ако претходно сфатил дека не вреди професорот што го учи и воспитува
Како можам да го сакам она што на факултет ми се прави
Професорите глумат матици, а околу нив се мотаат студентите - мрави
Како можам да сакам студии кои се без прави содржини и методи
И учење коешто утре со праксата нема шанси да се сплоди
Како да ги сакам оние професори коишто место да ми помагаат ми пречат
И наместо напред, тие назад студиите ми ги влечат
Како да ги сакам кога за консултации не мом да ги најдам
А кога ќе ги најдам се држат ко надуена гајда
Како да ги сакам кога ме сметаат за терет, им тежам
И како да учам, кога сево ова пред очи, ми стои ко мрежа
Иако сме 1985-та, ресавци постојат на сите групи и факултети
Тешко на студентите чии професори сервираат диктирачко-препишувачки специјалитети
Колку сево ова сакав да им го плукнам в очи
И да им кажам кој и како науката ја кочи
Се прашувам - како не им е срам, зошто вистината не ја кажат
Зошто толку перфидно нас студентите, а и јавноста, не лажат
Зошто не ги искорнат од школството оние празноглавите - без мозок
Зошто не видат колку е сатот и дека ради нив ни касни возот
Па пичка му материна, сто години еден професор три клучни предмети предаваше
А да г’ебам, ни скрипта, а нити пак учебник издаваше
Но не може тој скрипта или учебник да издаде
Ќе се види дека од А до Ш препишува и краде
А сепак, можеше материјалот на студентите да им го пружи
Бидејки само студентот знае како со материјалот да се служи
Од него скрипта ќе излезе што секој ќе може да ја купи
Но после професорот не ќе може да псотавува прашања неизмерно глупи
Тогаш студентот ќе знае што треба за на испит да се учи
А професорот не ќе може на испит ментално да го пучи
Зарем е лошо кога студентот на факултет ќе запише година прва
Да ги добие сите учебници и скрипти, за полесно да го мине патот крвав
Добро бе - пичка им материна и сестра да им ебам
Шо ќе ми се професори ако ги нема кога ги требам
Зарем ние студентите постоиме затоа што професори има
Или треба наопаку да стои оваа кутра стиховна рима
Учителот постои ради ученикот, обратно сигурно не е
Тој на ученикот треба воспитание и знаење да му влее
Ова ми го рековте вие професорите, зарем не е така?
А сега ме шутирате, место да ми подадете рака
Место да не учите и воспитувате како од нас луѓе да се родат
Вие станувате и политичари - по најновата мода
И појќе времето го врвите на состаноци и политика водите
Место со студентите, вие косните во МАНУ, ЦК и по заводите
Битно е тоа дека ги извршувате обврските кон државата
Се’ додека еден ден студентите не си ги побараат правата
Додека не сфатат дека од нив правите интелектуалци сакати и слепи
Да, вака ќе биде, се’ додека државата проклета ве крепи
Професори - манувајте ги содржините и методите на предавање
И престанете од испитите да правите мозочно ебавање
И немојте политичари, туку научници треба да бидите
И не во ЦК, в завод, в деканат, ами меѓу студентите што се случува треба да видите
Вие сте платени дипломци од нас да правите
Луѓе коишто ќе имаат мудрост, а не шуплини во главите
Професори - манувајте се, напредувајте, усовршувајте ги методите
За утре што помалку глупаци да ни ги менуваат курсевите и матат водите
Променете ја приемната тактика
И што помалку бубање, што повеќе практика
Заради сево ова скепсата горчини во душава ми створа
И се прашувам зошто баш мене ова срање да ми се случува мора
И зошто не можам на работите ко другите да гледам
Зарем само мене ме измачува оваа интелектуална беда
Зошто сево ова во мене предизвикува одвратност и гнасење
Зошто не почнам да учам и да си го пуштам умо на пасење
Да дипломирам и психолог некаков да станам
И утре ако некој ме течи, со диплома по гла да го манам
Знам дека сето тоа ќе биди, но за мене се’ изгуби вредност
Бидејки реалноста идеалите ми ги краде од пред нос
3.3.85
Повторно ме вјана мојта беља иста
Нагонот скрибомански во мене се јави
Природата од мене извира, што да се прави
И повторно морам да ја спомнам мојта хемисфера лева
Повторно ме боли и безвољност ми влева
Зошто испитот остана неположен
А испитот беше последен
Што ли е тоа што во учењето ме кочи
Што ли е тоа што пред урок ми затвора очи
Зошто не можам последниве содржини од студииве да ги скинам
Што е тоа што ме спречува последната препрека да ја минам
Некои од причините ги знам на прсти
Прво - немам работни навики цврсти
А многу изгубив и од вољата своја
Кога видов дека кретени студиите ми ги кројат
И место да ми помагаат, ко рид проблеми на патот ми стојат
Мотив изгубив кога видов кој, како и каде предавања ми држи
Изгубив воља кога сфатив дека секој пред мене се смее, а зад грб ми ’ржи
Се’ изгубив и мотив и воља, студиите изгубија смисла
Кога сфатив - мозокот ми потеше, се сторив жива кисла
Како можам нешто да сакам и да учам
Кога на професорите морам да им се веднам и пучам
А тие, тие нас поинвентивните студенти не дупат
Ние сме дрва, трупци, намештај, ние сме клупа
Сакам да објаснам што се тоа поинвентивни студенти
Тоа НЕ се оние со десетки, а се однесуваат ко компоненти
Тоа СЕ оние што бараат смисла во начинот на студирање
А НЕ оние што бубаат и ја надминуваат секоја норма на полтронирање
Претпоставувам дека и меѓу нив има добри и вредни
Сигурно е дека не се сите бубатори кутри и бедни
Тешко ми е да верувам дека човек би можел на студиите да им се восхитува
Ако претходно сфатил дека не вреди професорот што го учи и воспитува
Како можам да го сакам она што на факултет ми се прави
Професорите глумат матици, а околу нив се мотаат студентите - мрави
Како можам да сакам студии кои се без прави содржини и методи
И учење коешто утре со праксата нема шанси да се сплоди
Како да ги сакам оние професори коишто место да ми помагаат ми пречат
И наместо напред, тие назад студиите ми ги влечат
Како да ги сакам кога за консултации не мом да ги најдам
А кога ќе ги најдам се држат ко надуена гајда
Како да ги сакам кога ме сметаат за терет, им тежам
И како да учам, кога сево ова пред очи, ми стои ко мрежа
Иако сме 1985-та, ресавци постојат на сите групи и факултети
Тешко на студентите чии професори сервираат диктирачко-препишувачки специјалитети
Колку сево ова сакав да им го плукнам в очи
И да им кажам кој и како науката ја кочи
Се прашувам - како не им е срам, зошто вистината не ја кажат
Зошто толку перфидно нас студентите, а и јавноста, не лажат
Зошто не ги искорнат од школството оние празноглавите - без мозок
Зошто не видат колку е сатот и дека ради нив ни касни возот
Па пичка му материна, сто години еден професор три клучни предмети предаваше
А да г’ебам, ни скрипта, а нити пак учебник издаваше
Но не може тој скрипта или учебник да издаде
Ќе се види дека од А до Ш препишува и краде
А сепак, можеше материјалот на студентите да им го пружи
Бидејки само студентот знае како со материјалот да се служи
Од него скрипта ќе излезе што секој ќе може да ја купи
Но после професорот не ќе може да псотавува прашања неизмерно глупи
Тогаш студентот ќе знае што треба за на испит да се учи
А професорот не ќе може на испит ментално да го пучи
Зарем е лошо кога студентот на факултет ќе запише година прва
Да ги добие сите учебници и скрипти, за полесно да го мине патот крвав
Добро бе - пичка им материна и сестра да им ебам
Шо ќе ми се професори ако ги нема кога ги требам
Зарем ние студентите постоиме затоа што професори има
Или треба наопаку да стои оваа кутра стиховна рима
Учителот постои ради ученикот, обратно сигурно не е
Тој на ученикот треба воспитание и знаење да му влее
Ова ми го рековте вие професорите, зарем не е така?
А сега ме шутирате, место да ми подадете рака
Место да не учите и воспитувате како од нас луѓе да се родат
Вие станувате и политичари - по најновата мода
И појќе времето го врвите на состаноци и политика водите
Место со студентите, вие косните во МАНУ, ЦК и по заводите
Битно е тоа дека ги извршувате обврските кон државата
Се’ додека еден ден студентите не си ги побараат правата
Додека не сфатат дека од нив правите интелектуалци сакати и слепи
Да, вака ќе биде, се’ додека државата проклета ве крепи
Професори - манувајте ги содржините и методите на предавање
И престанете од испитите да правите мозочно ебавање
И немојте политичари, туку научници треба да бидите
И не во ЦК, в завод, в деканат, ами меѓу студентите што се случува треба да видите
Вие сте платени дипломци од нас да правите
Луѓе коишто ќе имаат мудрост, а не шуплини во главите
Професори - манувајте се, напредувајте, усовршувајте ги методите
За утре што помалку глупаци да ни ги менуваат курсевите и матат водите
Променете ја приемната тактика
И што помалку бубање, што повеќе практика
Заради сево ова скепсата горчини во душава ми створа
И се прашувам зошто баш мене ова срање да ми се случува мора
И зошто не можам на работите ко другите да гледам
Зарем само мене ме измачува оваа интелектуална беда
Зошто сево ова во мене предизвикува одвратност и гнасење
Зошто не почнам да учам и да си го пуштам умо на пасење
Да дипломирам и психолог некаков да станам
И утре ако некој ме течи, со диплома по гла да го манам
Знам дека сето тоа ќе биди, но за мене се’ изгуби вредност
Бидејки реалноста идеалите ми ги краде од пред нос
3.3.85
Знаци во темнината
Одамна се немам себеси
Душата од други ми е продадена
Јас сум поглед вперен в небеси
И рака кон Бога подадена
Господе дај ми знак
И ќе прастанам да те задевам
Внеси светлост во оловниов мрак
На ништо повеќе не се надевам
Во сонот мисла врежи ми
До крајот на животот ќе те пратам
Те молам повеќе не тежи ми
Ионака не мом да те сфатам
Не ти нудам нови докази
Во божјите работи не ти се мешам
Јас од Тебе барам патокази
За патот повторно да не го згрешам
Душата од други ми е продадена
Јас сум поглед вперен в небеси
И рака кон Бога подадена
Господе дај ми знак
И ќе прастанам да те задевам
Внеси светлост во оловниов мрак
На ништо повеќе не се надевам
Во сонот мисла врежи ми
До крајот на животот ќе те пратам
Те молам повеќе не тежи ми
Ионака не мом да те сфатам
Не ти нудам нови докази
Во божјите работи не ти се мешам
Јас од Тебе барам патокази
За патот повторно да не го згрешам
Соочување со вистината
Двете расправи на Кјеркегор ги читам
Дали човек смее да се жртвува за вистината
Но и дали од вистината треба да ја штитам
Оваа душа што од лаги е раскината
И што кога ќе се соочам со вистината
Дали сум сигурен дека нешто ќе сфатам
Или вчудоневиден со уста подзината
Цехот на спознанието скапо ќе го платам
А решен сум докрај да одам
Длабоко внатре до суштината
Можеби еднаш ќе го згодам
Зрнцето на вистината
Вака се чувствувам ко тешка нула
Околу заоблен а внатре празнина
Заглавен сум долго во опасна була
Со болка тешка колку планина
Се чувствувам премногу напнат
Бидејки во себеси постојано носам
Еден човек на крст распнат
И Црна Дама со челична коса
Дали човек смее да се жртвува за вистината
Но и дали од вистината треба да ја штитам
Оваа душа што од лаги е раскината
И што кога ќе се соочам со вистината
Дали сум сигурен дека нешто ќе сфатам
Или вчудоневиден со уста подзината
Цехот на спознанието скапо ќе го платам
А решен сум докрај да одам
Длабоко внатре до суштината
Можеби еднаш ќе го згодам
Зрнцето на вистината
Вака се чувствувам ко тешка нула
Околу заоблен а внатре празнина
Заглавен сум долго во опасна була
Со болка тешка колку планина
Се чувствувам премногу напнат
Бидејки во себеси постојано носам
Еден човек на крст распнат
И Црна Дама со челична коса
Блиску до целта
Со поглед го фиксирам ѕидниот сат
Живото ми течи во правилен ритам
Градам во небеси ушеден спрат
Со духот негде далеку скитам
Истовремено сум скротен и бесен
Талкам низ просторот и времето
Иако за последиците сум свесен
Кај ќе стигнам го растурам семето
Конци сигурно млад ќе скинам
Од сите страни ме шиба ветро
Само Госпо знај шо ќе минам
До целта своја две на метро
2.5.93
Живото ми течи во правилен ритам
Градам во небеси ушеден спрат
Со духот негде далеку скитам
Истовремено сум скротен и бесен
Талкам низ просторот и времето
Иако за последиците сум свесен
Кај ќе стигнам го растурам семето
Конци сигурно млад ќе скинам
Од сите страни ме шиба ветро
Само Госпо знај шо ќе минам
До целта своја две на метро
2.5.93
Елиан
Се чувствувам ко бивш Југословен
Се чувствувам ко изгубен Германец
Се чувствувам ко македонски кретен
Се чувствувам беспомошен ко странец
Не знам да пишувам и да зборувам
Се’ ми е туѓо непознато страно
Од силни гестови се преморувам
И од непрестано џарење во екрано
Ништо не разбирам и не капирам
Ко да сум паднат од друга планета
Секојдневно многу се нервирам
Во оваа земја од Бога проколнета
Дај Боже потоп и пламење
дај Боже земјата крв да блуе
Дај Боже дожд од камење
Дај Боже се’ да с’испотруе
Овде е мрачно и мрачни сили ме морат
Овде ѓаволот владее со векови
Овде боговите не маожат ништо да сторат
Ова е земја на непокриени чекови
Повторно и повторно себеси се прашувам
Зошто со сево ова мисловно се трујам
Понекогаш и во сонот се преплашувам
Но најчесто гласно и сочно пцујам
29.6.93
Се чувствувам ко изгубен Германец
Се чувствувам ко македонски кретен
Се чувствувам беспомошен ко странец
Не знам да пишувам и да зборувам
Се’ ми е туѓо непознато страно
Од силни гестови се преморувам
И од непрестано џарење во екрано
Ништо не разбирам и не капирам
Ко да сум паднат од друга планета
Секојдневно многу се нервирам
Во оваа земја од Бога проколнета
Дај Боже потоп и пламење
дај Боже земјата крв да блуе
Дај Боже дожд од камење
Дај Боже се’ да с’испотруе
Овде е мрачно и мрачни сили ме морат
Овде ѓаволот владее со векови
Овде боговите не маожат ништо да сторат
Ова е земја на непокриени чекови
Повторно и повторно себеси се прашувам
Зошто со сево ова мисловно се трујам
Понекогаш и во сонот се преплашувам
Но најчесто гласно и сочно пцујам
29.6.93
Дали Госпо не напрај во Недела
Гнилеж чувствувам заудира реа
Умот го ладам со лажен хедонизам
И додека повремено умирам од смеа
Усните силно и болно ги гризам
Размислувам зарем и тоа се плаќа
Размислувам бидејки сал тоа знаам
Од безизлезов понекогаш страв ме фаќа
И по секое размислување се каам
Зарем не ве боли ова сето
Зарем смртта не ве гони на плач
Зарем не чувствувате како свето
Умира од нас - последнио загадувач
Зошто Госпо вакви не створил
Проста бездушна и глупава маса
Можеби некоја грешка сторил
Во последните дваесет и четири часа
13.7.93
Умот го ладам со лажен хедонизам
И додека повремено умирам од смеа
Усните силно и болно ги гризам
Размислувам зарем и тоа се плаќа
Размислувам бидејки сал тоа знаам
Од безизлезов понекогаш страв ме фаќа
И по секое размислување се каам
Зарем не ве боли ова сето
Зарем смртта не ве гони на плач
Зарем не чувствувате како свето
Умира од нас - последнио загадувач
Зошто Госпо вакви не створил
Проста бездушна и глупава маса
Можеби некоја грешка сторил
Во последните дваесет и четири часа
13.7.93
Чекање
Времето стои со векови со денови со часови
Стои и го чека Господарот да го навие
Слушам се шират многу лоши гласови
Некој народов сака во црно да го завие
А времето стои и во место тапка
Калдрмата не е единствен жив сведок
И секое вирче во секоја длапка
Сведочи за животот на секој мој предок
На таванот меѓу безброј црвјосани греди
Го најдов ќитапо на ефендијата
Таму пишува дека времето пари вреди
Таму во пајажините во правот под ќерпијата
Времето упорно стои и мене ме чека
А јас ко спулаен акам по бестатијата
Често се движам внимателно пополека
Често дозволувам да ме носи стихијата
Дали времето и просторот имаат свој крај
Или сево ова е игра на енергијата и материјата
Дали во темнината се крие сончевиот сјај
Или лично треба да ја вклучам батеријата
Дали озбилноста зад хуморот се крие
Дали сево ова на глупоста моја е творба
Може ли змијата од отровот свој да пие
И дали животот е хомеостатска борба
А времето времето стои место да се движи
И со показалецот ми го покажува пато
А јас затуткан во своите проблеми и грижи
Чекорам и прашвам - колку е сато?
21.4.94
Стои и го чека Господарот да го навие
Слушам се шират многу лоши гласови
Некој народов сака во црно да го завие
А времето стои и во место тапка
Калдрмата не е единствен жив сведок
И секое вирче во секоја длапка
Сведочи за животот на секој мој предок
На таванот меѓу безброј црвјосани греди
Го најдов ќитапо на ефендијата
Таму пишува дека времето пари вреди
Таму во пајажините во правот под ќерпијата
Времето упорно стои и мене ме чека
А јас ко спулаен акам по бестатијата
Често се движам внимателно пополека
Често дозволувам да ме носи стихијата
Дали времето и просторот имаат свој крај
Или сево ова е игра на енергијата и материјата
Дали во темнината се крие сончевиот сјај
Или лично треба да ја вклучам батеријата
Дали озбилноста зад хуморот се крие
Дали сево ова на глупоста моја е творба
Може ли змијата од отровот свој да пие
И дали животот е хомеостатска борба
А времето времето стои место да се движи
И со показалецот ми го покажува пато
А јас затуткан во своите проблеми и грижи
Чекорам и прашвам - колку е сато?
21.4.94
Friday, October 5, 2007
Зависност
Од кого зависи мојот живот
Од што зависам јас
Зависам ли од здивот
Зависам ли од нечујниот глас
Зависам ли од срцевата вибрација
Зависам ли од невидливиот поглед
Зависам ли од моменталната ситуација
Или од некаков случаен временски след
Зависам ли од Битието што во мене пулсира
Зависам ли од системот или од моите родители
И имам ли некакво право јас лично да бирам
Зависам ли од некои си вонземски посетители
Дали само од мене мојот живот зависи
Или се’ е к’смет судбина карма писание
Дали животот е буквално ШО САКАШ ПРАВИ СИ
И какво всушност јас врз него имам влијание
Дали јас навистина имам право да бирам
Дали да бидам зависник или не
Или ми е писано во мојот живот да статирам
И да го прифаќам онаков каков што е
Свесен сум дека сепак имам некое и некакво влијание
И дека не е писание судбина карма баш се’
Љубовта кон се’ сто во мене е живо и здраво
Ми дава сила да бирам и да речам и ДА и НЕ
2.2.97
Од што зависам јас
Зависам ли од здивот
Зависам ли од нечујниот глас
Зависам ли од срцевата вибрација
Зависам ли од невидливиот поглед
Зависам ли од моменталната ситуација
Или од некаков случаен временски след
Зависам ли од Битието што во мене пулсира
Зависам ли од системот или од моите родители
И имам ли некакво право јас лично да бирам
Зависам ли од некои си вонземски посетители
Дали само од мене мојот живот зависи
Или се’ е к’смет судбина карма писание
Дали животот е буквално ШО САКАШ ПРАВИ СИ
И какво всушност јас врз него имам влијание
Дали јас навистина имам право да бирам
Дали да бидам зависник или не
Или ми е писано во мојот живот да статирам
И да го прифаќам онаков каков што е
Свесен сум дека сепак имам некое и некакво влијание
И дека не е писание судбина карма баш се’
Љубовта кон се’ сто во мене е живо и здраво
Ми дава сила да бирам и да речам и ДА и НЕ
2.2.97
Со/нив еден сон
Работата завршува заврши и Мај
Ние сме повторно ОВДЕ И СЕГА
Јас верувам дека ова не е крај
ЈАС И ТИ сме нераскинлива спрега
Јас утрово станав рано во пет
Со СОК ОД СЛИВИ и МИРИС НА ДУЊИ
Во КОНТАКТ со ЗБОГУМ нa еден СВЕТ
Исполнет со безброј емотивни луњи
ЛОРИ И ЈАС БОБ И РИТА РЕСНИК
ПЕКИ од лево со лакто ме опоменува
А ЈАС И ФРИЦ за тоа не сме СВЕСНИ
Новото утро нов ден во нас разденува
ЈОНТЕФ отвора и затвора врата
ЏОЕН една врз друга нога прекрстила
А ЈАС И ФРИЦ набљудуваме двата
КАКО врската меќу ИДА И ВАЈОЛЕТ се зацврстила
СИМКИН врз рацете потпрел глава
ЦИНКЕР дофрла доволно гласно
А ЈАС И ФРИЦ сонуваме за слава
Иако голем дел од постоењето не ни е јасно
Повеќе од нас за слава сонува РУТ
ИРВИНГ со БОБ работат на СОН
Негојо карактер ко мојо е крут
МИРЈАМ ги буди со гласно нежен ѕвон
Во гласот на ДОЖДОВНИЦАТА е мојата ТАГА
Синоќешниот дожд е нејзина метафора
Тревата му се радува на утринската влага
За неа росата е вино а зракот сончев нафора
А КОСТИЌ доследно скоро се’ забележува
Доволно смирен и доволно мудар
ТАГАТА ДЕНЕС СРЦЕ МИ РАЗНЕЖУВА
ПРОСТИ МИ, му велам, за СКОПСКИОТ СУДАР
Од почетокот се собирам себеси на куп
И денес од парчињата ГЕШТАЛТ правам
Бев ГНЕВЕН, РАДОСЕН,ТАЖЕН,УМЕН И ГЛУП
И сеуште учам како СПОНТАНО да примам и давам
ЈАС И ФРИЦ седиме и набљудуваме
Со ВОЗБУДА И НЕСТРПЛИВОСТ ЗА НОВА ФИГУРА
НЕ ОЧЕКУВАМЕ И НЕ ОСУДУВАМЕ
ЕГО СМЕ И АРХЕТИП ОД ВРЕМЕТО НА YU-RA
ВО ВЕЧНОТО СЕГА КРЕАТИВНО СМЕ ПРЕТПОСТАВЕНИ
И спремни за чекор кон ПЛОДНАТА ПРАЗНИНА
ГЛАСОВИ сме, ОВДЕ И СЕГА од БОГА оставени
СВЕТЛО сме СЕМЕ во ДЛАБОЧИНАТА СИНА
И ТАГУВАМЕ СИТЕ - ГЕШТАЛТОТ МРТОВ Е
ДА ЖИВЕЕ ГЕШТАЛТОТ - РЕЧЕ ВО МЕНЕ ЕДЕН ГЛАС
ДА СЕ БИДЕ ГОСПОДЕ ПОМЕЃУ ДА И НЕ
ВЕЧЕН Е ФЛУИД МЕЃУ ТИ И ЈАС
7.6.97 - Пишувано во тeкот на последните моменти од втроиот степен во гешталт едукацијата на групата во Битола.
Ние сме повторно ОВДЕ И СЕГА
Јас верувам дека ова не е крај
ЈАС И ТИ сме нераскинлива спрега
Јас утрово станав рано во пет
Со СОК ОД СЛИВИ и МИРИС НА ДУЊИ
Во КОНТАКТ со ЗБОГУМ нa еден СВЕТ
Исполнет со безброј емотивни луњи
ЛОРИ И ЈАС БОБ И РИТА РЕСНИК
ПЕКИ од лево со лакто ме опоменува
А ЈАС И ФРИЦ за тоа не сме СВЕСНИ
Новото утро нов ден во нас разденува
ЈОНТЕФ отвора и затвора врата
ЏОЕН една врз друга нога прекрстила
А ЈАС И ФРИЦ набљудуваме двата
КАКО врската меќу ИДА И ВАЈОЛЕТ се зацврстила
СИМКИН врз рацете потпрел глава
ЦИНКЕР дофрла доволно гласно
А ЈАС И ФРИЦ сонуваме за слава
Иако голем дел од постоењето не ни е јасно
Повеќе од нас за слава сонува РУТ
ИРВИНГ со БОБ работат на СОН
Негојо карактер ко мојо е крут
МИРЈАМ ги буди со гласно нежен ѕвон
Во гласот на ДОЖДОВНИЦАТА е мојата ТАГА
Синоќешниот дожд е нејзина метафора
Тревата му се радува на утринската влага
За неа росата е вино а зракот сончев нафора
А КОСТИЌ доследно скоро се’ забележува
Доволно смирен и доволно мудар
ТАГАТА ДЕНЕС СРЦЕ МИ РАЗНЕЖУВА
ПРОСТИ МИ, му велам, за СКОПСКИОТ СУДАР
Од почетокот се собирам себеси на куп
И денес од парчињата ГЕШТАЛТ правам
Бев ГНЕВЕН, РАДОСЕН,ТАЖЕН,УМЕН И ГЛУП
И сеуште учам како СПОНТАНО да примам и давам
ЈАС И ФРИЦ седиме и набљудуваме
Со ВОЗБУДА И НЕСТРПЛИВОСТ ЗА НОВА ФИГУРА
НЕ ОЧЕКУВАМЕ И НЕ ОСУДУВАМЕ
ЕГО СМЕ И АРХЕТИП ОД ВРЕМЕТО НА YU-RA
ВО ВЕЧНОТО СЕГА КРЕАТИВНО СМЕ ПРЕТПОСТАВЕНИ
И спремни за чекор кон ПЛОДНАТА ПРАЗНИНА
ГЛАСОВИ сме, ОВДЕ И СЕГА од БОГА оставени
СВЕТЛО сме СЕМЕ во ДЛАБОЧИНАТА СИНА
И ТАГУВАМЕ СИТЕ - ГЕШТАЛТОТ МРТОВ Е
ДА ЖИВЕЕ ГЕШТАЛТОТ - РЕЧЕ ВО МЕНЕ ЕДЕН ГЛАС
ДА СЕ БИДЕ ГОСПОДЕ ПОМЕЃУ ДА И НЕ
ВЕЧЕН Е ФЛУИД МЕЃУ ТИ И ЈАС
7.6.97 - Пишувано во тeкот на последните моменти од втроиот степен во гешталт едукацијата на групата во Битола.
Понекогаш
Понекогаш не е плезно
Да бидеш чесен и здрав
Да размислуваш трезно
И да се однесуваш ко лав
Понекогаш не е умно
Да бидеш играч фер
Кога ќе ти чепнат во твоето гумно
Понекогаш треба да си ѕвер
Понекогаш јас грешам
Кога сум вистински добар и чесен
И кога со нив се мешам
Без да бидам доволно свесен
Јас ова често го правам
Иако за тоа пишувам понекогаш
И кога ним прошка им давам
Грешам грешам скоро секогаш
Па јас не сум Бог да им проштевам и да ги судам
Бог е Тој којшто има такво право
Мене ми останува понекогаш од нив да полудам
И после да ги откачвам со едно обично ЗДРАВО
4.11.97
Да бидеш чесен и здрав
Да размислуваш трезно
И да се однесуваш ко лав
Понекогаш не е умно
Да бидеш играч фер
Кога ќе ти чепнат во твоето гумно
Понекогаш треба да си ѕвер
Понекогаш јас грешам
Кога сум вистински добар и чесен
И кога со нив се мешам
Без да бидам доволно свесен
Јас ова често го правам
Иако за тоа пишувам понекогаш
И кога ним прошка им давам
Грешам грешам скоро секогаш
Па јас не сум Бог да им проштевам и да ги судам
Бог е Тој којшто има такво право
Мене ми останува понекогаш од нив да полудам
И после да ги откачвам со едно обично ЗДРАВО
4.11.97
Оди си фикцијо
Плати влез за двајца а си отиде сама
Отсонува сон со мене на кратко
Беше ранета курва и смрзната дама
А јас ти бев син брат маж љубовник татко
Оди си оди си од моево срце од мојава глава
Ти мисло ти емоцијо ти фикцијо
Оди си и вечна ти памет и вечна ти слава
Убавино гробницо вештицо змијо
Оди си и кога повторно ќе се раниш
Со нечија туѓа ѕверска агресија
Пак дојди од срцево мое да се нахраниш
Со љубов со милост со добрина на вересија
Дојди јас никогаш нема да ти наплатам
Јас секогаш со радост ќе те примам
Кога ќе бидеш тажна јас ќе те сфатам
Топла рака за тебе јас секогаш ќе имам
А сега сега оди си од сонов мој и чувај се
Иде зима време студено
И ако најдеш ронка љубов радувај се
Само таа ќе те чува в’ова време полудено
3.10.97
Отсонува сон со мене на кратко
Беше ранета курва и смрзната дама
А јас ти бев син брат маж љубовник татко
Оди си оди си од моево срце од мојава глава
Ти мисло ти емоцијо ти фикцијо
Оди си и вечна ти памет и вечна ти слава
Убавино гробницо вештицо змијо
Оди си и кога повторно ќе се раниш
Со нечија туѓа ѕверска агресија
Пак дојди од срцево мое да се нахраниш
Со љубов со милост со добрина на вересија
Дојди јас никогаш нема да ти наплатам
Јас секогаш со радост ќе те примам
Кога ќе бидеш тажна јас ќе те сфатам
Топла рака за тебе јас секогаш ќе имам
А сега сега оди си од сонов мој и чувај се
Иде зима време студено
И ако најдеш ронка љубов радувај се
Само таа ќе те чува в’ова време полудено
3.10.97
Граници на интелигенцијата
Не знам многу доволно знам
Во гимназија бев задоволен со двојка
Денес при незнаење чувствувам срам
Знаењето не е обична бројка
Знам да мислам но премногу не
Памтењето доста слабо ме служи
Мојот мозок не е CD
Околу обична оска да кружи
И покрај сите слабости и мани
Јас сепак знам многу да сонувам
Ги откривам скриените животни страни
Длабоко во себе кога потонувам
Што е знаењето без желба
Или без мотив памтење
Правилна ли е душевната делба
На ладно мислење и емотивно пламтење
Што мисли човек со нож в гради
Што чувствува мајка со мртво дете
Што знаат лудиве глави млади
Какви замки животот плете
Доволно сум уморен и доволно стар
Да сфатам дека животот е без гаранција
Обична бројка од коцкарски зар
И премногу озбилна зафрканција
7.6.93
Во гимназија бев задоволен со двојка
Денес при незнаење чувствувам срам
Знаењето не е обична бројка
Знам да мислам но премногу не
Памтењето доста слабо ме служи
Мојот мозок не е CD
Околу обична оска да кружи
И покрај сите слабости и мани
Јас сепак знам многу да сонувам
Ги откривам скриените животни страни
Длабоко во себе кога потонувам
Што е знаењето без желба
Или без мотив памтење
Правилна ли е душевната делба
На ладно мислење и емотивно пламтење
Што мисли човек со нож в гради
Што чувствува мајка со мртво дете
Што знаат лудиве глави млади
Какви замки животот плете
Доволно сум уморен и доволно стар
Да сфатам дека животот е без гаранција
Обична бројка од коцкарски зар
И премногу озбилна зафрканција
7.6.93
Там - там
Бијат тапаните во ист ритам
Пчелите околу лажни матици се ројат
И додека единствено гешталт читам
Раните отворени и натаму гнојат
Во ист ритам бијат тапаните
А јас од сабајле пишувам ко луд
И гледам како стопаните
Со простиот плебс чинат блуд
Тапаните во ист ритам бијат
И распнат шатор и штрајк со глад
Крокодилите крокодилски солзи лијат
За душата на пленот млад
Бијат тапаните во ритам ист
А камбаните бијат за мртвите
Владеат потомците на антихрист
Никој не го знае бројот на жртвите
Бијат во ист ритем нивните тапани
Ѕверот од длабочините го повикуваат
Ко жртви му ги принесуваат убавиците заспани
Поглавиците и врачевите на церемонијата ликуваат
Во ритам ист тапаните бијат
Јас сум свесен - испраќаат пораки воени
Лидерите совреме челадта ќе си ја скријат
Ќе гинат оние со глупост задоени
10.3.97
Пчелите околу лажни матици се ројат
И додека единствено гешталт читам
Раните отворени и натаму гнојат
Во ист ритам бијат тапаните
А јас од сабајле пишувам ко луд
И гледам како стопаните
Со простиот плебс чинат блуд
Тапаните во ист ритам бијат
И распнат шатор и штрајк со глад
Крокодилите крокодилски солзи лијат
За душата на пленот млад
Бијат тапаните во ритам ист
А камбаните бијат за мртвите
Владеат потомците на антихрист
Никој не го знае бројот на жртвите
Бијат во ист ритем нивните тапани
Ѕверот од длабочините го повикуваат
Ко жртви му ги принесуваат убавиците заспани
Поглавиците и врачевите на церемонијата ликуваат
Во ритам ист тапаните бијат
Јас сум свесен - испраќаат пораки воени
Лидерите совреме челадта ќе си ја скријат
Ќе гинат оние со глупост задоени
10.3.97
Жива смрт
Погледот го усмртувам со млечно блед неон
Кожата ми ја горат со фафчиња од Филтер Југославија
Наместо кослород дишам смог и фреон
А умот ми го трујат со фалсификувани заглавија
Вода пијам од бившите гробишта
Со канцерогени дози флуорисана
Мислата ми ја контаминираат снобишта
Државава в ендек ми е хаварисана
Џвакам помија од кортикостероиди
Џиновски батаци од амерички пилина
Произведуваат вируси на нови СИДИ
Полиестер во изобилство за милина
Низ реките течат непознати хемикалии
Наместо риби пливаат некакви мутанти
Се капиме во и голтаме од сопствените фекалии
Ја мирисаме реата од контејнерите и ѓубреџиските канти
Душите со злокоба ни се загадени
Војните се потреба на индустријата воена
Меѓучовечките односи страшно се заладени
Животната сцена со мртвило е обоена
Со животот управуваат на смртта владеачите
И зборот хуман го черечет и парчат
Господе се множат и зајакнуваат перачите
И животов мој со камата ми го арчат
4.9.97
Кожата ми ја горат со фафчиња од Филтер Југославија
Наместо кослород дишам смог и фреон
А умот ми го трујат со фалсификувани заглавија
Вода пијам од бившите гробишта
Со канцерогени дози флуорисана
Мислата ми ја контаминираат снобишта
Државава в ендек ми е хаварисана
Џвакам помија од кортикостероиди
Џиновски батаци од амерички пилина
Произведуваат вируси на нови СИДИ
Полиестер во изобилство за милина
Низ реките течат непознати хемикалии
Наместо риби пливаат некакви мутанти
Се капиме во и голтаме од сопствените фекалии
Ја мирисаме реата од контејнерите и ѓубреџиските канти
Душите со злокоба ни се загадени
Војните се потреба на индустријата воена
Меѓучовечките односи страшно се заладени
Животната сцена со мртвило е обоена
Со животот управуваат на смртта владеачите
И зборот хуман го черечет и парчат
Господе се множат и зајакнуваат перачите
И животов мој со камата ми го арчат
4.9.97
Јасно
Јасна е светлината
Јасен е и мракот
Јасна е иднината
А голем е меракот
Се’ е јасно само едно е големина
Меракот е голем по жени власт и пари
Меракот е голем во овие зли времина
Меракот што сега и овде со мене господари
Голем е и Бог и многу е јасен
Конкретен прецизен и точен
Одреден недвосмислен директен гласен
Лице в лице со вистината соочен
Ништо појќе ништо помалце ништо не фали
Секогаш на право место и во право време
А ние обичните дворски его будали
Се обидуваме Него да го спружиме на теме
Прости ми Господе во името на сите
Прости ми Господе прости ми за се’
Прости ми кога бесцелно ги врвам дните
Прости ми кога себеси се раскинвам на две
7.10.97
Јасен е и мракот
Јасна е иднината
А голем е меракот
Се’ е јасно само едно е големина
Меракот е голем по жени власт и пари
Меракот е голем во овие зли времина
Меракот што сега и овде со мене господари
Голем е и Бог и многу е јасен
Конкретен прецизен и точен
Одреден недвосмислен директен гласен
Лице в лице со вистината соочен
Ништо појќе ништо помалце ништо не фали
Секогаш на право место и во право време
А ние обичните дворски его будали
Се обидуваме Него да го спружиме на теме
Прости ми Господе во името на сите
Прости ми Господе прости ми за се’
Прости ми кога бесцелно ги врвам дните
Прости ми кога себеси се раскинвам на две
7.10.97
Извирање
Извира од длабочината на бесконечноста
Извира зборот со сета своја прекрасна убавина
И се обидува да ја отслика вечноста
А мене да ме земи на душа на правина
Извира зборот од мене, а јас се чувствувам стушено
Сите зборови и рими ми звучат некако излитено
Ко сето небо врз мене да е срушено
Бидејки однатре ме жежи железо усвитено
И извира таа лава со сета своја жештина
Клокоти зборот што со векови внатре спиел
А јас се чувствувам ко да немам доволно вештина
Да го изречам она што со безброј животи сум го криел
Тие се факт и затоа секој збор ме боли силно
Неизразлива е внатрешната рамнодушност блажена
Мирот во срцето и ова чувство преобилно
Неопислива е љубовта со која душава ми е оснажена
Вистина е дека зборовиве што сега и овде течат
Се капки од подземната река што постојано татни
Па сепак вистината нејзина не можат да ја изречат
Бидејки сите зборови на светов и веков се недостатни
15.7.2005
Извира зборот со сета своја прекрасна убавина
И се обидува да ја отслика вечноста
А мене да ме земи на душа на правина
Извира зборот од мене, а јас се чувствувам стушено
Сите зборови и рими ми звучат некако излитено
Ко сето небо врз мене да е срушено
Бидејки однатре ме жежи железо усвитено
И извира таа лава со сета своја жештина
Клокоти зборот што со векови внатре спиел
А јас се чувствувам ко да немам доволно вештина
Да го изречам она што со безброј животи сум го криел
Тие се факт и затоа секој збор ме боли силно
Неизразлива е внатрешната рамнодушност блажена
Мирот во срцето и ова чувство преобилно
Неопислива е љубовта со која душава ми е оснажена
Вистина е дека зборовиве што сега и овде течат
Се капки од подземната река што постојано татни
Па сепак вистината нејзина не можат да ја изречат
Бидејки сите зборови на светов и веков се недостатни
15.7.2005
Памтење
Ние луѓето многу малку памтиме
Од она што ќе го научиме
Ѕвезди сме што кратко и силно пламтиме
Во бескрајот се губиме откако ќе се случиме
Некој друг памти место нас
Ние сме само искра брзогоречка
Во себе го носиме Неговиот глас
Незнајни сме јунаци на Нечија сила творечка
(Разбира се, без пензија боречка)
Нам ни е даден овој живот за живеење
И од нас зависи како ќе го поминиме
Најчесто во болка и тага, со ронки радост и смеење
Сон, во кој на крајот ќе се разбудиме или ќе се загиниме
Постојано ги носиме надежта и верата дека пак ќе изгрееме
Ко сонца во прегратките на Бога
Дури и тогаш кога меѓусебно крв си лееме
И тогаш кога завршуваме во челустите на баба рога
И секој од нас во душата свесност носи
И за пеколот и за рајот
Знаеме дека низ трњето мораме да минеме сами, голи и боси
А да не ги запаметиме ни’ почетокот, ни’ крајот
3.10.97
Од она што ќе го научиме
Ѕвезди сме што кратко и силно пламтиме
Во бескрајот се губиме откако ќе се случиме
Некој друг памти место нас
Ние сме само искра брзогоречка
Во себе го носиме Неговиот глас
Незнајни сме јунаци на Нечија сила творечка
(Разбира се, без пензија боречка)
Нам ни е даден овој живот за живеење
И од нас зависи како ќе го поминиме
Најчесто во болка и тага, со ронки радост и смеење
Сон, во кој на крајот ќе се разбудиме или ќе се загиниме
Постојано ги носиме надежта и верата дека пак ќе изгрееме
Ко сонца во прегратките на Бога
Дури и тогаш кога меѓусебно крв си лееме
И тогаш кога завршуваме во челустите на баба рога
И секој од нас во душата свесност носи
И за пеколот и за рајот
Знаеме дека низ трњето мораме да минеме сами, голи и боси
А да не ги запаметиме ни’ почетокот, ни’ крајот
3.10.97
Кон Чаадаев
Потполно погрешни книги читате
И со многу погрешни луѓе се дружите
По остварувањето на погрешни цели итате
И на крајот ќе го добиете она што ќе го заслужите
Страшно погрешна политика водите
И погрешни содржини предавате
Од глупоста своја не знаете како да се ослободите
И во трката погрешни коњи јавате
И погрешни жени љубите
На погрешен начин и во погрешен стил
Играте игри во кои знаете дека ќе изгубите
Го коцкате животот со погрешен шпил
За она што го правите ич немате вкус
Вие сте деструктивни и отровни
Работата ја оплескавте дибидус
Ќе бидете разложени на елементи основни
И во нешто друго ќе бидете претопени
Репродуктивните способности ќе ви бидат одземени
Со еден збор ќе бидете скопени
Оглувени ослепени онемени
Вашата судбина запечатена ќе биде
Еднаш засекогаш за вјек и вјеков
Порака за оној што по вас иде
Опомена за подмладокот нов
25.9.97
И со многу погрешни луѓе се дружите
По остварувањето на погрешни цели итате
И на крајот ќе го добиете она што ќе го заслужите
Страшно погрешна политика водите
И погрешни содржини предавате
Од глупоста своја не знаете како да се ослободите
И во трката погрешни коњи јавате
И погрешни жени љубите
На погрешен начин и во погрешен стил
Играте игри во кои знаете дека ќе изгубите
Го коцкате животот со погрешен шпил
За она што го правите ич немате вкус
Вие сте деструктивни и отровни
Работата ја оплескавте дибидус
Ќе бидете разложени на елементи основни
И во нешто друго ќе бидете претопени
Репродуктивните способности ќе ви бидат одземени
Со еден збор ќе бидете скопени
Оглувени ослепени онемени
Вашата судбина запечатена ќе биде
Еднаш засекогаш за вјек и вјеков
Порака за оној што по вас иде
Опомена за подмладокот нов
25.9.97
Ние (јас и моето его)
Ние сме безвредна стока на кило
Ние сме нус-производ и отпадок
Ние сме она што некогаш било
Ние сме отпишан подмладок
Ние сме творба на Големата лага
Ние сме повторена историја
Ние сме вечна душевна тага
Ние сме фалсификувана меморија
Ние сме експериментална генерација
Ние сме заморчиња на државата
Ние сме изроди на нашата нација
Ние не ја поседуваме главата
Ние сме млади и лакоми гадој
Ние сме најлошото што се случи
Ние испустивме и села и градој
Ние сме туткуни и глаучи
Ние сме нагрешка активирана бомба
Ние сме без пенџери небо
Ние сме на здрав заб пломба
И не знајме да си го вадиме лебо
Ние сме дежурни кривци за се’
Ние сме потенцијален вишок технолошки
Ние сме навикнати да велиме НЕ
Ние сме рефус биолошки
Ние сме за беспари на тезга понудени
Ние сме робови на пазарната економија
Ние сме на вечна Голгота осудени
Ние боледуваме од наследна аномија
Ние сме деца со срца скршени
Ние сме единици во дневникот впишани
Ние сме Божји дела недовршени
Ние сме идеали од времето избришани
Ние сме присилно смирени морина
Ние одмна во ништо не веруваме
Ние сеуште бараме човек со борина
Ние понекогаш навистина претеруваме
Ние сме потполно обезвредени
Ние сме духовно малаксани
Ние од глупоста сме победени
Ние на молохот сме таксани
Ние сме во ќорсокак пикнати
Ние се’ почесто беснееме
Ние на ова не бевме навикнати
Ние веќе не знаеме да се смееме
Ние сме емоционално осакатени
Ние сме интелектуално оштетени
Ние уште долго ќе бидеме несфатени
Нам други сништа ни беа ветени
Ние секогаш ќе им сметаме ним
Затоа што често контри удираме
И најубо е да с’удајме во Дрим
Ние не’аме шанса друго да бираме
Ние сме ефтина работна снага
Ние сме нов емиграциски бран
Ние сме последната македонска сага
И топовско месо во нечиј воен план
Ние сме нус-производ и отпадок
Ние сме она што некогаш било
Ние сме отпишан подмладок
Ние сме творба на Големата лага
Ние сме повторена историја
Ние сме вечна душевна тага
Ние сме фалсификувана меморија
Ние сме експериментална генерација
Ние сме заморчиња на државата
Ние сме изроди на нашата нација
Ние не ја поседуваме главата
Ние сме млади и лакоми гадој
Ние сме најлошото што се случи
Ние испустивме и села и градој
Ние сме туткуни и глаучи
Ние сме нагрешка активирана бомба
Ние сме без пенџери небо
Ние сме на здрав заб пломба
И не знајме да си го вадиме лебо
Ние сме дежурни кривци за се’
Ние сме потенцијален вишок технолошки
Ние сме навикнати да велиме НЕ
Ние сме рефус биолошки
Ние сме за беспари на тезга понудени
Ние сме робови на пазарната економија
Ние сме на вечна Голгота осудени
Ние боледуваме од наследна аномија
Ние сме деца со срца скршени
Ние сме единици во дневникот впишани
Ние сме Божји дела недовршени
Ние сме идеали од времето избришани
Ние сме присилно смирени морина
Ние одмна во ништо не веруваме
Ние сеуште бараме човек со борина
Ние понекогаш навистина претеруваме
Ние сме потполно обезвредени
Ние сме духовно малаксани
Ние од глупоста сме победени
Ние на молохот сме таксани
Ние сме во ќорсокак пикнати
Ние се’ почесто беснееме
Ние на ова не бевме навикнати
Ние веќе не знаеме да се смееме
Ние сме емоционално осакатени
Ние сме интелектуално оштетени
Ние уште долго ќе бидеме несфатени
Нам други сништа ни беа ветени
Ние секогаш ќе им сметаме ним
Затоа што често контри удираме
И најубо е да с’удајме во Дрим
Ние не’аме шанса друго да бираме
Ние сме ефтина работна снага
Ние сме нов емиграциски бран
Ние сме последната македонска сага
И топовско месо во нечиј воен план
Tuesday, October 2, 2007
Химна за моето непостоење
со актовка в рака и глупост в глава
тргнуваме рано умниците ние
со сон за богатство и вечна слава
духот во нас секојдневно гние
се влечкаме верно по старата шема
правиме денес исто што и вчера
и додека смртта дел по дел не’ зема
се криеме глупо зад некаква вера
на тошо се прајме а живото врви
и ништо вредно нема да остајме
ќе бидеме храна на некои црви
а душата на ѓаоло ќе му ја продајме
шо барам јас тука се прашувам често
со овие луѓе во оваа врева
на ова грдо и валкано место
во овој ужас од коски и црева
секојдневно бегаме а пак сме тука
од себеси појќе од другите по троа
секој внатре пишти плаче кука
шо прајш бе арен арно бе ѓоа
се тешиме така од полошо скраја
а живото врви покрај нас лудо
понекогаш се прашвам зошто ме напраја
мислам дека џабе го вложија трудо
пубо ќе беше да не се мачеја да ме напрат
попаметно ќе беше да играја бељот
ех да можеја навреме да запрат
немаше да се роди уше еден бесен скот
со вера во бога и тупаница в рака
се колнеме во љубовта и вечниот мир
а одзади секој чини шо сака
во главата спрема ѓаволски пир
и еден покрај друг врвиме леко
и туѓи се осеќаме зар не е така
стравот и злото демне во секој
а нигде никаде подадена рака
место живото да го даваме едни на други
а љубовта и радоста да се главно мото
ние останваме на глупоста слуги
и чекаме нешто да ни падни на лото
прашањево на ум ми доаѓа често
шо барам јас тука во оваа беда
на ова грозно и калливо место
кај луѓето в смртни строеви се редат
ме убивте еднаш шо сакате уште
зар ранава во градиве доволна не е
зар требаше крикот надвор да го пуштев
зар болката моја срце да ви грее
пукавте еднаш зарем не е доста
човекот во мене веќе е готов
внатре палам свеќа во мислите постам
затскријте го телото зад плотов
се прпелкам во тињата ко некое прасе
мртво тело без очи и коса
век распашан и очаен и гнасен
ја ништи во утрото бистрата роса
бегајте дома о кутри и безнадежно мои
сврши распродажбата на мојата душа
премачкајте се утре со нови бои
сменете го тонот да мом да ве слушам
и простете шо немам за сите бисти
и доволно грижа и совест и љубов
а и да имав пак ќе бевте исти
вам и вака ми се чини ви е убо
3.4.1991
тргнуваме рано умниците ние
со сон за богатство и вечна слава
духот во нас секојдневно гние
се влечкаме верно по старата шема
правиме денес исто што и вчера
и додека смртта дел по дел не’ зема
се криеме глупо зад некаква вера
на тошо се прајме а живото врви
и ништо вредно нема да остајме
ќе бидеме храна на некои црви
а душата на ѓаоло ќе му ја продајме
шо барам јас тука се прашувам често
со овие луѓе во оваа врева
на ова грдо и валкано место
во овој ужас од коски и црева
секојдневно бегаме а пак сме тука
од себеси појќе од другите по троа
секој внатре пишти плаче кука
шо прајш бе арен арно бе ѓоа
се тешиме така од полошо скраја
а живото врви покрај нас лудо
понекогаш се прашвам зошто ме напраја
мислам дека џабе го вложија трудо
пубо ќе беше да не се мачеја да ме напрат
попаметно ќе беше да играја бељот
ех да можеја навреме да запрат
немаше да се роди уше еден бесен скот
со вера во бога и тупаница в рака
се колнеме во љубовта и вечниот мир
а одзади секој чини шо сака
во главата спрема ѓаволски пир
и еден покрај друг врвиме леко
и туѓи се осеќаме зар не е така
стравот и злото демне во секој
а нигде никаде подадена рака
место живото да го даваме едни на други
а љубовта и радоста да се главно мото
ние останваме на глупоста слуги
и чекаме нешто да ни падни на лото
прашањево на ум ми доаѓа често
шо барам јас тука во оваа беда
на ова грозно и калливо место
кај луѓето в смртни строеви се редат
ме убивте еднаш шо сакате уште
зар ранава во градиве доволна не е
зар требаше крикот надвор да го пуштев
зар болката моја срце да ви грее
пукавте еднаш зарем не е доста
човекот во мене веќе е готов
внатре палам свеќа во мислите постам
затскријте го телото зад плотов
се прпелкам во тињата ко некое прасе
мртво тело без очи и коса
век распашан и очаен и гнасен
ја ништи во утрото бистрата роса
бегајте дома о кутри и безнадежно мои
сврши распродажбата на мојата душа
премачкајте се утре со нови бои
сменете го тонот да мом да ве слушам
и простете шо немам за сите бисти
и доволно грижа и совест и љубов
а и да имав пак ќе бевте исти
вам и вака ми се чини ви е убо
3.4.1991
Парче по парче парампарче
Собирам парчиња и мозаик правам
Парче љубов со парче страдање спојувам
Парче од себеси на другите им давам
Парче душа ко залак од уста одвојувам
Парче маѓија и парче реалност ковам
Јас сум наковална и јас сум чекан
Понекогаш мислам дека свињи со бисери товам
А за парче милост и јас Господе пекам
Парче кожа и парче тело нудам
Допири, погледи и нежност на драм
Целина од парчињава да направам се трудам
Без морал, без перде, без срам
И парче стакло ко поглед на свет
Парче живот на смрт осудено
Парче демократија и поредок трет
Парче месо од нагон полудено
Парче пријатно и непријатно доживување
И огромно парчиште од мрак
Парче милување и парче силување
Сивило разбиено со парче сончев зрак
И еден чекор ко парче од од’
Парче разум расчешнат од бес
Парче море во када и брод
Парче свесност и парче свест
Босоног се шетам по улицава полна со срчи
Се’ парче до парче од нечиј душевен лом
За капка вино и парче нафора стомаков ми крчи
Додека во срцево носам парче заробен гром
15.9.1997
Парче љубов со парче страдање спојувам
Парче од себеси на другите им давам
Парче душа ко залак од уста одвојувам
Парче маѓија и парче реалност ковам
Јас сум наковална и јас сум чекан
Понекогаш мислам дека свињи со бисери товам
А за парче милост и јас Господе пекам
Парче кожа и парче тело нудам
Допири, погледи и нежност на драм
Целина од парчињава да направам се трудам
Без морал, без перде, без срам
И парче стакло ко поглед на свет
Парче живот на смрт осудено
Парче демократија и поредок трет
Парче месо од нагон полудено
Парче пријатно и непријатно доживување
И огромно парчиште од мрак
Парче милување и парче силување
Сивило разбиено со парче сончев зрак
И еден чекор ко парче од од’
Парче разум расчешнат од бес
Парче море во када и брод
Парче свесност и парче свест
Босоног се шетам по улицава полна со срчи
Се’ парче до парче од нечиј душевен лом
За капка вино и парче нафора стомаков ми крчи
Додека во срцево носам парче заробен гром
15.9.1997
Ловци на пеперутки
Се обидуваат во смртна мрежа
Да го уловат животот во лет
И да воспостават некаква рамнотежа
Меѓу нив и оние од неврзаниот свет
Се обидуваат да ја уловат убавината
Да ја препарираат и класифицираат
Се обидуваат да ја смират дивината
Да ја расчеречат, пардон, да ја секцираат
Се обидуваат со сите можни замки
Да го уловат недофатливото
Се обидуваат да го стават во рамки
Невидливото и насфатливото
А јас его глупакот сакам
Тоа да го опишам со збор
Ко лудак низ оваа лудница акам
Господе, има ли ко мене втор?
17.9.1997
Да го уловат животот во лет
И да воспостават некаква рамнотежа
Меѓу нив и оние од неврзаниот свет
Се обидуваат да ја уловат убавината
Да ја препарираат и класифицираат
Се обидуваат да ја смират дивината
Да ја расчеречат, пардон, да ја секцираат
Се обидуваат со сите можни замки
Да го уловат недофатливото
Се обидуваат да го стават во рамки
Невидливото и насфатливото
А јас его глупакот сакам
Тоа да го опишам со збор
Ко лудак низ оваа лудница акам
Господе, има ли ко мене втор?
17.9.1997
Бог
Бог е
Јас сум
Тој е се’
Тело, чувство, ум
Бог е
Пред мене пат
Да и не
Татко, син, брат
Бог е
И дух
Јас и Ти сме
Допир, вкус, мирис, вид, слух
Бог постои
Постојам и јас
Ти ме удостои
Со збор и со глас
Бог трае
Вечно јас и вечно Ти
Никој од нас не знае
Кој сум, Кој Си
Бог знае
Знам и јас
Бог вечно трае
Вели во мене еден глас
Бог е
Безусловна љубов
Ти и јас сме
Суптилно и грубо
Бог сее
Живо семе
Бог жнее
На време
Јас сум
Тој е се’
Тело, чувство, ум
Бог е
Пред мене пат
Да и не
Татко, син, брат
Бог е
И дух
Јас и Ти сме
Допир, вкус, мирис, вид, слух
Бог постои
Постојам и јас
Ти ме удостои
Со збор и со глас
Бог трае
Вечно јас и вечно Ти
Никој од нас не знае
Кој сум, Кој Си
Бог знае
Знам и јас
Бог вечно трае
Вели во мене еден глас
Бог е
Безусловна љубов
Ти и јас сме
Суптилно и грубо
Бог сее
Живо семе
Бог жнее
На време
Subscribe to:
Posts (Atom)