Двете расправи на Кјеркегор ги читам
Дали човек смее да се жртвува за вистината
Но и дали од вистината треба да ја штитам
Оваа душа што од лаги е раскината
И што кога ќе се соочам со вистината
Дали сум сигурен дека нешто ќе сфатам
Или вчудоневиден со уста подзината
Цехот на спознанието скапо ќе го платам
А решен сум докрај да одам
Длабоко внатре до суштината
Можеби еднаш ќе го згодам
Зрнцето на вистината
Вака се чувствувам ко тешка нула
Околу заоблен а внатре празнина
Заглавен сум долго во опасна була
Со болка тешка колку планина
Се чувствувам премногу напнат
Бидејки во себеси постојано носам
Еден човек на крст распнат
И Црна Дама со челична коса
No comments:
Post a Comment