не знам кого прв да почнам да го цитирам
исус, ајнштајн, ниче, марфи, мохамед или буда
господе, прости ми, што како алиса го ширам
ова мое писание низ земјата на невидени чуда
се преиспитувам себеси дали нешто ми фали
дали ми сечи акало, дали ми е тамам ало
или сум навистина една од ретките его будали
дебилче кое со нечија глупст се исфрустрирало
пред некој ден костиќ ми кажа една вистина
од силните комори му рикнала штитната жлезда
а јас вечерва сакам со самиот себеси да сум на чистина
дал рој скакулци се вдал или е некоја друга наезда
не знам од кај да почнам збунет сум ко германец
навистина не ми е јасно шта се ту и сада дешава
во сопствената професија се чувствувам ко странец
а имам неки гадан осечај да се моја судбина решава
ајнштајн со просторот и глупоста е излитена тема
ниче со волјата за моќ е јасен, директен и експлицитен
буда вели кога ќе спознаеш ќе видиш дека НИШТО нема
исус вели ПРОСТИ ИМ и од мене ќе бидеш заштитен
марфи вели кога врне, тогаш богами истура
мохамед вели алах е апсолутен и бесконечен
е сега се прашувам себеси – дали од култура
треба да се цензурирам и останам недоречен
тешко, тоа не е мој стил, мене не ми е одговор молкот
јас сум научен работите до крај да ги правам јасни
и по цена да ме папи бубата или да ме изеде волкот
јас сепак најмногу ги сакам вистините прекрасни
мене не ми се потребни жезла и тронови
не чувствувам потреба да го емитирам бога
мене не ме храни друштвото на клонови
јас сум го изживеал тој дел од bhava-roga
не патам за управни одбори, разни комисии и тела
комплексот на бог на друго место си го лечам
сакам само во оваа наша боженствена дежела
професијата психолог барем тро да ја очовечам
некои ми бараат да имам менаџерска способност
ми бараат попис на моето гласачко тело во рок од ХУ дена
не знам дали ќе ми побараат и политичка подобност
а можеби ќе морам да платам и некоја повисока цена
о совршени боженства на фантомската комисија
дали ви треба моја крвна група, ДНК или мокрача
имате ли намера да ми правите субатомска фисија
потребно ли е да сум од кратово или пак од псача
навистина не можам да ја разберам вашата функција
кој ве избрал и кој ви дал толкава егзекутивна моќ
простете ми што повремено не користам интерпункција
душава ми помрачена во оваа балканска оловна ноќ
мислев дека комунизмо с`иба мамата, рикна, цркна
а имам доживување дека пролетва почнува да цвета
во професијава моја тој ментален склоп ко да пркна
како феникс се издигна од пепелта и високо лета
рептилно реинкарнираните интелектуални структури
ми продаваат стаљино-комунистичка демагогија
спермалните отпадоци и духовно отровните згури
се обидуваат да ми држат лекции од лениновата педагогија
досега револуцијата требаше да ги изеде и нив и нивните деца
светот веќе доживува нова спиритуална револуција
таквите ко вас досега требаше да ги папа меца
очигледно сеуште важи законот на дарвиновата еволуција
а јас пустото сеуште си верувам во креационизмот
верувам дека има бог и дека тој така работите ги мести
не верував дека сеуште е толку плодороден стаљинизмот
и дека неговите менструации се толку болни и чести
мислев дека таквиот софтвер денес е инкопатибилен
верував дека нивото на свесност е барем тро повисоко
но сега сфаќам колку сега и овде лукавиот е силен
и спремен да ми наплати заб за заб и око за око
се предавам, ебете се без мене, јас со вас свршив
не се дружам со фригидни кучки и импотентни песој
жалам само што едно свое правило си прекршив
пак му дозволив на ѕверот да ги кали својте бесој
простете ми што сум пис на уста и тро циничен
но, за жал, тоа е мој стил кога ќе осетам глупост во акција
по ова прашање јас си го изнесов својот став личен
претпоставувам дека ќе продолжи нашата интеракција
Р.Ѕ.
се чувствувам ко дон кихот, со ветерници водам бој
на некоја бeзлична и безимена комисија и` пишувам
но знам едно – не сме од исто симсиле и од ист сој
бидејки јас други мисли мислам и друг воздух вдишувам
Friday, May 11, 2012
СОДОМА И две претКОМОРИ IV
СОДОМА И две претКОМОРИ IV
ни самиот не знам зошто толку енергија трошам
со глупостите на некои помрачени умови
можеби ко костиќ здравјето ќе си го влошам
можеби на старос ќе добијам срцеви шумови
можеби егзистенцијата во содома и гомора
за мене ќе заврши со исход фатален или летален
можеби ќе ми рикни некоја комора ил` преткомора
и наместо срце ќе носам некој крвен сад метален
можеби тогаш како нив и јас ќе станам студен
и ќе почнам животот со смрт да го трујам
па сепак во мене оној дел емоционално буден
вели дека ќе преживеам и ќе продолжам да зујам
моментално срцето психолошко чука со две преткомори
едната е ѓоа психолошка, а другата е психотераписка
од една сега имаме две содоми и две гомори
и секој мој колега од ваквиот напредок екстатично вриска
свршуваат со нови закони, прописи и правила
меѓусебно се бираат боговите професионални
сеуште глупоста нивна во црно не не` завила
но допрва ќе следат последиците генитални
а младите насвесни психолошки битија
креваат нога, а и понекоја рака
утре ќе ги сфатат моите вчерашни откритија
а јеби га, можда госпо така сака
можеби намерно ова мене ми се случува
да гледам баш тогаш кога многумина се слепи
и некоја фантомска комисија за мене да одлучува
дали сеуште срцето ми чука и умо ме крепи
всушност, сево ова мене ми е многу интересно
јас уживам во хлорофилот, во неговата зелена боја
радосен сум што сепак сум шилеџе тро свесно
и ги препознавам дрвените коњи од времето на троја
многумина на дрвените богови до земја им се веднат
и умовите и срцата свои како жртва им ги принесуваат
колку лесно на лукавите подлости умеат да наседнат
несвесни дека златните телиња мајките им ги силуваат
ги почитувам мермерните статуи и нивните срца камени
во мојава душа вржуваат длабоки естетски впечатоци
се надевам дека ламјите и змејовите со јазици пламени
нема уште долго да лежат врз своите ментални сматоци
но, ништо не ме чуди, ова е мрачно доба, ова е KALI YUGA
денес со светлосна брзина се размножуваат рептилите
низ светот се шири епидемија на ментално-емоционална куга
денес доброто и злото постојано си ги одмеруваат силите
старите велат – секое зло за добро – парадокс par excellence
секоја преткомора за комора – со мој јазик попросто речено
се надевам дека еден ден ќе излезат од сопствениот транс
и ќе го исцелат своето внатрешно дете повредено и недоизлечено
и нема преткоморите да им ги декомпензираат срценцата
само затоа што љубовта не ги допрела длабоко до дното
ах колку ги сакам и почитувам тревките и цвеќенцата
кои со своите коренчиња го допираат и чувствуваат тлото
сочувствувам со возгордеаните, воздигнатите, вознесените
отстрана ги гледам како заглибени во нивната глупост и беда
си ги уништуваат преткоморите, артериите, капиларите, вените
само заради некоја мината неосвестена нарцистична повреда
о вие сезнајни, семоќни, сепостоечки, преткоморни богови
искрено се спрострувам пред вас и ви се предавам сиот
свесен сум дека се бодам со вас, а кутриот немам рогови
простете ми мене, саркастичниот, подмолниот, злиот
простете ми што цинизмот го користам за комуникација
тоа не сум јас, тоа од мене пак рика лавот и беснее ѕверот
а поетот тоа го доживува како на истата тема варијација
додека свесниот знае дека ова ќе биде одвеано од ветерот
овде свршувам, доволно е за денес, немам повеќе зборови
кој сфати сфати, а кој не, јеби га, толку госпо му делил
јас сега се повлекувам во своите царски небесни дворови
чувствувам дека во срцево мое светиот дух пак се вселил

Се` е политика – рече Учителот
се преиспитувам себеси и се прашувам зошто не ме бива
политика да водам, да маткам одоколу, да манипулирам
а имам еден хиперманипулатор и ѕвер со природа дива
но не знам како во себеси двајцата нив да ги избалансирам
во светот на ега искреноста и директноста не се на цена
потребно е взаемно политички елегантно его тимарење
егото е како арогантен маж и искомплексирана жена
егото е како осетлив стомак со пореметено варење
а во мене има премногу дивина преточена во поезија
јас како да не му припаѓам на овој и ваков свет
јас сеуште немам врз зборот мој световна терезија
јас чувствувам како да сум благословен и проколнет
ме благословил господ со остар ум и срце чисто
и ме проколнал со огромна сила и природа дива
ме вјармил во парадокс – се` се менува, а се` е исто
и му ставил граница – смрт, на мојава душа жива
и ме фрлил во световното да трагам по светото
да водам политика со ангели во демони претворени
и да го откријам благословеното во проколнетото
преку сите свои гревови измислени и сторени
ми дал задача од дете кревко маж силен да израснам
од срцето на лагата своја да ја искорнам вистината
од раката на кундалини јаболкото на спознанието да го каснам
и да клокотам како вулкански кратер со лава остината
господе, знам дека за се` што мене ми се случува ти си крив
ми велиш биди вистинит, а од друга страна политика водиш
меѓу емоционални мртовци јас морам да останам здрав и жив
а знам дека што и да направам, на крајот пак ќе ме ослободиш
но проблемот е во егото мое кое сеуште не знае да љуби и верува
проблемот сум јас кој не сакам да ја водам твојата политика
проблемот е овој его ум кој ништо не прифаќа и во се` претерува
проблемот е во овој глушец во мене кој пред лавот мој цвика
сеуште сум длабоко заглибен во светот на сопствените двојства
теретот на сопствената карма е крстот закован врз моиве плеќи
и се` додека во потполност нe ги спознаам сите мои его својства
ќе продолжам над своите гробови да плачам и да палам свеќи

Subscribe to:
Posts (Atom)