Saturday, October 13, 2007

Нема лек против нив

Немоќен е мојот цинизам
Слабокрвен е мојот сарказам
Јас се’ почесто шизам
И се’ повеќе ги мразам

Тие се ко буба шваби
И како глувци се множат
Острината на нивните заби
Е болка врз мојата кожа

Нема сила да ги спречи
Тие имунолошки се силни
Има ли лек што лечи
Рани од суштестава дебилни

3.10.93

No comments: