Не слуша оној што има уши
Туку само оној што слух има
И нема оној кому глата му туши
Да ја сфати оваа грубо-суптилна рима
Јас и после ова ќе останам тула
Во новоизградениот цивилизациски ѕид
И нема да вредам повеќе од нула
За оние со очи а без вид
Постојано се рануваме и не си простуваме
Бидејки такви какви што сме не се прифаќаме
И едни со други ѕверски се раскостуваме
А потоа грешките на сопствените глупости ги плаќаме
Индивидуалната преку општата историја се повторува
А животот е тој што постојано трпи
Господе само да го чуеш што зборува
Ќе дознаеш од каде зли искуства црпи
Господе животот е исполнет со ранување
А душата целата болка ја регистрира
Секое физичко или вербално заканување
Со текот на индивидуалниот живот интерферира
За сево ова ќе напишам есеј со наслов
Родителите коишто своите деца ги јадат
И децата што со нив водат одмазнички лов
Во кој и едните и другите ќе настарадат
31.8.97
No comments:
Post a Comment