Saturday, October 13, 2007

Остаа рајата шо сака нека прај

Мислата своја на Бога ја дарив
Љубовта в срце ми остана мртва
Нож в плеќи самиот си зарив
Јас сум својата прва жртва

Долго во себеси суштина барам
Вистина болна и правда за сите
Често со другите гласно се карам
И за еден факт малечок но битен

Низ Драгоро уше многу ќе истечи
Од смрдливата и валкана вода
Жарот на страста срца ќе испечи
В очи ќе фрли од живата сода

А јас ќе останам во албумот слика
Отпечаток на хартија недовршен сон
Од мене црвен водоскок ќе блика
Ушеден глупав и монотон шаблон

Три збора кажани во четири очи
Необрана нива со зрела пченка
Ѓаволот во мене сечила точи
Јас сум нечија чужда сенка

Болка од самоста в душа гори
Не го познавам патот до спојот
Денеска човек што и да стори
И за то ме боли и то преку мојот

16.3.92

No comments: