Monday, May 27, 2019

УДБА (... во друштвото на мртвите поети ...)


УДБА
(... во друштвото на мртвите поети ...)

За прв пат ја осетив организираната моќ на државната машина
За прв пат почувствував што значи страшно организирано зло
За прв пат сфатив како со лага наоколу се дига огромна прашина
За прв пат им успеа да ми го размрдаат од под нозе цврстото тло

Но, за среќа Господ во мене е длабоко устоличен и премногу силен
Милоста Негова ме натера преку кармата да го контролирам ѕверот
И да не го потценувам овој политичко полициски систем дебилен
И да престанам неограничено да го пуштам својот отров во етерот

Саи Баба вели: “Не му се возгордевај на оние што се од тебе помоќни
И немој да ги потценуваш оние што се беспомошни и од тебе послаби
Моли му се на Бога во раните часови утрински и касните часови ноќни
И биди свесен кога, каде и кому треба да покажеш љубезност или заби

Од неодамнешното искуство сфатив дека ѕверот не смее слободно да шета
Бидејки е многу суров, сиров, деструктивен и опасен за другите и за себеси
И доколку не е под моја свесна контрола може да направи огромна штета
Да ги разбуди и разјари демоните и да ми ги разбранува внатрешните небеси

Фала ти Господе што ме освести враќајки ми ја назад ѕверската агресија
Ми беше потребен ваков силен удар од страна на грубата реалност материјална
Уште еднаш ми покажа дека треба да сум севесен за мојот грешник и месија
И дека двете подличности треба да ги имам под свесна контрола стална

Април 18-ти, 2019-то лето Господово

 

Thursday, April 11, 2019

ода на глупоста


не мислев дека со ова на старос ќе се занимавам
сонував куќа со базен, имав свој American dream
сакав да живеам и со професијата да си се бавам
господе, прости ми мене, стариот пичкин дим
најмалку сум сакал во политиката да се мешам
знам дека таму има премногу подлост и зла скрб
многупати збунето по слепоочницата се чешам
свесен дека можам да завршам со нож забиен в грб
с’изнагледав и с’изнаслушав глупости на тони
се чудам како сеуште мајката земја ги крепи
ова што го прават не беше било со еони
ќорите и денденес водат милиони слепи
глупоста е репер за успех и за напредување
најдобра препорака е да си ретардиран
мудроста и љубовта овде се на боледување
само ако си глуп имаш шанса да си биран
постои инклузија на глупоста во секоја пора
мороните владеат со мајковината и татковината
уништуваат се’ и се разбира на сето тоа згора
без око да им трепне врз мене ја фрлаат вината
а во мене одамна ептен е попизден ѕверот
затоа без цензура го постирам неговиот гнев
неговиот крик слободно го пуштам во етерот
иако знам дека на душава моја си чинам грев
господе прости ми што и вечерва глупоста ми е тема
наместо љубовта и мудроста од срце да ги пропагирам
глупоста многу долго од мене данок во крв зема
бидејки умов мој збеснат никако не мом да го смирам
не можам и не сакам молкум сево ова да го гледам
бришење на народот, јазикот, државата, идентитетот
не можам и не сакам со скрстени раце да седам
додека глупаци ме претставуваат мене пред светот
се’ додека сум жив со таквата стока ќе се борам
и нема да дозволам да го сквернават моето име и род
господе, прости ми, ако згрешам нека изгорам
дел од мене сака да им го избрише и генетскиот код
знам, овие глупаци на власт се предизвик и искушение
тие се одблесок во огледалото на мојот несвесен его ум
за глупоста нивна, мудроста моја нека ми е утешение
тие се пречка и поттик да бидам подобар од шо сум
од тебе господе постојано барам некаков знак
истовремено сакам да простам и да ликвидирам
нити за едното, нити за другото сум доволно јак
нити пак можам збеснатиов ѕвер да го смирам
ич не ми е страв да умрам за мојте идеали
баш ме боли шо мислат глупите кретени
јас сеуште сум една од оние ретки будали
на кои само љубовта може срце да им плени
а мудроста да ми го восхити умот жив
и во мене да покрени енергија силна
тогаш духот мој е спремен во еден здив
да ја збрише од тука сета стока дебилна
време е тука да завладее вистината
време е глупоста да си замине во минатото
време љубовта да не’ води во иднината
време е мртвите птици да го напуштат јатото
9-ти Април, 2019-то лето Господово

Wednesday, March 13, 2019

Бејзикс



Работејки на самиот себеси и со другите луѓе
Чепкајки во своите и туѓите емоционални рани
Кога бев премногу уплашен и од себеси отуѓен
Во нуклеарниот отпад, полн со невротски одбрани

Почнав да откривам некои интересни механизми
Коишто постојано се повторуваа како некоја мостра
За тоа колку срцето сака, а лукавиот его ум пизми
Сфатив дека ја откривам структурата на Cosa Nostra

И колку повеќе откривав како работи таа мафија
Толку повеќе чувствував напади на лукавиот его ум
Ножицата сечеше криво, а јас тргав права рафија
Жесток беше конфликтот со внатрешниот толосум

О Господе Боже, колку бев и колку сеуште сум
Со таа перверзна самобендисана лага поистоветен
О Господе Боже подмолен е овој лукав его ум
Јас сеуште сум негов роб - ситен, наивен, недоветен

Сфаќам колку суптилно ја плети неговата мрежа
Колку вешто знае да се скрие зад доброто и злото
И колку лесно успева да ме исфрли од рамнотежа
Да ме возвиши на врвот и да ме бапни од дното

Колку совршено знае со суштината да се вплоти
Во најискреното, најневиното и најчистото се впива
И како мачка знае да преде и нежно да се кроти
Со отровна блажина го мати изворот на водата жива

Не можат да го разберат ова мувите пазаришни
Тие се занимаваат со грубото, со тешкото, со оловото
Тие не ги знаат неговите злонамеренија скришни
Ах колку добро се крстат, се молат и го толкуваат словото

Тие не го познаваат гробарот на душте нивни
Тие, сувишните, над без-дната жонглерите на жица
О вие робови, да знаете само колку сте наивни
Кога судите за книгата според нејзината корица

Глумите сезнајни, а ни слово од неа не сте прочитале
Како алваџиски тефтери ве отворам секојдневно
Гледам како в без-сознание заблудено сте заскитале
И се однесувате бесно, огорчено, разлутено, гневно
  
А јас, јас робот на најлукавиот помеѓу најлукавите
Ми дал Господ тро милост, тро љубов, тро знаење
Јас глумам дека сум најздравиот меѓу најздравите
А всушност и јас сум подложен на својот рок на траење

И мене коњите ми се уморени, папсуваат, калдисуваат
Пред да ми рикнат сакам откријам дел од вистната
Срцево копнее, а во главава разни ветришта дуваат
Сакам да љубам пред да останам со уста подзината

О Ти мудрецу што во срцево мое блажено мируваш
О Ти што во овие бели дробови внесуваш здив
О Ти што врагуваш и ко вампир се повампируваш
О Ти што глумиш мртовец, а си Еден, Сам и Жив

Тебе ти се обраќам и од Тебе изим за ова барам
Ти сакам врз ова бивствување да ставиш рака
По Тебе трагам, со Тебе се љубам и се карам
О Ти Творецу на сето блаженство и сета мака

Твоите безбројни лица често ме збунуваат
Твојата совршена игра ме заведува и води
Твоите тишини скришни тајни себично чуваат
А душава знае дека без нив нема да се ослободи

Затоа сакам она што сум го спознал да го споделам
Со другите души на патот заталкани и изнапатени
Овие ронки мудрост во срцата нивни да ги вселам
Да објаснам за од умовите нивни да бидат сфатени

Горе на тронот, со жезло в раце и круна на глава
Седи врз белиот лотосов цвет со илјада листа
Возгордеан и со копнеж за вечна памет и вечна слава
Опиен од моќта продава демагогија најчиста

Со него се поистоветени сите негови верни робови
Тој е што се поклонува и нему му се поклонуваат
Му креираат златни телиња надземните гробови
И најмилото во негова чест го убиваат и силуваат

Во едната рака држи срам и сомнеж, во другата страв
На градите има знак од бес, лутина, огорченост, гнев
Срцето го исполнува со вина, тој и кога е крив е прав
Невиноста ја убива со измислен примордијален грев

Со ноктите врз срцето прави длабока невидлива трага
Волчјаците негови во гркланот твој крвожедно се забодени
Во остри ножеви ги претвора солзите на еонската тага
И ќе те болат седодека вистините не бидат ослободени

Во меѓувреме тој во страдањето те заљубува и ти уживаш
Додека тој се устоличил на тронот опиен во својата моќ
А ти долу се обидуваш од глупоста и бедата да испливаш
И својот најсветол ден го доживуваш како најмрачна ноќ

А тој со безбројни желби тебе секојдневно те манипулира
Со илузии, фантазии, соништа те држи под јака контрола
И седодека не му ги оствариш, не те остава на мира
А последиците од неговата игра тебе до срце те болат

Преку разни страсти почнува да те заблудува и заведува
И во секоја твоја мисла, збор и дело тој сака да доминира
И плодот на секоја твоја жртва тој сака да го поседува
Секој чекор кон светото во тебе најсуптилно го саботира

Тој е левата рака на судбината и чуварот пред капијата
Тој е огнот во пеколот и детергентот во чистилиштето
Тој е рајот, тој е Адам и Ева, тој е дрвото и тој е змијата
Тој е кучката и романтичарот тој е убавицата и чудовиштето

Ех кога навистина би знаеле со кого си имате работа
Би ги засукале ракавите и би почнале да работите на себеси
Вака испаѓа дека јас си ја тријам крастата и џабе баботам
За лукавиот, за пеколот, за Бога и за некакви си небеси

А длабоко во срцето, во без-дната, во мирот и тишината
Таму се крие Семоќниот, Сезнајниот и Севозљубениот
Во таа мрачна влажна зандана чмае заробена Вистината
За Будниот, Совршениот, Најтаинствениот, Ослободениот

Во таа најсовршена игра на куку, мижитатара, криенка
Тој Самиот по Себеси е во постојана потера и потрага
И Тој Самиот Себеси си глуми и светлост и сенка
Паднат ангел кој се тера Себеси џенем и до врага

Откриен Си, О Ти Беспрекорен Севозвишен Чудо-Творецу
Откриен си како светло сонце пред јасна месечина
Откриен си О Ти лукав его лудаку и вечен его борецу
Во играта во која глумиме возрасни ние малите дечина

4.3.2013

Ако ви речам



Ако ви речам дека сте богови, дали ќе ми поверувате
Ако ви речам дека сте робови, дали ќе ми се налутите
Ако ви речам дека самите страв в коски си втерувате
И ако сето тоа на вас ви го докажам, дали ќе заќутите

Ако ви речам дека не сте луѓе, туку духовни битија
Дали тоа ќе промени нешто во вашите срца и умови
Ако ви речам: себеоткривањето е над сите откритија
Дали тоа вашето внимание на момент ќе го улови

Не верувам, вие и натаму ќе останете во мајата
Бидејки нема да поверувате во ова што го зборувам
И ќе продолжите да ја сркате животната супа бајата
Независно колку пати сево ова да ви го повторувам

На крајот останува фактот: мора да искусите, доживеете
Без лично свесно искуство нема ни љубов ни вера
И кога свесно над самите себеси ќе почнете да бдеете
Тогаш сега и овде ги замени вашите утре и вчера

Навистина не е битно што јас или некој друг ќе ви речи
Битно е дали длабоко од срце копнеете по самите себеси
И нема сила на светот што тој копнеж може да го спречи
Од најниските пеколи да ве понесе во највишните небеси

 22.3.2013

MiB (I got respect for man in black)




Постојано се среќавам со лукавиот и неговите жртви
И со милоста Божја се обидувам понекоја да спасам
Да ги избавам пред да станат емоционално мртви
Господе прости ми, понекогаш доцнам, понекогаш вјасам

Очигледно често премногу барам и премногу сум строг
Јас психотерапевтот, јас исцелувачот, спасителот јас
Не знам дали понекогаш несвесно играм улога на бог
Да, и тоа го правиш чедо мое, вели внатрешниот глас

Не спасувај никого кој од тебе не бара да биде спасен
Не се мешај во ничија туѓа карма самоиницијативно
Таквиот пристап и за тебе, а и за него е многу опасен
Страдалниците стануваат зависни од страдањето нивно

Улогата на жртва е многу комплицирана и интересна
Жртвата го сака мачителот свој, својот егзекутор
Таа ужива во мачењето и за тоа воопшто не е свесна
Усмртувачот на нејзиното срце го доживува ко тутор

Тоа е слично како зависноста при давањето на крв
Крводарителот едвај чека шест месеци побрзо да минат
Иглата кај него предизвикува климакс, екстаза, врв
А потоа се чувствува батисан, калдисан, папсан, скинат

Улогата на маченик и мачител е улога на трактор и бара
Моќта на жртвата, колку е тоа на лукавиот опасен трик
Деструктивната игра и на двата толку многу им одговара
И оној кој ќе ги соочи со тоа на крајот е негативен лик

Всушност, тоа е мојата улога, психотерапевтот психолог
Јас ги соочувам нив со нивната глупост и нивната беда
Човек кој во работата внесува посебен енергетски влог
Кој исцелува стара и превенира нова емоционална повреда

Мене лукавиот ме доживува како непријател смртен
Мене ми се фрла да ми ги ископа очите, да ми скине глава
Со сета своја деструктивна енергија на мене е свртен
Над гробот сака да ми пее “вечна му памјат и вечна му слава“

Кога ќе му речам “не знаеш“, наеднаш ѕверот побеснува
Кога ќе му ја фрлам светлината в очи, станува она што е
Ми врти грб и вратата на срцето пред нос ми ја треснува
Почетното ДА, со неверојатна брзина се претвора во НЕ           

Во иднина морам да бидам поконцентриран и посвесен
Битките со лукавиот морам на еден друг начин да ги водам
Морам да го успивам наместо да го правам лут и бесен
Ако сакам нечија душа од мракот негов да ја ослободам

Р.Ѕ.

На крајот искажувам длабока почит кон човекот во црно
Кој искрено од срце тагува за смртта на сопствената жена
И убива две други без ронка барут, без да испука ни зрно
О Господе Боже, играта Твоја е беспрекорна и совршена  

10.4.2013
   

Светото ни его (За моќта)



Човечкото его има само една цел - ВОЛЈА ЗА МОЌ!!!
За да се стекни со моќ и да ја задржи истата, човечкото его користи МАНИПУЛАЦИЈА, ПОСЕДУВАЊЕ, КОНТРОЛА, ДОМИНАЦИЈА, ЕКСПЛОАТАЦИЈА и др.
Егото се храни со моќ и ужива во истата.
Кога некое его ќе стекни одредена позиција/титула, на пример ПРЕТСЕДАТЕЛ/ПРЕМИЕР, тоа СЕ ВРЗУВА (се идентификува/поистоветува) за неа и за моќта што истата ја носи и тогаш има доживување дека ЈА ПОСЕДУВА (титулата и моќта) и има тенденција да се одржи колку што е можно подолго на таа позиција.
МОЌТА Е
НАЈСИЛНАТА И НАЈОПАСНАТА ДРОГА ЗА ЕГОТО, затоа егото сака да ја прима/искусува што е можно подолго.
МОЌТА на егото му дава ПОГОЛЕМА ВРЕДНОСТ, со којашто егото има доживување дека е подобро од другите, односно ДОМИНИРА над другите.
Моќта со себеси носи бенефити, погодности – ЌАР.
Затоа егото ги користи сите средства (МАНИПУЛАЦИИ) за да остане на позицијата која носи моќ.
ЕГОТО САКА ДО КРАЈОТ НЕ СВОЈОТ ЖИВОТ ДА ОСТАНЕ НА ТРОНОТ СО ЖЕЗЛОТО В РАКА И КРУНАТА НА ГЛАВА.
За да ги КОНТОРЛИРА оние кои ги доживува како конкуренти во превземањето на моќта, егото кое е НА ПОЗИЦИЈА користи многу МАНИПУЛАЦИИ, од кои најуспешната манипулација е DIVIDE ET IMPERA (ПОДЕЛИ, ПА/И ВЛАДЕЈ).
Тоа е можно со ширење ДЕЗ-ИНФОРМАЦИИ/ЛАГИ.
Најмоќното оружје во рацете на егото на власт е СТРАВОТ!!!
Стравот најлесно се предизвикува со егзистенцијална загрозеност, како на пример потполно осиромашување, заканување, психичко и физичко малтретирање, па се’ до ликвидација.
Стравот се предизвикува е со МАНИПУЛИРАЊЕ на сексуалната енергија од страна на оние кои ја имаат моќта (религиозната и политичко-економската олигархија).
Оние кои НЕ СЕ ПЛАШАТ, тие почнуваат ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ И ДА СЕ БОРАТ за да ја превземат МОЌТА.
М
удреците велат дека ГОЛЕМАТА МОЌ СЕКОГАШ ОДИ СО ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ.
Обично, егото кое е издрогирано со МОЌ НЕ Е ОДГОВОРНО, односно СЕ ОДНЕСУВА НЕ-ОДГОВОРНО.
ПРАШАЊЕ Е САМО КОЛКУ ДОЛГО МОЖЕ ДА СЕ ОДНЕСУВА НЕ-ОДГОВОРНО.
Тоа ќе го прави до оној момент додека не се јават ДРУГИ ЕГА КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ И СЕ СПРЕМНИ ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТ МОЌТА!!!
Обично оние кои сакаат да ја превземат моќта имаат доживување дека биле обесправени и тие се убедени дека ПРАВИЛНО ЌЕ ЈА КОРИСТАТ МОЌТА.
ВНИМАВАЈТЕ!!!
МОЌТА КОРУМПИРА, АПСОЛУТНАТА МОЌ КОРУМПИРА АПСОЛУТНО!!!
Всушност, моќта е како микроскоп/телескоп, таа го зголемува она што човекот во себеси го носи како потенцијал.
Затоа кога се има/превзема/добива/стекнува моќ многу е битен КАРАКТЕРОТ на оној што ја има/превзема/добива/стекнува моќта.
Ако карактерот на човекот има негативен потенцијал, негативни каратктерни особини/црти/КАРАКТЕРистики тогаш моќта тоа ќе зголеми и ако до вчера било невидливо, сега, под влијание на моќта, станува видливо.  
Истото се случува и кога човекот носи позитивен потенцијал.
Кога се работи за моќта, тогаш
САМО-СВЕСНОСТА ВОДИ КОН ВИСТИНСКИ ПРОМЕНИ.
Доколку СВЕСНО и со ОДГОВОРНОСТ се користи МОЌТА, тогаш таа може да биде БЛАГОСЛОВ, во спротивност моќта се злоупотребува и таа станува ПРОКЛЕТСТВО.
Мој совет за оние кои имаат намера да ја превземат моќта е истата да ја користат СВЕСНО И ОДГОВОРНО!!!
GOOD LUCK AND GOD BLESS YOU <3 o:p="">

Р.Ѕ.
Зошто моќта е толку силна дрога за егото/его умот?
ЗАТОА ШТО МОЌТА Е КОМПЕНЗАЦИЈА И НАТКОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ЉУБОВТА.
Моќта НЕ Е НИШТО ДРУГО ОСВЕН НЕОСВЕСТЕНА ЉУБОВ.
Егата/его умовите кои КОПНЕАТ за моќ, всушност КОПНЕАТ ЗА ЉУБОВ.
Затоа велат СВЕСНОСТА е таа којашто МОЌТА ЈА ТРАНС-ФОРМИРА ВО ЉУБОВ.
КОГА ЕГОТО ПОСЕДУВА МОЌ ИМА ДОЖИВУВАЊЕ ДЕКА Е БОГ И СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОГ, ВСУШНОСТ, ТОА Е КОМПЛЕКСОТ НА БОГ.
Но, кога его умот работи на ПРОШИРУВАЊЕ (подигнување и продлабочување) НА СОПСТВЕНАТА СВЕСНОСТ, тогаш тоа моќта ја трансформира во љубов, а ЉУБОВТА човекот го води кон неговата БОЖЕНСТВЕНА ПРИРОДА и тогаш се повеќе и повеќе СТАНУВА БОГ, а се помалку его и ПОЧНУВА ДА СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОГ.
Во првиот случај кога ЕГО УМОТ КОЈ Е НЕ-СВЕСЕН И ИЗДРОГИРАН СО МОЌТА СЕ ОДНЕСУВА КАКО НЕ-ОДГОВОРЕН БОГ/ДЕМОН, БОГ КОЈ НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СВОЕТО ОДНЕСУВАЊЕ и тогаш човекот станува БОГ НА ЗЛОТО.
Во вториот случај кога ЕГО УМОТ Е СВЕСЕН И МОЌТА ЈА ТРАНСФОРМИРА ВО ЉУБОВ, ТОГАШ ЧОВЕКОТ ПОЧНУВА ОДГОВОРНО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА МОЌТА/ЉУБОВТА/ЕНЕРГИЈАТА и тогаш станува БОГ НА ДОБРОТО.
Еден мудрец вели дека СЕ` ШТО ПРАВИМЕ СО СВЕСНОСТ Е ДОБРО И ИСПРАВНО, а се` што правиме БЕЗ СВЕСНОСТ ИЛИ НЕ-СВЕСНО ТОА Е ЗЛО И НЕИСПРАВНО.
СВЕСНОСТА Е PANACEA (лек за сите болести), а љубовта и мудроста се нејзини чеда.
Во духовната литература се вели дека човек прво мора да развие силно/моќно итегрирано его, а потоа Бог преку разни животни искуства тоа его ќе го делка/моделира, се’ до оној момент додека не ја постигне крајната трансформација и не ја ослободи душата за трансцеденција.
За егото/его умот и за неговата волја за моќ и неговата улога во психо-спиритуалниот развој на човекот има многу да се каже, но, проблемот е во тоа што СЕ` Е ПОВРЗАНО и за да го сфатиме егото (его умот), мора по нешто да се каже и за селфот/себството/јаството/душата/Бог и ако за сето тоа СЕГА И ОВДЕ се обидам да напишам само по нешто, мене ќе ми треба БЕСКОНЕЧНО многу време и енергија. Сепак, ЗА БЕСКОНЕЧНОСТА НЕ СЕ ЗБОРУВА, неа треба да ја ОТКРИЕМЕ, ОСВЕСТИМЕ, ОСЛОБОДИМЕ И ЖИВЕЕМЕ.

MAY GOD BLESS YOU ALL <3 span="">

Tuesday, March 12, 2019

Сакам да напишам песна за Македонија



Сакам да напишам песна за Македонија
Ама нешто во градиве ко камен ме стиска
Последните камбани за мене одѕвонија
Над гробот мој од босилек свежа киска

Зборов мој во љубов и отров е брцнат
И во секоја негова буква огниште гори
Од тежината небесните скали ќе крцнат
И боговите ќе прашаат: Овој шо збори???

И јас постојано се прашувам себеси
Која е целта на сево ова политичко срање
И ги молам севишните божји небеси
Да ме спасат од тешково ментално ебање

И постојано повторувам дека цефка фали
Бидејки сево ова само кон тоа води
Од опаснава концентрација на тешки будали
Само цефката може да не’ ослободи

Евреино, ватикан и големата ложа на Елизабета
Си го фураат филмо и баш кур ги боли
Македонија за нив е многу лесна и ефтина мета
Испран ум задоен со тешки дроги и алкохоли

Затоа ѕверот во мене за цефка гласно вришти
Длабоко во срцево го чувствувам неговиот студ
Сака шпионите и непријателите да ги поништи
А јас знам колку е опасен титовиот преки суд

Одамна пишував дека сме поделени
Уште на нозе не кренати
Тукушто покакани пелени
Од меѓу нозе не сменати
  
И сега предвидувањето ми се остварува
И сега во мене беснее мојот ѕвер
О Господе, зошто овде глупоста царува
Навистина Господе НЕ Е ФЕР!!!

Дај поможи, клај тро рака
Не се педери сега и ТИ
Вервај ме ќе си пукнам од мака
Ако ми се остварат најмрачните сни

Постојано повторувам – не ме клавај во искушение
Добро знајш дека некому ќе му пуштам крв
Свесен дека потоа за душава моја ќе нема утешение
Тој што сега е последен утре ќе биде прв

Те молам Господе слушни ја молитвава моја
Не дозволи на искушенијата да паднам
Еве пред Тебе отворен ко небо стојам
Спаси ја од гревот оваа душа страдна

Бидејки ако во Македонија пушка пукни
Јас не верувам дека ќе останам по страна
И кога судниот час во срцево ќе чукни
Ќе вришти по мене мајка ми Јана

17 Март, 2017-то лето Господово