Saturday, October 13, 2007

Политика

Се редат политички гарнитури
СДСМ Социјалисти Либерали
Досега изумреле доста култури
Нерон последната клечка ја пали

За една пичка падна Троја
Александро до Индија се шири
Лавовско срце во крвава боја
Британски племиња мири

Зарем и ти Бруте сине
Јулие Цезар крикна
Горе на тронот често се гине
Крв во млазеви шикна

Ослепени чекорат цврсто
Царот Самоил ги чека
Некои гинат горе на крсто
Некои прегазени во Мека

Кај си Стаљине камарад
Тито од тебе да учи
Нема да дозволи лавот млад
Ништо случајно да се случи

Орвелова 84-та одамна мина
А всушност допрва следи
На Тјен Ан Мен крвареше Кина
Животот човечки малку вреди

Битно е на врвот да се стигне
Најчесто преку човечки черепи
Битно е до Бога да се дигне
Секој еден од водачите слепи

Власта многу високо се цени
Слатака е диригентската палица
Најчесто ја држат кретени
Во сала со изгасната сијалица

И во мракот мафтаат од тронот
А масата глупа кротко ги прати
Си го оствариле батината сонот
Леб игри и крв народе нати

19.7.95

1 comment:

Angela said...

Golema lutina ima vo pesnava.