Човекот во мене го деструирам
Со големи количества енергија негативна
А потоа не мом да се смирам
Потоа не мом да здивнам
Го изделија човекот злите без вера
Го убија национално несозреаните
Го носев во себе до вчера
В диско в кино по меаните
И играв со него во различен ритам
И пеев со него прекрасни песни
А денес бесцелно по улици скитам
Во друштво на пе-чес кучиња бесни
5.8.93
No comments:
Post a Comment