Friday, October 5, 2007

Оди си фикцијо

Плати влез за двајца а си отиде сама
Отсонува сон со мене на кратко
Беше ранета курва и смрзната дама
А јас ти бев син брат маж љубовник татко

Оди си оди си од моево срце од мојава глава
Ти мисло ти емоцијо ти фикцијо
Оди си и вечна ти памет и вечна ти слава
Убавино гробницо вештицо змијо

Оди си и кога повторно ќе се раниш
Со нечија туѓа ѕверска агресија
Пак дојди од срцево мое да се нахраниш
Со љубов со милост со добрина на вересија

Дојди јас никогаш нема да ти наплатам
Јас секогаш со радост ќе те примам
Кога ќе бидеш тажна јас ќе те сфатам
Топла рака за тебе јас секогаш ќе имам

А сега сега оди си од сонов мој и чувај се
Иде зима време студено
И ако најдеш ронка љубов радувај се
Само таа ќе те чува в’ова време полудено

3.10.97

No comments: