Повикајте ме јас сум луд
Повикајте ме во јуриш во бој
Повикајте ме на работа на труд
Јас сум припадник на чуден сој
Повикајте ме во жив пламен
Повикајте ме на гозба на пир
Повикајте го духот мој осамен
На вечна борба и вечен мир
Чекам тука мирно просто
Чекам да помине и последниот воз
Јас сум тука покрај мосто
Расплакан очаен крвав и бос
И секој ваш поглед ме боли
Не ви верувам повеќе на збор
Нема да дозволам некој да коли
Мое семејство во мој двор
Еве се нудам себеси на дар
Пред олтарот на Црната Дама
Нема да има некој голем ќар
Јас сум ушеден пес од слама
9.12.92
No comments:
Post a Comment