Потполно погрешни книги читате
И со многу погрешни луѓе се дружите
По остварувањето на погрешни цели итате
И на крајот ќе го добиете она што ќе го заслужите
Страшно погрешна политика водите
И погрешни содржини предавате
Од глупоста своја не знаете како да се ослободите
И во трката погрешни коњи јавате
И погрешни жени љубите
На погрешен начин и во погрешен стил
Играте игри во кои знаете дека ќе изгубите
Го коцкате животот со погрешен шпил
За она што го правите ич немате вкус
Вие сте деструктивни и отровни
Работата ја оплескавте дибидус
Ќе бидете разложени на елементи основни
И во нешто друго ќе бидете претопени
Репродуктивните способности ќе ви бидат одземени
Со еден збор ќе бидете скопени
Оглувени ослепени онемени
Вашата судбина запечатена ќе биде
Еднаш засекогаш за вјек и вјеков
Порака за оној што по вас иде
Опомена за подмладокот нов
25.9.97
No comments:
Post a Comment