Сеќавањето повторно назад ме враќа
На старите квазикомунистички содржини
Желудецот гледам се токми да повраќа
Се надевам дека и ова ќе помини
Повторно помпезни испраќања-пречекувања
И празни говори, плунка во микрофонот
Нови чекори со стари потклекнувања
Одамна испаднати од фазнот
Deja vu е ова што сега ми го прават
Оние надвор и овие внатре, тука
Повторно со исти глупости ме дават
Пак врз човекот безочно се плука
Ова што ми се случува не е во мода
Бели кошули и фрази излитени
Ми плакнат очи со жива сода
Старите мечки со закон заштитени
Ставени се повторно во истата рамка
Слики нови на лажни патриоти
Врз чаршавот на историјата крвава дамка
Своерачен потпис на моќните идиоти
Батериите веќе одамна ми се празни
И здравјето престанува да ме служи
Се надевам дека Госпо ќе ги казни
Судбината на плеќи ќе ги спружи
24.12.92
No comments:
Post a Comment