Saturday, October 13, 2007

Чекање

Времето стои со векови со денови со часови
Стои и го чека Господарот да го навие
Слушам се шират многу лоши гласови
Некој народов сака во црно да го завие

А времето стои и во место тапка
Калдрмата не е единствен жив сведок
И секое вирче во секоја длапка
Сведочи за животот на секој мој предок

На таванот меѓу безброј црвјосани греди
Го најдов ќитапо на ефендијата
Таму пишува дека времето пари вреди
Таму во пајажините во правот под ќерпијата

Времето упорно стои и мене ме чека
А јас ко спулаен акам по бестатијата
Често се движам внимателно пополека
Често дозволувам да ме носи стихијата

Дали времето и просторот имаат свој крај
Или сево ова е игра на енергијата и материјата
Дали во темнината се крие сончевиот сјај
Или лично треба да ја вклучам батеријата

Дали озбилноста зад хуморот се крие
Дали сево ова на глупоста моја е творба
Може ли змијата од отровот свој да пие
И дали животот е хомеостатска борба

А времето времето стои место да се движи
И со показалецот ми го покажува пато
А јас затуткан во своите проблеми и грижи
Чекорам и прашвам - колку е сато?

21.4.94

No comments: