Запчаниците на крвожедната мегамашина
Непрестано неуроните ми ги мелат
Една по една синапса ми кинат
Целината на парчиња ми ја делат
Оваа машина духот го дроби
А телото го остава да венее и да се суши
Со мене долго се вршени проби
Човекот во мене да се задуши
Триесетина години умот ми го хранат
Со купишта монтирани информации
И сеуште се обидуваат да го одбранат
Системот на душевни девијации
Последиците уште долго ќе траат
Од пeтдецениската духовна девалвација
Тие повторно што прават знаат
Ја ништат сопствената нација
Тие се творци на оваа државна машина
Тие повторно за власт се борат
Не дозволуваат врз системот да падне прашина
За да опстане истиот се’ ќе сторат
Јас ја набљудувам трката бесна
Без перде се убива се граба се кради
Изумира и последната единка чесна
Расипани се сите и стари и млади
Ако постои Бог, ако навистина го има
Се надевам дека ќе се обиди нешто да смени
Бидејки ништо не се Нагасаки и Хирошима
Во однос на овие деструктивни кретени
No comments:
Post a Comment