Saturday, October 13, 2007

Параноја

Болката ми ја контролираат
Државните подли апсанџии
Диктаторите сеуште диктираат
Со палката на моќните јабанџии

Можат да ме згазат ко тревка
Лесно да ме проголта темнината
Сеедно ионака мојта душа кревка
Од аждерот лаком е раскината

Чувствувам дека иднината ми е избришана
Чувствувам дека се убиени моите идеали
Чувствувам дека вољата ми е разнишана
Од моќта на вечните дворски будали

11.9.93

No comments: