Friday, October 5, 2007

Там - там

Бијат тапаните во ист ритам
Пчелите околу лажни матици се ројат
И додека единствено гешталт читам
Раните отворени и натаму гнојат

Во ист ритам бијат тапаните
А јас од сабајле пишувам ко луд
И гледам како стопаните
Со простиот плебс чинат блуд

Тапаните во ист ритам бијат
И распнат шатор и штрајк со глад
Крокодилите крокодилски солзи лијат
За душата на пленот млад

Бијат тапаните во ритам ист
А камбаните бијат за мртвите
Владеат потомците на антихрист
Никој не го знае бројот на жртвите

Бијат во ист ритем нивните тапани
Ѕверот од длабочините го повикуваат
Ко жртви му ги принесуваат убавиците заспани
Поглавиците и врачевите на церемонијата ликуваат

Во ритам ист тапаните бијат
Јас сум свесен - испраќаат пораки воени
Лидерите совреме челадта ќе си ја скријат
Ќе гинат оние со глупост задоени

10.3.97

No comments: